Концерт на дувачки квинтет „Филхармонија 5“ во Софија


Денес, од 18 часот,  ќе се оддржи концертот на дувачкиот квинтет „Филхармонија 5“ во Сала „Димитар Ненов”, Национална Музичка Академија „Панчо Владигеров“ во Софија.

Дувачкиот квинтет го сочинуваат: Елена Дојчиновска – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Ванчо Стојановски – фагот и Горан Јанев – хорна.

На програмата ќе бидат застапени дела од Ференц Фаркаш, Јозеф Хајдн, Марин Големинов, Љубомир Бранџолица и Игор Стравински.