Концерт  ,,Младите доаѓаат“ во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија  Михајловска – пијано (VII одд., класа: проф. м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (II година, класа: проф. […]

Кан 2021: Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“


Франција– Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“ на 74. Кански филмски фестивал. Таа исто така ќе биде почесен гостин на свеченото отворање, на кое ќе ја прими наградата. Фестивалот годинава се одржува од 6-17 јули, наместо во мај, како и обично. „Златната палма“ ќе биде врачена на 17 јули. Почесната „Златна палма“ претходно […]

Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ (видео)


Поп-ѕвездата Каролина Гочева на својата фејсбук страна, денес официјално ја објави новата песна „Идила“ како најава за новиот албум по три години од последниот, деветти студиски албум „Извор“. Новиот албум ќе биде достапен наесен. Ова ново остварување на Каролина е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато.  За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, […]

Легендарната венчаница на принцезата Дајана изложена во палатата Кенсингтон


Англија – Светот може повторно да ја види венчаницата на принцезата Дајана во реалниот живот. Легендарниот фустан, кој Дајана го носеше кога се омажи за принцот Чарлс во 1981 година, официјално е изложен во палатата Кенсингтон, како дел од нејзината последна изложба „”Royal Style in the Making “. Иако презентацијата не беше отворена за јавноста […]

Вчера аплицирани 15.155 вакцини, вкупно вакцинирани 239.283 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 239.283 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Прва доза вакцина во текот на вчерашниот ден примиле 1.995 граѓани, а  вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 […]

Уште 2,4 милијарди долари собрани за Ковакс


Швајцарија– Десетици земји денеска ветија речиси 2,4 милијарди американски долари за финансирање на дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во рамките на програмата Ковакс за да ги направат подостапни за луѓето во посиромашните земји. Најавите за донации, што се движеа индивидуално од 2.500 американски долари од островската држава Маурициус, до десетици милиони долари и дози на вакцини […]

Нов нон-пејпер – Пет членки на ЕУ бараат поголема поддршка за Западен Балкан


БиХ – Четири земји од „Вишеградската група“ – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, како и Австрија, испратиле нов нон-пејпер до раководството на Европската унија, што се однесува на Западен Балкан. Повикувајќи се на дипломатски извори, сараевскиот портал Кликс објави дека документот не се занимава со прашањето на границите, но бара од Европската унија поголема поддршка за […]

Филипче се сретна со делегација од Вермонт, САД донираа 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со висока делегација од американската сојузна држава Вермонт, предводена од заменик-гувернерката Моли Греј и командантот на Националната гарда, генерал-мајор Грегори Најт, што престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата присуствуваше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На состанокот, министерот Филипче со заменик-гувернерката Греј, говореа за […]

Диор ја носи крузерската колекција на стадионот „Панетинаикон“ во Атина: Модните олимписки игри може да почнат


Франција/Грција-  Нека започнат модните олимписки игри. Француската луксузна модна куќа „Диор“ ќе ја претстави својата крузерска колекција дизајнирана од Марија Грација Кјури на 17 јуни во 21 часот на стадионот „ „Панетинаикон“ во Атина, Грција, кој беше домаќин на церемониите на отворање и затворање на првите современи Олимписки игри во 1896 година, изјавија од куќата […]

Immersium.eu – нова платформа за промоција на културното наследство со користење на нови технологии


Од 31 мај до 3 јуни претставници на седум партнери од пет држави, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Северна Македонија, учествуваат на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби со цел мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологии во промоција и дисеминација на богатото културно наследство. Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 од […]

Схинас: Бугарија, Романија и Хрватска се подготвени да влезат во Шенген зоната


Белгија – Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, јасно порача попладнево дека Европската Комисија смета дека Бугарија, Романија и Хрватска треба да станат членки на Шенген зоната, јави дописничката на МИА од Брисел. Одговарајќи на новинарско прашање, Схинас нагласи меѓутоа исто така дека крајната одлука им припаѓа на земјите членки на ЕУ. -Проширувањето на Шенген кон […]

