Од корона почина и 15-годишно девојче


Фото: Б. Грданоски

Короната зема жртви и кај најмладата популација – почина и 15-годишно девојче од тетовското село Селце. Министерството за здравство соопшти девојчето било донесено на Клиниката за инфективни болести со многу тешка клиничка слика, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Да биде ситуацијата уште потрагична од корона починала и нејзината мајка.

Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас, наведува Министерството и изрази жалење за починатата пациентка.