„Џенезис“ се враќа во Америка на прва турнеја по 14 години


САД – Англиската рок-група Genesis се враќа во САД на нивната прва турнеја по 14 години. Фил Колинс, Тони Бенкс и Мајк Радерфорд ја објавија турнејата The Last Domino?  вчера, која ќе започне во Чикаго на 15 ноември. Турнејата со 14 датуми ќе ги посети и Вашингтон, Шарлот, Монтреал, Торонто, Бафало, Детроит, Кливленд и Филаделфија. […]

Правосилна пресуда за Ратко Младиќ на 8 јуни


Холандија – Второстепената пресуда во постапката против поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ ќе биде соопштена на 8 јуни, одлучи Хашкиот трибунал. Пресудата по жалбите ќе биде соопштена во 15 часот по локално време, се наведува во одлуката, потпишана од судијката Приска Матимба Нијамбе. Жалбениот совет побара од учесниците во постапката до 25 […]

Турција ја одобри руската вакцина Спутник V


Турција – Турција издаде дозвола за итна употреба на руската вакцина Спутник V против коронавирусот, соопшти денеска турската Агенција за лекови и медицински производи. Турскиот министер за здравство Фахретин Коча претходно оваа недела изјави дека земјата потпишала договор за набавка на 50 милиони дози од вакцината Спутник V. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска истакна […]

Коронавирус: Зошто се умира најмногу на Балкан и во централна Европа?


Од Чешка, преку Словенија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија до Бугарија…таму е највисока смртноста од Ковид-19 по глава на жител. Причина е што малку луѓе можат да работат од дома и што довербата во власта е помала Ланската година поминуваа уште солидно, но оваа година, според статистиките, осум држави од Западен Балкан и централна Европа […]

Награди „Билборд 2021“: Д Викенд води со 16 номинации


САД– Поп-ѕвездата Д Викенд немаше среќа со Греми, но тој е водечки номиниран на музичките награди Билборд во 2021 година, каде што раперите Поп Смок и Juус ВРЛД заработија повеќе постхумни номинации, вклучително и најдобар изведувач, а омаловажениот кантри пејач Морган Вален доби шест номинации. Д Викенд го следат Поп Смок кој почина лани на […]

Били Ајлиш го промовира синглот „Your Power“ како најава за новиот албум (видео)


САД- Поп-ѕвездата Били Ајлиш ја промовира новата песна „Your Power“ како најава за новиот албум „Happier Than Ever“ кој ќе излезе во продажба на 30 јули. За песната чие видео е снимено во Семи Валеј, во Калифорнија, со вистинска анаконда, Ајлиш вели дека и е најомилена од сите досега. „Ова ми е омиленото нешто коешто […]

Продолжуваат археолошките истражувања на Скупи, едно од највредните наоѓалишта кај нас


Од 5 мај започнуваат активностите поврзани со тековно одржување и систематски археолошки истажувања на две локации од локалитетот Скупи, едно од најголемите и највредни археолошки наоѓалишта од римско и доцноантичкото време кај нас. Исто така, ќе почне и непосредната заштита/ конзервацијата на дел од движните археолошки наоди од Скупи. Овие проекти се предвидени во Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес од […]

На 102 години почина Ен Даглас, вдовицата на Кирк Даглас


САД– Почина Ен Даглас, сопругата на Кирк Даглас и продуцент позната по својата филантропска работа. Таа имаше 102 години. Семејството Даглас објави дека таа мирно починала во нејзиниот дом во Беверли Хилс вчера попладне. Нејзината смрт се случи околу една година по смртта на нејзиниот сопруг, кој почина во февруари 2020 година. Двојката беше во […]

Во Франција регистрирана индиската мутација на коронавирусот


Франција– Во Франција се откриени првите случаи на коронавирусот Б.1.617, мутација која е доминантна во Индија, соошти доцна синоќа француското Министерство за здравство. Првиот случај е пријавен кај жена која патувала во Индија и живее во југозападна Франција,. Други две лица од југоисточна Франција се заразени со мутиран вид на коронавирус, а Министерството соопшти дека […]

Во Прага протести против Земан


Чешка– Околу 10.000 Чеси вчера се собраа во Прага во знак на протест против чешкиот претседател Милош Земан, барајќи Сенатот, Горниот дом на чешкиот парламент, да го обвини за предавство. Според демонстрантите, Земан со последните коментари застанал на страната на Русија во врска со наводната вмешаност на шпиони од земјата во експлозија во складиште за муниција во […]

Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје


Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутринава во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Пратката со вакцини ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државава по празниците треба да стартува […]

Дипломатија на Балканот: Што е нон-пејпер и колку е важен


Документ кој нема наслов, датум, потпис или обврска за негово спроведување, а може сериозно да влијае на меѓународните односи, иако самото име вели дека не е хартија. Нон-пејпер е форма на дипломатска комуникација која стана многу важна затоа што може да иницира тешки проблеми без да му наштети на оној што ги иницира. – Неформалноста […]

Уапсени пет лица за киднапирањето на кучињата на Леди Гага


САД- Полицискиот оддел во Лос Анџелес уапси пет лица во врска со пукањето на шетачот на кучиња на Лејди Гага и последователната кражба на нејзините миленици. Едно од приведените лица е и жената која на крајот ги врати двата француски булдога во надеж дека ќе собере награда од 500 000 американски долари. „Ова беше дрско […]

Tетовско Теарце пример за соживот и подобрување на животот на село


Тетовско Теарце е место каде живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби и Роми, па таков повеќенационален е и составот на месната заедница која преку заедништво, соработка и помагање се обидува да ги подобри условите за живеење во ова место, а воедно и да ја унапредат меѓуетничката толеранција и соживотот. Сегашниот состав на месната заедница која функционира […]

Г.г. Стефан: Повикуваме на прифаќање на мерките, чување на здравјето, навремено примање лекови и вакцини и да се оддадеме и на постојана молитва


Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај, и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме. Оттаму Христовото Воскресение е нашата непоколеблива надеж, зашто „од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос Бог […]

Да се почитуваат мерките за време на празниците, да се избегнуваат затворени простории и групирања, апелираат надлежните


За време на претстојните празници прв приоритет е почитување на мерките. Пожелно е да се тргнеме од турканици, да држиме дистанца, а во храмовите задолжително да се носи заштитна маска. Инаку, сите досегашни напори ќе бидат залудни доколку се заборави опасноста од вирусот. Ова се дел од препораките кои вчера до граѓаните ги упатија премиерот […]

Велипеток, најтешкиот ден во годината


Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 […]

Очекувања, но не и гаранции за почеток на преговорите во јуни


Има очекувања и надежи, но не и гаранции дека Северна Македонија во јуни ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија, со оглед на моменталната состојба во Бугарија, по парламентарните избори и најавите во Софија за техничка влада. Македонската страна во повеќе наврати посочи дека и е потребен конкретен соговорник од бугарска страна за […]

Со пристигање на вакцините на „Синофарм“ од следната недела почнува масовна имунизација


Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм“, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви. Надлежните уверуваат дека процесот на имунизација се спроведува добро […]

Сончево и топло за велигденските и првомајските празници


Сончево и топло време ќе преовладува за време на претстојните велигденски и првомајски празници. Максималната температура наместа ќе достигне и до 30 степени. Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. […]