Дендиас на средби со Ердоган и Чавушоглу во Анкара


Грција– Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска во Анкара ќе биде примен од претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, а ќе се сретне и со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, јави дописничката на МИА од Атина. Средбата Чавушоглу – Дендиас беше најавена уште минатиот месец и закажана за 14 април, меѓутоа …

Дендиас на средби со Ердоган и Чавушоглу во Анкара Read More »

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан


САД– Висок турски суд денеска нареди ослободување на познатиот новинар и писател Ахмет Алтан, чие затворање во врска со неуспешниот обид за државен удар во 2016 година редовно го критикуваат организациите за човекови права. Турскиот касационен суд ја поништи пресудата за Алтан за повеќе од 10 години затвор „поради помагање на терористичка организација“, изречена во 2019 година и нареди негово ослободување, …

Турски суд нареди ослободување на новинарот Ахмет Алтан Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје  умерено облачно со слаб до умерен северен …

Променливо облачно со сончеви периоди Read More »

Во Катар се гради нов брод-хотел


ОАЕ– Нов еколошки пловечки хотел може да произведува сопствена електрична енергија, така што се врти додека гостите се опуштаат на него. Изумот е на Архитектонското студио „Хаири Атак“ (ХААДС). Структурата е целосно подвижна – може да се движи од едно место до друго и никогаш да не биде во постојана местоположба. Изградбата на овој брод-хотел …

Во Катар се гради нов брод-хотел Read More »

„Eazy Sleazy“: Мик Џегер и Дејв Грол објавија химна за по пандемијата


САД – Рокерите Мик Џегер и Дејвид Грол ги здружија силите и создадоа „пост-пандемиска химна“. Се работи за песна којашто се однесува на контроверзиите што ги среќаваме во ерата на Ковид-19, карантини, маски, Тик-ток, Зум и анти-вакцина движења. Песната се вика „Eazy Sleazy“ и синоќа е објавена на платформата „Јутјуб”. – Сакав да ја споделам …

„Eazy Sleazy“: Мик Џегер и Дејв Грол објавија химна за по пандемијата Read More »

Повик за млади кореографи за учество на годинашниот „Танц фест“


Интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје“ објави повик за млади кореографи (до 35 години) чии претстави може да учествуваат на годинашната фестивалска програма, која е предвидено да се одржува од 1 до 6 јуни на повеќе отворени сцени низ градот. Повикот е отворен до 27 април 2021 до 16 часот. Покрај изведбите во живо, фестивалот ќе може …

Повик за млади кореографи за учество на годинашниот „Танц фест“ Read More »

Онлајн-анкета на ИКОМОС Македонија по повод Светскиот ден на споменици и локалитети


„Комплексно минато: разновидна иднина“ е тема на годинашното одбележување  на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април, одредена од Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС). Целта на темата годинава е да се иницира дискусија и критичко испитување на минатото преку зачувувањето на културното наследство, поттикнувајќи негово согледување и презентирање од различни гледишта …

Онлајн-анкета на ИКОМОС Македонија по повод Светскиот ден на споменици и локалитети Read More »

Во Галерија МКЦ се отвора групна „Изложба“


Во Галерија МКЦ денеска во 17 часот ќе биде отворена групна изложба со едноставен наслов „Изложба“, на која ќе бидат претставени дела од  младите графичари Ана Трајковска, Душан Стефановски, Ивана Секулоска и Јован Јосифовски. Младинскиот културен центар во најавата за изложбата наведува дека авторите преку индивидуалните експериментирања со графичкиот печат и неговото втиснување во и …

Во Галерија МКЦ се отвора групна „Изложба“ Read More »

Европските пари ќе се наменат за здравството во Чешка, а не за спортската инфраструктура


Чешка– По критиките од регионалните лидери, чешката Влада ја поништи одлуката за поддршка на локалните спортски клубови со пари од инструментот за итни случаи РЕАКТ-ЕУ. Наместо тоа, најголемиот дел од парите ќе бидат наменети за здравствениот систем, објави Еурактив Чешка. Програмата РЕАКТ-ЕУ од 47,5 милијарди евра е создадена како дел од ЕУ пакетот за закрепнување …

Европските пари ќе се наменат за здравството во Чешка, а не за спортската инфраструктура Read More »

„Вселенска одисеја 2001“ прогласен за најдобар филм за Вселената


САД Филмската интернет-страна „ФАН“ објави листа од најдобрите филмови за Вселената во чест на Денот на космонаутиката. Според нив, на врвот е класиката „Вселенска одисеја 2001“ (1968 г.) на режисерот Стенли Кјубрик. „Дури и ако никогаш не сте го погледнале овој филм, веројатно ви се познати сликите од него: суперинтелигентниот компјутер ’ХАЛ 9000‘ со црвено …

„Вселенска одисеја 2001“ прогласен за најдобар филм за Вселената Read More »

