Почесна „Златна палма“ во Кан за Џоди Фостер : Нејзината аура уште зрачи


Франција- Само четири од 24-те филмови во конкуренција за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал годинава се во режија на жени. Статистички гледано, шансите дека некој ќе и се придружи на Џејн Кемпион како осамена  добитничка да освои Златна палма- се мали – и тоа за една година кога победникот на Венецискиот филмски фестивал „Номадленд“ […]

Извозот во првите пет месеци зголемен за 44,3 отсто, а увозот за 39,5


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021, изнесува 2 825 215 000 евра и бележи пораст од 44.3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај е 3 834 407 000, што е за 39.5 проценти […]

Проекција на концертот на Јосипа Лисац во Кинотека


Утре (8 јули) во Кинотеката на Република Северна Македонија, во летното кино „Мирно лето“, во 20.30 часот, со проекција на концертот „Јосипа Лисац from Croatia Records Studio“ – „…ту у мојој души станујеш…“, продолжува циклусот Концерти во Кинотека со Croatia Records, кои оваа национална установа ги реализира во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Croatia Records“. […]

Сончево и многу топло утре и задутре со температури околу 40 степени


Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Во петок и понатаму ќе биде многу топло, облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Нестабилно време на повеќе места ќе […]

Скарлет Jохансон го очекува своето второ дете


САД– Скарлет Jохансон е бремена и го очекува своето второ дете, а всушност, прво со сегашниот сопруг Колин Џост, кој е три години повозрасен од неа. Според наводите, глумицата поради бременоста поретко се појавуваше на промотивните настани за филмот „Црна вдовица“, којшто деновиве почнува да се прикажува во светските кина. Бременоста ѝ е во „поодмината […]

Современа музичка драма „Само глас“ со Ангеловска и Ристановски во МНТ


Во Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва на програмата на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одигра комуникациска современа музичка драма „Само глас“. Претставата е во продукција на МНТ, а автор е Нина Плавањац. Улогите се Таа, која ја исполнува Звездана Ангеловска и Тој – снимениот глас на Никола Ристановски. Балетан е Мирослав […]

МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни


По детектирањето на седум пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат, соопштија денеска од Министерството за здравство.   Според Министерството, вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта сојот […]

Македонската кинематографија на Канскиот фестивал, краткиот филм „Северен Пол“ премиерно на 16 јули


„Северен Пол” – најновиот краткометражен филм на Марија Апчевска, во продукција на „Кино око“ и поддржан од Агенцијата за филм, е во официјалната конкуренција на 74. Кански филмски фестивал кој се одржува од 6 до 17 јули. Светската премиера на нашиот филм ќе биде на 16 јули во 11 часот во салата „Дебиси“ во Кан. […]

Солистички рецитал на пијано дуото Аврамовска – Мариновски во  Софија


Во концертната сала на музејот „Борис Христов“ во Софија во Бугарија денеска ќе се одржи солистички рецитал на пијано дуото Аврамовска – Мариновски. На програмата на концертот се дела од Бетовен, Александар Јосифов, Шуберт, Сметана и Дворжак.  Дуото е основано од пијанистите Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски во 2015 година. Јасна Аврамовска живее во семејство на музичари, нејзиниот […]

Армани претстави нова колекција на Неделата на висока мода во Париз


Франција – Италијанскиот дизајнер Џорџио Армани претстави нова колекција на париската Недела на високата мода, којашто беше обележана со блескави модели во гламурозен стил. Пред ограничен број гости, моделите прошетаа низ просториите на Италијанската амбасада во Париз, покажувајќи ја линијата за есен – зима во којашто доминира облека во небесно-сини и сребрени нијанси, заедно со црни […]

Идеален спој на филм и мода : Почна 74. Кански фестивал (галерија)


Франција–Канскиот филмски фестивал, освен што важи за еден од најпрестижните настани во светот на филмаџиите, го држи првото место за најочекуван црвен килим на годината. Славните парадираат меѓу папараците и обожавателите во нивните гламурозни креации за време на целиот 11-дневен фестивал на француската ривиера. На вчерашното отворање на 74. издание на фестивалот, меѓу другите, се […]

Вкупно 15 лица на Мис Мексико биле заразени со коронавирус


Мексико– Најмалку 14 од 32 натпреварувачки на изборот за Мис Мексико, и уште едно лице, се заразени со коронавирус, соопштија здравствените власти во сојузната држава Чивава. Секретарот за здравство, Едуардо Фернандез Ерера за тамошните медиуми изјави дека сите учеснички на натпреварот, официјално, имале свој негативен корона-тест пред самиот настан кој се одржува во главниот град […]

Построги мерки за баровите и кафулињата во Грција


Грција– Од 8 јули сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата, местата за забава и слично, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Ериксен и лекарите специјални гости на финалето на ЕУРО2020


Франција – Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен и лекаритe кои го вратиja во живот фудбалерот откако неговото срце престана да чука за време на натпреварот против Финска, ќе бидат специјални гости на финалето на ЕУРО2020, соопшти денеска УЕФА. Носителот на играта на данската репрезентација колабираше на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген во завршните минути од првото полувреме во […]

Десетици млади заразени со Ковид-19 по забави во бич бар во Атина


Грција – Десетици случаи на Ковид-19 кај млади се регистрирани во Атина по забави организирани во познат бич бар, објавија грчките медиуми, кои пишуваат дека бројот на заразени е околу 100, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, младите кои присуствувале на забавите во изминатите дена, преку социјалните мрежи коментираат дека тие лично или […]

Дузина слонови ќе летаат од Англија до дивините на Кенија


Кенија– Стадо слонови ќе летаат со авион, од животински парк на југот од Велика Британија до Кенија каде што ќе бидат ослободени во дивината. Операцијата е претставена како „прва од ваков вид во светот“ од Фондацијата „Аспинал“. Фондацијата, чиј директор за комуникации е сопругата на премиерот Борис, Кери Џонсон, има намера следната година да пренесе […]

Јанша: Можен напредок со Северна Македонија и Албанија во октомври ако има договор


Белгија– Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, одржа прес – конференција по неговото обраќање пред европратениците во Стразбур денеска, и истакна дека можен е напредок во процесот на проширување со Скопје и Тирана во октомври доколку има согласност на земјите – членки, јави дописничката на МИА од Брисел. Словенечкиот премиер рече дека не ги разбира земјите […]

Фиренца го ограничи движењето на туристите навечер


Италија– Властите во Фиренца, Италија, одлучија да се забрани одење во популарните делови на градот од 21 до 6 часот наутро, со цел да се спречи пренатрупаноста за време на пандемијата. Ова правило нема да важи за посетителите и граѓаните кои ќе консумираат храна и пијалаци во некои од баровите и рестораните во овие делови […]

Нема колективен имунитет без вакцинирање на децата против Ковид-19


Германија – Колективен имунитет на Ковид-19 не може да биде постигнат без вакцинирање на децата и младите луѓе, предупреди денеска германското Здружение за имунолози. – Колективен имунитет се стекнува кога се заштитени од 60 до 70 проценти од граѓаните. Тоа значи дека вирусот не може да се размножува кај овие луѓе. Но, кај Ковид-19 е нешто […]

Јонските острови со најголем процент на вакцинирани во Грција


Грција – Со 47 отсто од жителите целосно вакцинирани и 55 проценти со примена прва доза, регионот на Јонските острови е прв меѓу 13-те периферии во Грција според имунизациската покриеност, јави дописничката на МИА од Атина. Според последните официјални податоци, најнизок е од одѕивот на граѓаните во централна Грција, 31 отсто се ревакцинирани, а 42 проценти […]