Државниот обвинител Јовески во посета на Касациониот суд во Турција​


Фото: Б. Грданоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во следните неколку дена ќе учествува на отворање на Судската година во Република Турција. Традиционалната прослава на која по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча учествува делегацијата од македонското обвинителство, се одржува повеќе од 150 години во Турција. Годинава е во знак на отворање на нови простории на највисокиот суд во Труција, кои се со вкупна површина од 422.000 метри квадратни.

На отворањето на Судската година и новиот објект на Касациониот суд денеска ќе се обрати претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

Во рамки на меѓународниот настан, утре ќе биде одржан и  Меѓународен симпозиум за ефикасност на Високи апелациони судови.  На симпозиумот ќе бидат споделени уникатните знаења и искуства од државите во Европа. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија пред присутните ќе се осврне на улогата на јавниот обвинител во жалбената постапка.

Во текот на посетата во Република Турција, државниот јавен обвинител ќе оствари билатерални средби со претседателот на највисокиот суд во Турција, Мехмед Акарча и со Генералниот обвинител на Република Турција, Бекир Шахин.