Сенатот ја потврди номинацијата на Шермен за заменик државен секретар на САД


САД– Американскиот сенат ја потврди номинацијата на американскиот претседател Џо Бајден за Венди Рут Шермен да ја преземе функцијата заменик државен секретар на САД. Со гласовите на неколку републикански сенатори, номинацијата на Шермен (71) беше потврдена со 56 гласа „за“ и 42 „против“. Венди Шермен е ветеран во надворешната политика на САД, позната по својот …

Сенатот ја потврди номинацијата на Шермен за заменик државен секретар на САД Read More »

СЗО: Над 4,5 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот за една недела


Швајцарија – Повеќе од 4,5 милиони нови случаи на инфекција со коронавирусот се пријавени низ светот за една недела, според неделниот епидемиолошки билтен на Светската здравствена организација (СЗО). Инциденцата се зголеми за 11 проценти во споредба со претходната недела. Повеќе од 76.000 луѓе починаа во изминатите седум дена, што претставува зголемување на смртноста за седум проценти. …

СЗО: Над 4,5 милиони нови случаи на Ковид-19 во светот за една недела Read More »

Драги Рашковски поднесе оставка на функцијата во Владата


Драги Рашковски во објава на Фејсбук изутринава напиша дека се повлекува од функција секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата на С. Македонија. Тој во објавата го сподели  писмото што го упатил до премиерот каде ги објаснува причините за, како што наведува, неотповикливото повлекување од функцијата. Споделеното писмо е …

Драги Рашковски поднесе оставка на функцијата во Владата Read More »

Вера Мештеровиќ се враќа во јавноста како водителка на утринска програма


Мис на Македонија за 1996 година, Вера Мештеровиќ (40) на Инстраграм се пофали дека започнува со сосема нов ангажман. Имено, Вера станува водителка и гледачите ќе имаат можност да ја гледаат секој ден на Утринската програма на Канал 5. Таа во статусот што го напиша им се заблагодари на поддршката на своите нови колешки.   …

Вера Мештеровиќ се враќа во јавноста како водителка на утринска програма Read More »

Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“


САД – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината  на „Џонсон и Џонсон“ против коронавирусот, поради случаи на појава на згрутчување на крвта. – И со привремен прекин на вакцинацијата со вакцината на „Џонсон и Џонсон“, постои огромна понуда на вакцини …

Бајден: Вакцинацијата во САД не е доведена во прашање по одлуката за „пауза“ на употребата на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ Read More »

Европа ја заслужува софата на Ердоган


Турчин со мустаќи, две позлатени столици со висок наслон за грб и кадифен тросед. Излезе дека ова е сè што е потребно за да се создаде трајно зближување на Европа. Карантинот за претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен од страна на турскиот лидер Реџеп Тајип Ердоган на софата во неговата сала за прием во …

Европа ја заслужува софата на Ердоган Read More »

Во Москва температурен рекорд за 140 години, измерени 21 степен


Русија – Во Москва во вторникот е постигнат апсолутен рекорд на температурата. Измерени се 21 степен Целзиусов. Ова е највисоката вредност за 140 години метеоролошки опсервации. Невообичаено топлото време за април ги изненади жителите на Москва. Претходниот рекорд беше поставен во 2008 година, кога беа забележани 20,4 степени. Денеска се очекува уште потопло време, со температура до 22-23 степени.

Шекеринска и Османи на видео состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО 


Министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи ќе учествуваат на видео состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој се поканети министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на НАТО, соопшти Министерството за одбрана. На состанокот ќе земат учество и американскиот државен секретар Ентони Блинкен како и …

Шекеринска и Османи на видео состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО  Read More »

Јапонија забрани најголемата нуклеарна централа во земјата да продолжи со работа


Јапонија – Јапонскиот нуклеарен регулатор одлучи да ја забрани работата на најголемата нуклеарна централа во земјата, поради сериозни безбедносни проблеми, објави Кјодо. На компанијата „Токио Електрик Пауер – ТЕПКО“ (Tokyo Electric Power – TEPCO) и е забрането да снабдува и напојува гориво во реакторите во АЕЦ „Кашивазаки-Карива“ во префектурата Ниигата. ТЕПКО официјално призна дека безбедноста на …

Јапонија забрани најголемата нуклеарна централа во земјата да продолжи со работа Read More »

Австрија подготвена за домаќин на евентуална средба Бајден-Путин


Австрија – Австрија е подготвена да биде домаќин на разговори на високо ниво, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. „Ако Русија и САД одлучат да одржат претседателски самит, тоа е за пофалба. Се разбира, Австрија е секогаш достапна за какви било преговори на високо ниво”, соопшти Министерството за надворешни работи во Виена. Во исто време, …

Австрија подготвена за домаќин на евентуална средба Бајден-Путин Read More »