Повик за млади кореографи за учество на годинашниот „Танц фест“


Фото: Б. Грданоски

Интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје“ објави повик за млади кореографи (до 35 години) чии претстави може да учествуваат на годинашната фестивалска програма, која е предвидено да се одржува од 1 до 6 јуни на повеќе отворени сцени низ градот. Повикот е отворен до 27 април 2021 до 16 часот.

Покрај изведбите во живо, фестивалот ќе може да се проследи онлајн. Веќе е потврдено учество на танцови компании од странство. „Танц фест Скопје“ соопшти дека продолжува со заложбата за создавање и промоција на современата танцова сцена кај нас, поддршка на млади автори и нивна афирмација во земјава и странство.

– И покрај пандемијата, фестивалот успеа минатата година да ја оствари својата програма во живо и да презентира петнаесетина кореографии на отворена сцена, со што придонесе во одржување на изведувачките уметности во центарот на вниманието. Дирекцијата на фестивалот сака и годинава да даде свој придонес со одржувањето на фестивалската програма и презентација на странски компании и уметници, но и презентација на македонски креативци, со што ќе им помогне на младите креативни сили да се изразат и опстојат во овие специфични услови во кои се наоѓаме, велат организаторите на фестивалот.

 „Танц фест Скопје“ се одржува 16 години. Во рамки на фестивалот се доделува и Наградата за исклучителни достигнувања во областа на танцот „Менада“, која досега ја добија доајени и основачи на македонскиот балет: како и светски признати имиња во танцовата уметност.