Де Соуза: Треба да размислуваме за иднината на Европа за да одговориме на надежите на луѓето


Бугарија – Завршувајќи ја својата посета Бугарија претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, истакнат професор по право и политички науки и истражувач, вчера на најстариот бугарски универзитет „Свети Климент Охридски“ беше одликуван со почесната титула „Доктор Хонорис Кауза“, јави дописникот на МИА од Софија. Португалскиот претседател одржа и предавање на тема „Европа – перспектива за […]

Воспоставена соработка меѓу Министерството за одбрана и УГД


Министерството за одбрана и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип воспоставија соработка со која министерството му го додели на користење просторот во Домот на Армијата на Универзитетот. Соработката, како што информираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е во насока на поддршка и обезбедување услови за образување на студентите според европски стандарди. Во оваа соработка се вклучија […]

Од денеска директна авиолинија Скопје – Москва


Со пристигнување на авионот на „Нордвинд“ денеска попладне на Меѓународниот аеродром Скопје, и официјално ќе биде означено воспоставувањето на директната авиолинија Москва – Скопје. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне во 17 часот и 10 минути. Отворањето на директната авиолинија ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, […]

Се помалку ковид-пациенти во болниците, можно олеснување на рестрикциите


Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Венко […]

Пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза


Експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза денеска ќе биде пуштен во употреба.   Предвидено е да се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Андри Аранитаси.

„Недела на јапонски филм“ во Кинотека


Со проекцијата на филмот „Покажи ми го патот до станицата“ вечер во Кинотеката на Северна Македонија ќе стартува  14. издание на „Недела на јапонски филм“ .Оваа година повторно, два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола. Првпат публиката ќе ужива во јапонските филмови „под ѕвездите“ на отворено во кината во […]

Сончево, топло и ветровито


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и […]

Федерер со победа над Чилиќ во третото коло на Ролан Гарос


Франција– Ветеранот Рожер Федерер успешно ја мина втората пречка на вториот грен слен во оваа календарска година Ролан Гарос.   По триумфот над Денис Истомин швајцарскиот ас славеше над Марин Чилиќ со 3-1 во сетови по нешто повеќе од два ипол часа игра на „Филип Шатрие“.  Федерер беше убедлив во првиот сет кој го реши […]

Новак Ѓоковиќ експресно до третото коло на Ролан Гарос


Франција– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја запиша 76-та победа на Ролан Гарос. Шампионот од 2016 година се пласираше во третото коло на Грандслем турнирот во Париз, откако во три сета славеше против Уругваецот Пабло Куевас со 6-3,6-2,6-4. Мечот на стадионот „Сузан Ленглен“ траеше вкупно 125 минути. Беше тоа лесна победа за Ѓоковиќ кој во мечот […]

МЗ: Започна вакцинација на хронично болни пациенти и со состојби кои се ризик за Ковид 19


Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19, на возраст  од 20  до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата, информира Министерството за здравство. Како што прецизираат од Министерството, опфатени се повеќе од […]

Уште една трагедија во македонскиот ракомет: Почина 20 годишниот Марко Божиновски


Македонскиот младински ракометен репрезентативец и член на прволигашот РК Бутел, Марко Божиновски, почина ненадејно на 20-гoдишшна возраст, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – Со неизмерна тага и неверување испраќаме последен поздрав за прераната смрт на македонскиот младински репрезентативец Марко Божиновски. Почивај во мир, сочувство до семејството, објави попладнево РФМ. Засега не е позната причината за […]

Прв случај на корона: Најдобрата машка двојка на светот исфрлена од Ролан Гарос


Париз– Најдобрата машка тениска двојка на светот, Хрватите Мате Павиќ и Никола Мектиќ, добија позитивни тестови на коронавирус и со тоа завршни нивниот настап на Ролан Гарос, пренесуваат светските медиуми. Павиќ и Мектиќ пристигнаа во Париз во одлична форма и беа меѓу фаворитите за освојувањето на титулата на вториот Грен слем турнир оваа сезоната. Хрватските […]

Од Катрин Денев до Шон Пен: Ѕвезди ќе шетаат годинава на Кроазета во Кан


Франција– Катрин Денев, Жак Одијард, Шон Пен се дел од големиот избор на Канскиот филмски фестивал. Покрај нив, тука се Јулија Дукурнау и Франсоа Озон со што тие ќе го предводат големиот француски контингент наспроти редовните жители на Кроазета, како што е Нани Морети. Американските sвезди ќе бидат поретки годинава на Азурниот брег поради Ковид. […]

Времето до сабота сончево, од недела врнежливо


Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 […]

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена најсовремена опрема


Комплетно се реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена е најсовремена опрема. Тие не беа реновирани повеќе од 60 години. На пуштањето во употреба на реконструираниот оддел за торакална хирургија присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство […]

Матеа Киселичка -добитничка на „МЕНАДА за млад уметник 2021“


Кореографката и танчерка Матеа Киселичка е добитничка на престижната награда „МЕНАДА за млад уметник 2021“, доделена од стручниот совет на Танц Фест Скопје, кое го сочинуваат долгогодишните соработници на фестивалот, Љупчо Јолевски, Билјана Илиќ Геровска и Билјана Несторовска. Наградата „МЕНАДА за млад уметник“ е престижна награда за годишни остварувања во областа на  танцовата уметност која […]

Зборник „Конески на 11 јазици“ : Стручен и културолошки предизвик


„Конески на 11 јазици“ е насловен зборникот подготвен на Првата зимска школа на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, која се одржа од 25 јануари до 5 февруари 2021 со 50-ина учесници од 15 земји. Изданието кое излегува во годината кога се слави еден век од […]

Филипче: Ако остане иста состојбата со Ковид-19 после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки


Нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој […]

Бугарија ќе донира 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на земјите од Западен Балкан


Бугарија – Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров рече дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија. -За жал, процедурата е многу тешка. […]

Награди „Кенеди“: Џоан Баез и Дик Ван Дајк меѓу лауреатите


САД- Центарот „Кенеди“ на свечена церемонија во Вашингтон на 6 јуни ќе им оддаде чест на кореографот и актерка Деби Ален, кантавторката и активист Џоан Баез, кантри ѕвездата Гарт Брукс, виолинистката Мидори и актерот Дик Ван Дајк. Достигнувањата на Центарот Кенеди се престижни награди за „животно уметничко достигнување“ кои обично се објавуваат во текот на […]