„Книга за Чинго“ на авторите Пандев и Димоски


Во издание на општина Охрид од печат излезе „Книга за Чинго“ , што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. Во ова капитално дело на 357 страници поместени се бројни прилози на еминентни имиња, научни трудови, есеи, записи, спомени, осврти и други жанрови низ кои се претставуваат вредностите на делата на Живко Чинго, еден […]

Били Портер + „Џими Чу“ = Унисекс колекција на чевли


САД– Секогаш кога наградуваниот актер и стилска ѕвезда Били Портер (51) ќе се појави на црвениот килим, секогаш изгледа сензационално. Се сеќавате на неговиот фустан на Оскарите од Кристијан Сириано, што рушеше рекорди по прегледи на Интернет? Или неговиот изглед како египетски бог на сонцето на Мет Гала во 2019?  И комплетирањето на неговите ансамбли […]

Македонската репрезентација комплетна на ЕУРО2020, Барди негативен на коронавирус


Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав ги продолжува завршните подготовки пред настапот на ЕУРО2020, откако играчот од средниот ред Енис Барди денеска доби негативен наод на тестирањето за Ковид-19. Барди поради позитивен тест на коронавирус беше во изолација од 26 мај и го пропушти досегашниот тек од подготовките, вклучувајќи ги и двата контролни натпревари во […]

Заев и Филипче на работна вечера со Ердоган


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска отпатува за Истанбул, каде што вечерва ќе има работна вечера со претседателот Ердоган. Заев и министерот за здравство Филипче беа пречекани од заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј. Се очекува да се разговара за повеќе области […]

Во Холандија отворени киносалите, музеите, театрите и рестораните


Холандија– Во Холандија, со олеснувањето на мерките, денеска се отворени киносалите, музеите, театрите и рестораните. Локалните медиуми објавија дека многу ресторани, каде што луѓето сега можат повторно да јадат во затворен простор, се во голема мерка резервирани, а влезниците за киносалите и театрите се распродадени, но бројот на посетители, сепак, е ограничен. На некои места, […]

Г7: Постигнавме историски договор за оданочување на технолошките гиганти


Англија– Министрите за финансии на Г7 денеска во Лондон постигнаа историски договор за оданочување на мултинационалните технолошки гиганти, објави британскиот министер за финансии Риши Сунак на Твитер. „ Пресреќен сум што можам да објавам дека денеска, по повеќегодишни дискусии, министрите за финансии на Г-7 постигнаа историски договор за реформа на глобалниот даночен систем“, напиша Сунак.   […]

„Гардијан“: Елиф Елмас – Македонскиот дијамант создаден во продавница за слатки


Веројатно 21-годишниот Елмас го чека долг пат пред да ги достигне височините на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но ова лето тој ќе има идеална сцена да ги покаже своите квалитети во конкуренција на европската елита, вели британскиот весник Англија- Две децении по воениот конфликт и меѓуетничките тензиите во земјата, македонската фудбалска репрезентација како никој порано ја обедини […]

Загребачки плесни ансамбл и домашни продукции на Танц Фест


Долг аплауз за „Меѓусвет“ на Рисимкин на синоќешниот 10-годишен јубилеј на Скопје танцовиот театар. Публиката со овации ја круниса прославата на една деценија љубов, страст, работа и борба за домашна современа танцова сцена која рамо до рамо стои до оние од светски ранг, се вели во соопштението на Танц фест. Традиционално за Танц Фест, синоќа […]

ЕУ: Милијарди за Турција и за Западен Балкан


Брисел со финансиски пакет, сака да ги приближи Турција и Западен Балкан до себе. За возврат, тие треба да ги задржат бегалците, пишува германскиот весник Тагесцајтунг „Турција, исто така, може да смета на финансиска помош од Брисел во иднина. Тоа би требало да ја приближи земјата кон ЕУ и да ја финансира турската помош по […]

Рашковски се враќа во куќен притвор, одлучи Апелацискиот суд Скопје


Апелацискиот суд Скопје денеска донел одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“. Од таму информираа дека оваа одлука од Апелација е испратена до Основниот кривичен суд во Скопје и се очекува мерката да биде спроведена. Вишото јавно обвинителство Скопје денеска предложи […]