Почна постапката за доделување радиофрекфенции за 5Г


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ја стартуваше постапката за објава на тендер со којшто ќе додели одобренија за користење на радиофрекфенции за петтатата мобилна генерација 5Г.  Регулаторното тело објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење на радиофреквенции и отвори јавна расправа за објавениот број одобренија […]

Странски турист во Солун приклучен на апарати, во Грција влегол со негативен тест


Грција – Странски турист, кој во саботата пристигнал во Солун со негативен тест, од вчера е хоспитализиран и приклучен на апарати на Одделот за интензивна нега во солунска болница, откако ги игнорирал првите симптоми на Ковид-19 и му се влошила состојбата, јави дописничката на МИА од Атина. За конкретниот случај информираше директорот на Одделот за интензивна […]

Владата може да препорача, но не и да одлучи за цената на струјата, вели Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска изјави дека како Влада ќе препорачаат да нема зголемување на цената на струјата, но оти не можат да донесат таква одлука. – За зголемување на цената на струјата би требало да оставиме на Регулаторната комисија за енергетика. Ние како Влада работиме, слушаме […]

Граѓаните платиле 3,8 милиони евра казни за неносење маски во пандемијата


Над 3,8 милиони евра се слеале од џебот на граѓаните во државниот буџет за една година поради непочитување на мерката. Изречени се 194.117 казни   Граѓаните можат да здивнат – Владата ја потврди одлуката за укинување на носењето маски на отворено, откако бројот на новозаразени од Ковид-19 почна драстично да опаѓа. Но, се препорачува маска да се носи […]

„Денови на книгата“ во Рамстор мол


Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и Трговскиот центар Рамстор мол организираат „Денови на книгата“. Посетителите од денеска до недела во Рамстор мол ќе можат да купат книги од домашни и странски автори, стручна, научна и белетристичка литература, книги за деца и млади. На „Денови на книгата“ ќе учествуваат голем број македонски издавачки куќи и книжарници: Издавачки […]

„Пријави ја твојата песна” на конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ”


Фондацијата „Милан Младеновиќ” распиша конкурс за наградата што го носи името на легендарниот белградски и југословенски рок музичар и фронтмен на групата Екатарина Велика. Конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2021”, под слоганот „Пријави ја твојата песна” е отворен од 1-ви до 30-ти јуни годинава. Наградата „Милан Младеновиќ“ е основана со цел да ја поттикне музичката […]

Концерт на дувачки квинтет „Филхармонија 5“ во Софија


Денес, од 18 часот,  ќе се оддржи концертот на дувачкиот квинтет „Филхармонија 5“ во Сала „Димитар Ненов”, Национална Музичка Академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Дувачкиот квинтет го сочинуваат: Елена Дојчиновска – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Ванчо Стојановски – фагот и Горан Јанев – хорна. На програмата ќе бидат застапени дела од Ференц […]

СЗО ја одобри и кинеската вакцина „Синовак“ за итна употреба


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри кинеската вакцина „Синовак“ денеска за итна употреба. Ова е сигнал до националните регулатори дека и оваа втора кинеска вакцина е безбедна за употреба. Исто така, овој потег дава можност оваа вакцина да биде вклучена во програмата Ковакс, за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји. На почетокот на овој […]

Од мали принцези до кралици: 4 титули за македонски убавици во Дубаи


Во Дубаи, Обединети Арапски Емирати се одржаа изборите за LITTLE MISS & MISS TEEN PLANET 2021 и LITTLE MISS & MISS TEEN GALAXY 2021. На двата избори Македонија ја претставуваа 4 убавици и сите 4 освоија титули во своите возрасни категории. Миа Нецова, Ангела Атанасовска и Симона Петровска ги освоија вторите места, односно титули Прва […]