Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа спогодба за винаријата во Франција. Нема детали
Лос Анџелес – Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа спогодба, со што завршија повеќегодишната тужба за француската винарија Шато Миравал, која се проценува на 164 милиони долари. Поранешните сопружници го информираа судот во среда дека ја повлекуваат тужбата, објави TMZ.
Винаријата е главна точка на спор за поранешната холивудска двојка со години, а несогласувањата околу сопственоста и управувањето доведоа до низа меѓусебни обвинувања.
Спорот започна во 2022 година. Пит ја тужеше Џоли во 2022 година, тврдејќи дека таа го продала својот дел од нивната заедничка винарија без негова согласност. Актерката ги отфрли неговите тврдења, инсистирајќи дека не ѝ е потребно негово одобрение за да го продаде сопствениот дел.
Спорот наскоро се прошири на односот на Пит со новите ко-сопственици на винаријата. Актерот тврдеше дека купувачот се обидувал да ја преземе контролата врз Миравал против негова волја, додека новите ко-сопственици го обвинија дека ги спречува да учествуваат во бизнисот.
Тие избегнаа судење
Судењето беше закажано за 2027 година, но тоа нема да се случи. По речиси пет години правни битки, поранешните сопружници успеаја да постигнат договор надвор од судот. Деталите од спогодбата, како и условите под кои Пит и Џоли се согласија да го прекинат спорот, сè уште не се познати.