Баздникин: Се надеваме дека новите пратки на „Спутник V“ ќе пристигнат во блиска иднина


Рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин попладнево соопшти дека очекува во блиска иднина да пристигнат нови пратки на вакцината „Спутник V“ во земјава. Како што нагласи тој, одговарајќи на новинарско прашање, руската страна строго се придржува до своите обврски и планира да обезбеди испорака на ваикцините во рокот утврден со договорот. -Распоредот за испорака не […]

Пристигна авионот на „Нордвинд“, отворена новата директна линија Скопје – Москва


Воздухоплов од типот Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта, попладнево во 16:50 часот пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје со што и официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје на која сообраќа руската авиокомпанија  „Нордвинд ерлаинс“. Летот траеше 3 часа и 25 минути. Засега директната линија ќе биде еднаш неделно, во […]

Евростат: Малта со највисока стапка на смртност кај новороденчињата


Белгија– Највисока стапка на смртност кај новороденчиња во ЕУ во 2019 година е регистрирана во Малта (6,7 смртни случаи на 1.000 живородени деца), Романија (5,8) и Бугарија (5,6). За разлика од нив, најнизок процент е регистриран во Естонија (1,6 смртни случаи), а потоа следуваат Словенија, Финска и Шведска (сите со по 2,1 смртни случаи на […]

Премиера на трејлерот за новиот македонски акциски серијал BLACK OPS


Во Скопје утревечер премиерно ќе биде прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена BLACK OPS. Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски). -Квалитетната актерска екипа, составена од David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој […]

Зелените покриви во јуни полни со културни настани


Зелените покриви во центарот на Скопје,  покрај тоа што придонесуваат за разладување и спуштање на жешките летни температури во градот, како и за намалување на загадувањето во воздухот, периодов стануваат дестинација за голем број различни културни настани. Овие зелени градини месецов ќе бидат исполнети со голем број културни содржини. Богатата и разновидна културна програма е […]

Оскаровката Кејт Винслет именувана за глобална амбасадорка на Лореал


Франција- Британската актерка Кејт Винслет е последната глобална амбасадорка именувана од козметичкиот гигант Лореал. „Кејт Винслет е вистинска икона – во филмот и како силна жена, моќен глас во нашата мисија во Лореал Париз. Со својот талент да ги воздигнува приказните за жените и да ги поддржува оние без глас, Кејт Винслет ја споделува нашата […]

На аукција облека и модни додатоци на Галијано од ерата во Диор


Франција– Француската аукциска куќа Корнет де Сен Кир нуди на продажба 500 предмети дизајнирани за време на ангажманот на Џон Галијано во Диор помеѓу 1996 и 2011 година. Близу 300 предмети доаѓаат од гардеробата на една Русинка која купила голем број на прет-а-порте облека и додатоци, почнувајќи со дебитантската колекција на Галијано за есента 1997 […]

„Мојот маж“: македонски брачни драми


Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ на читателите им ја претставува книгата „Мојот маж“ на македонската писателка Румена Бужаровска, која годинава се појави во германски превод, а во Македонија излезе во 2014 година Авторот Тилман Шпрекелсен во текстот под наслов „ А, како би било едноставно да го напуштите?” е импресиониран од наративната умешност на Бужаровска (на […]

„8 Часа љубов“ – прв пијано маратон на македонската музичка сцена


Првиот пијано маратон на македонската музичка сцена насловен „8 Часа љубов“ во продукција на Пијано Центре ќе се одржи в недела со учество на 13 пијанисти. Вратите од салонот на Пијано Центре во склоп на Национална Опера и Балет ќе бидат отворени за сите вљубеници во пијанизмот.   Како што најавуваат организаторите, настанот ќе започне […]

Свеченото отварање на 61. Охридско лето во знакот на големиот Чајковски


Повеќе од 500 уметници од 18 земји ќе бидат дел од магијата што уметноста ќе ги донесе на годинешното 61 издание на најреномираната и најголемата музичко- сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“. Врвни концерти со познати светски имиња, со приоритет на македонски уметници кои имаат светска слава, национални оркестри и театарски куќи. Спој на […]