Мостра почна со триумф: Девет минути стоечки овации за „Паралелни мајки“ на Алмодовар


Италија– „Паралелни мајки“ (Parallel Mothers) на Педро Алмодовар ги исправија присутните на Филмскиот фестивал во Венеција (најстариот во светот) синоќа во Сала Гранде, со што светската премиера за отворањето беше проследено со девет минути овации. Филмот, кој ја следи комплицираната врска на две жени (Пенелопе Круз и новодојдената Милена Смит), кои се среќаваат во болничка […]

Меркел на 14 септември во Тирана на средба со лидерите на Западен Балкан


Албанија – Германската канцеларка Ангела Меркел на 14 септември ќе допатува во неколкучасовна посета на Тирана. Цел на посетата е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година, јави дописничката на МИА од Тирана. – Заедно со премиерот Еди Рама, во Тирана, Меркел ќе седне на иста маса со лидерите на другите […]

Пожар во зграда во Аеродром, експлодирале и две плински боци


Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври“ во Аеродром. Причината за пожарот уште е непозната, но по негово настанување, експлодирале и две плински боци.   Како што информира за МИА, командир на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, со настанување на пожарот, граѓаните пријавиле и силна експлозија, по што […]

“Браќа Манаки“ со хибридно издание, Бергер, Кончаловски и Северџан -лауреати


Годинешниов 42. Интернационален фестивал на филмска камера “Браќа Манаки“ ќе има скратено хибридно издание кое ќе се одржува од 16 до 21 септември во Битола под мотото “Покрај се“ и во знакот на протоколите за заштита од Ковид-19. Според директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски, кој на оваа функција е од мај годинава, на 42. […]

Британец им остави наследство на вработените во oмилениот турски хотел


Турција – Британец им остави значителен дел од своето наследство на вработените во хотел во турското одморалиште Кушадаси, каде што вообичаено го минувал летниот одмор, пишува „Хуриет дејли њуз“. Имено, Чарли Џорџ Кортни престојувал во хотелот „Ташкен Даштан“ во популарното летувалиште во Егејското Море од 1990 година, и таму бил вкупно 52 пати. Човекот починал пред […]

Наоми Кембел искрена: Зошто избрав кариера пред сродна душа


САД– Станува искрена за рамнотежата помеѓу работата и животот. Супермоделот Наоми кембел (51) го краси новиот специјален број на The Cut и отворено зборува за жртвување на својот љубовен живот за брзиот начин на живеење на модната икона. „Би рекол дека жртвата навистина ја пронаоѓа сродната душа што ќе ве разбере“, рече Кембел за изборот. […]

Арсовски: Се е подготвено за почеток на пописот


Се е подготвено за почеток на пописот којшто треба да почне во недела на 5 септември, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски. На редовната прес-конференција во Владата, Арсовски соопшти дека во сите комисии на 50-те пописни реони се завршени обуките на реонски инструктори и реонските попишувачи. – Во деновите до недела, кога во 8 часот […]

Од корона почина и 15-годишно девојче


Короната зема жртви и кај најмладата популација – почина и 15-годишно девојче од тетовското село Селце. Министерството за здравство соопшти девојчето било донесено на Клиниката за инфективни болести со многу тешка клиничка слика, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Да биде ситуацијата […]

СЗО отвора центар за рано предупредување за пандемија


Швајцарија– Светската здравствена организација денеска во Берлин ќе отвори центар за рано предупредување за пандемија, со цел борба против идни евентуални пандемии. Новиот глобален центар на СЗО за пандемиски и епидемиски податоци (Hub for Pandemic and Epidemic Intelligence) „ќе ги собере партнерите од целиот свет за да соработуваат и ќе создадат податоци и алатки кои […]

Нова генерација ученици во дуално стручно образование по германски модел


Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ја поздравува четвртата генерација ученците кои се одлучија за дуално стручно образование по германски модел. -Ја поздравуваме четвртата генерација ученици кои се одлучија за дуално стручно образование по германски модел и кои ќе се посветат на четиригодишна едукација во новите образовни профили „Техничар за индустриска мехатроника“ и „Техничар […]

