Пенелопе Круз прошета во Венеција во костим на Шанел и спортска маичка


Италија– Пенелопе Круз му дава кежуал шмек на класичниот костим на Шанел искомбиниран со едноставна маичка.

Актерката пристигна во Венеција  за Филмскиот фестивал кој се отвара вечерва и ќе трае до 7 септември. Шпионскиот филм „Мрежа за оси“ во кој што глуми е во трката за „Златниот лав“ заедно со уште 20 филмови. Во Венеција беше забележана со режисерот Педро Алмодовар , а внимание привлече и изборот на гардеробата-костим од твид на Шанел со памучна маица и  кусо здолниште. Облеката ја дополни со бела чанта, бели сандали „Шанел“ на висока потпетица и елегантни црни очила за сонце.

Суштинскиот стил на Круз се состои од модерни силуети кои понекогаш имаат трендовски печат. Таа е обожавателка на драматични фустани, структурирани јакни и редо ту веар облека од кожа.  

На црвените килими, Круз избира тоалети од брендови како Шанел, Ралф и Русо и Ателје Версаче. Круз е сакана од брендовите во модната индустрија и беше ангажирана од Шанел за кампањи. Таа, исто така, е вклучена во кампањи за брендови како Loewe, Carprisa и John Hardy Jewelry.