Тамара со концерти во Охрид и во Хераклеа под отворено небо


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска, најави два спектакуларни солистички концерти под отворено небо.

По големиот успех на Евровизија и година и пол без нејзините најдобри забави, конечно ќе ги пееме во живо „Proud”, „Тажна љубов, среќна песна”,„1003”, во Охрид и Хераклеа, со почитување на сите мерки против Ковид-19.

Концертот во Античкиот театар во Охрид е закажан за 29.07. 2021 со почеток од 22.00 часот.

Концертот во Античкиот театар Хераклеа е закажан за 01.08.2021 година со почеток од 21.30 часот.

Влезниците за двата концерти се пуштени во продажба од денеска, 5-ти јули, на следните места:

Скопје: Литература МК (Skopje City Mall, Буњаковец, Веро центар, улица Македонија, ГТЦ приземје, Ramstore mall), Универзална сала, бензинските на Макпетрол (Козле, Порта Влае, Илинденска), Југотон ГТЦ 1кат, Билетара на национална арена.
Велес: Унисон
Прилеп: ТА Бран
Куманово: Тобако АгораТетово: Гранд Тобако, Тобако Монако
Гостивар: Тобако Вона Пет
Охрид: ТА Вис Пој
Битола: Литература МК

Или онлајн, на следните линкови – ОХРИДХЕРАКЛЕА

Покрај двата концерти, Тамара најави дека наскоро ќе биде промовиран уште еден сингл, со наслов „Порок“.

 

 

 


  •