Државниот обвинител Јовески во посета на Касациониот суд во Турција​


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во следните неколку дена ќе учествува на отворање на Судската година во Република Турција. Традиционалната прослава на која по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча учествува делегацијата од македонското обвинителство, се одржува повеќе од 150 години во Турција. Годинава е во знак на отворање на […]

Заев на билатерални средби со дел од учесниците на Бледскиот стратешки форум


Премиерот Заев го започна учеството на Бледскиот стратешки форум посветен на иднината на Европа Претседател на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“. Премиерот Заев во Блед беше пречекан од претседателот на Владата на Република Словенија Јанез Јанша, […]

„Баленсијага“ ја дизајнираше новата колекција облека на Кање Вест во чест на новиот албум


САД– Американскиот рапер Кање Вест на својата интернет-страница објави колекција по повод објавувањето на албумот „Donda“. Со натпис на одредени парчиња облека, тој ја објави и својата следна кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави. Имено, новата колекција дизајнирана од модната куќа „Баленсијага“, содржи и маичка на која пишува „2024 година“, маица со фотографија од […]

Премиерлигашките екипи летово потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери


Англија– Англиските фудбалски клубови потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери во текот на летниот преоден рок, што е за 11 отсто помалку во споредба со минатото лето кога премиерлигашите издвоија 200 милиони фунти повеќе. Според податоците на ревизорската куќа „Дилојт“, тоа е најниска колективна потрошувачка од страна на екипите од Премиер лигата од 2015 година, а, […]

Мицотакис со Пахор и Јанша разговарал за европската перспектива на Балканот


Грција– Европската перспектива на балканските земји, како и претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан на 6 октомври, биле дел од темите за кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал вчера со неговиот словенечки колега Јанез Јанша и утрово со претседателот на Словенија Борут Пахор  на средбите на маргините на „Bled Strategic Forum 2021“, јави дописничката на МИА […]

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023


Швајцарија– Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги избра Полска и Шведска за домаќини на Светското првенство во 2023 година во машка конкуренција. Шведски домаќини на Мундијалот што ќе се игра од 11 до 29 јануари 2023 година се очекува да бидат Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристанштад и Јоншепинг, додека градовите домаќини во Полска ќе бидат одредени оваа есен. Финалето треба да се одржи во Стокхолм […]

Бритни Спирс тврди дека татко ѝ се обидува да изнуди два милиони долари од неа


САД– Бритни Спирс тврди дека нејзиниот татко, Џејмс Спирс се обидува да добие два милиони долари од неа, пред да се повлече од посебниот надзор над неа. Според „Мирор“, пејачката го потврдила ова во новите правни документи. Имено, Бритни посочува дека нејзиниот татко претходно признал дека за него би било најдобро да се повлече како нејзин […]

Ѓоковиќ со загубен сет го мина првото коло на УС Опен


САД – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен, совладувајќи го на стартот Данецот Холгер Руме со 6-1, 6-7,6-2, 6-1. Првата пречка на грен-слем турнирот во Њујорк најдобриот светски тенисер ја мина за два часа и 15 минути. Ѓоковиќ нема загубено во прво коло на грен-слем турнирите уште 2006 година и настапот на Австралија Опен. Негов следен противник […]

Пенелопе Круз прошета во Венеција во костим на Шанел и спортска маичка


Италија– Пенелопе Круз му дава кежуал шмек на класичниот костим на Шанел искомбиниран со едноставна маичка. Актерката пристигна во Венеција  за Филмскиот фестивал кој се отвара вечерва и ќе трае до 7 септември. Шпионскиот филм „Мрежа за оси“ во кој што глуми е во трката за „Златниот лав“ заедно со уште 20 филмови. Во Венеција […]

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП


Полска – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 18 часот против кодомаќинот Финска во Тампере го започнува својот настап на Европското првенство. Во своето второ учество на континенталните собири, „црвено – жолтите“ по втор пат во премиерниот натпревар ќе играат против финските одбојкари, кои на ЕП 2019 во неизвесен дуел победија со 3:1. – (Финска) не е […]