Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ (видео)


Поп-ѕвездата Каролина Гочева на својата фејсбук страна, денес официјално ја објави новата песна „Идила“ како најава за новиот албум по три години од последниот, деветти студиски албум „Извор“. Новиот албум ќе биде достапен наесен.

Ова ново остварување на Каролина е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато.  За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, додека за кларинетот Исмаил Лумановски. „Идила“ и е прва од единаесетте песни  – преработки на едни од најубавите, македонски подзаборавени евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика , потпишани од некои од нашите најмаркантни автори како Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…