Почина Џералд Р. Молен, продуцент на „Шиндлеровата листа“ и „Паркот Јура“
Холивудскиот продуцент Џералд Р. Молен, кој соработуваше со Стивен Спилберг на некои од најпознатите филмски продукции, почина на 91-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави неговата правнука, Рејчел Лорејн Пулен, а беше објавена на 27 ноември.
Молен беше еден од клучните соработници на Стивен Спилберг и продуцент на филмовите „Шиндлерова листа“, „Паркот Јура“, „Хак“ и „Малцински извештај“.
Подоцна, тој стана еден од водечките луѓе на продуцентската куќа „Амблин Ентертејнмент“, каде што го надгледуваше создавањето на бројни филмски хитови, вклучувајќи ги „Флинстоунс“, „Каспер“ и „Твистер“.
Молен беше познат по долгогодишната соработка со Спилберг, но и по неговата важна улога во реализацијата на филмови што ја одбележаа холивудската кинематографија во деведесеттите години.
Неговата правнука се збогува со него со емотивна порака, нагласувајќи дека тој бил човек со голем карактер и интегритет, кој изградил исклучителна кариера во филмската индустрија од скромни почетоци.
Џералд Р. Молен е роден во Монтана во 1935 година. Зад себе оставил богата филмографија и значаен придонес во светската кинематографија.