Прв случај на корона: Најдобрата машка двојка на светот исфрлена од Ролан Гарос


Париз– Најдобрата машка тениска двојка на светот, Хрватите Мате Павиќ и Никола Мектиќ, добија позитивни тестови на коронавирус и со тоа завршни нивниот настап на Ролан Гарос, пренесуваат светските медиуми. Павиќ и Мектиќ пристигнаа во Париз во одлична форма и беа меѓу фаворитите за освојувањето на титулата на вториот Грен слем турнир оваа сезоната. Хрватските …

Прв случај на корона: Најдобрата машка двојка на светот исфрлена од Ролан Гарос Read More »

Од Катрин Денев до Шон Пен: Ѕвезди ќе шетаат годинава на Кроазета во Кан


Франција– Катрин Денев, Жак Одијард, Шон Пен се дел од големиот избор на Канскиот филмски фестивал. Покрај нив, тука се Јулија Дукурнау и Франсоа Озон со што тие ќе го предводат големиот француски контингент наспроти редовните жители на Кроазета, како што е Нани Морети. Американските sвезди ќе бидат поретки годинава на Азурниот брег поради Ковид. …

Од Катрин Денев до Шон Пен: Ѕвезди ќе шетаат годинава на Кроазета во Кан Read More »

Времето до сабота сончево, од недела врнежливо


Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 …

Времето до сабота сончево, од недела врнежливо Read More »

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена најсовремена опрема


Комплетно се реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена е најсовремена опрема. Тие не беа реновирани повеќе од 60 години. На пуштањето во употреба на реконструираниот оддел за торакална хирургија присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство …

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена најсовремена опрема Read More »

Матеа Киселичка -добитничка на „МЕНАДА за млад уметник 2021“


Кореографката и танчерка Матеа Киселичка е добитничка на престижната награда „МЕНАДА за млад уметник 2021“, доделена од стручниот совет на Танц Фест Скопје, кое го сочинуваат долгогодишните соработници на фестивалот, Љупчо Јолевски, Билјана Илиќ Геровска и Билјана Несторовска. Наградата „МЕНАДА за млад уметник“ е престижна награда за годишни остварувања во областа на  танцовата уметност која …

Матеа Киселичка -добитничка на „МЕНАДА за млад уметник 2021“ Read More »

Зборник „Конески на 11 јазици“ : Стручен и културолошки предизвик


„Конески на 11 јазици“ е насловен зборникот подготвен на Првата зимска школа на  Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, која се одржа од 25 јануари до 5 февруари 2021 со 50-ина учесници од 15 земји. Изданието кое излегува во годината кога се слави еден век од …

Зборник „Конески на 11 јазици“ : Стручен и културолошки предизвик Read More »

Филипче: Ако остане иста состојбата со Ковид-19 после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки


Нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој …

Филипче: Ако остане иста состојбата со Ковид-19 после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки Read More »

Бугарија ќе донира 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на земјите од Западен Балкан


Бугарија – Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров рече дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија. -За жал, процедурата е многу тешка. …

Бугарија ќе донира 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на земјите од Западен Балкан Read More »

Награди „Кенеди“: Џоан Баез и Дик Ван Дајк меѓу лауреатите


САД- Центарот „Кенеди“ на свечена церемонија во Вашингтон на 6 јуни ќе им оддаде чест на кореографот и актерка Деби Ален, кантавторката и активист Џоан Баез, кантри ѕвездата Гарт Брукс, виолинистката Мидори и актерот Дик Ван Дајк. Достигнувањата на Центарот Кенеди се престижни награди за „животно уметничко достигнување“ кои обично се објавуваат во текот на …

Награди „Кенеди“: Џоан Баез и Дик Ван Дајк меѓу лауреатите Read More »

Концерт  ,,Младите доаѓаат“ во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија  Михајловска – пијано (VII одд., класа: проф. м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (II година, класа: проф. …

Концерт  ,,Младите доаѓаат“ во Филхармонија Read More »

Кан 2021: Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“


Франција– Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“ на 74. Кански филмски фестивал. Таа исто така ќе биде почесен гостин на свеченото отворање, на кое ќе ја прими наградата. Фестивалот годинава се одржува од 6-17 јули, наместо во мај, како и обично. „Златната палма“ ќе биде врачена на 17 јули. Почесната „Златна палма“ претходно …

Кан 2021: Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“ Read More »

Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ (видео)


Поп-ѕвездата Каролина Гочева на својата фејсбук страна, денес официјално ја објави новата песна „Идила“ како најава за новиот албум по три години од последниот, деветти студиски албум „Извор“. Новиот албум ќе биде достапен наесен. Ова ново остварување на Каролина е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато.  За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, …

Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ (видео) Read More »

Легендарната венчаница на принцезата Дајана изложена во палатата Кенсингтон


Англија – Светот може повторно да ја види венчаницата на принцезата Дајана во реалниот живот. Легендарниот фустан, кој Дајана го носеше кога се омажи за принцот Чарлс во 1981 година, официјално е изложен во палатата Кенсингтон, како дел од нејзината последна изложба „”Royal Style in the Making “. Иако презентацијата не беше отворена за јавноста …

Легендарната венчаница на принцезата Дајана изложена во палатата Кенсингтон Read More »

Вчера аплицирани 15.155 вакцини, вкупно вакцинирани 239.283 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 239.283 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Прва доза вакцина во текот на вчерашниот ден примиле 1.995 граѓани, а  вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 …

Вчера аплицирани 15.155 вакцини, вкупно вакцинирани 239.283 граѓани Read More »

Уште 2,4 милијарди долари собрани за Ковакс


Швајцарија– Десетици земји денеска ветија речиси 2,4 милијарди американски долари за финансирање на дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во рамките на програмата Ковакс за да ги направат подостапни за луѓето во посиромашните земји. Најавите за донации, што се движеа индивидуално од 2.500 американски долари од островската држава Маурициус, до десетици милиони долари и дози на вакцини …

Уште 2,4 милијарди долари собрани за Ковакс Read More »

Нов нон-пејпер – Пет членки на ЕУ бараат поголема поддршка за Западен Балкан


БиХ – Четири земји од „Вишеградската група“ – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, како и Австрија, испратиле нов нон-пејпер до раководството на Европската унија, што се однесува на Западен Балкан. Повикувајќи се на дипломатски извори, сараевскиот портал Кликс објави дека документот не се занимава со прашањето на границите, но бара од Европската унија поголема поддршка за …

Нов нон-пејпер – Пет членки на ЕУ бараат поголема поддршка за Западен Балкан Read More »

Филипче се сретна со делегација од Вермонт, САД донираа 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со висока делегација од американската сојузна држава Вермонт, предводена од заменик-гувернерката Моли Греј и командантот на Националната гарда, генерал-мајор Грегори Најт, што престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата присуствуваше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На состанокот, министерот Филипче со заменик-гувернерката Греј, говореа за …

Филипче се сретна со делегација од Вермонт, САД донираа 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација Read More »

Диор ја носи крузерската колекција на стадионот „Панетинаикон“ во Атина: Модните олимписки игри може да почнат


Франција/Грција-  Нека започнат модните олимписки игри. Француската луксузна модна куќа „Диор“ ќе ја претстави својата крузерска колекција дизајнирана од Марија Грација Кјури на 17 јуни во 21 часот на стадионот „ „Панетинаикон“ во Атина, Грција, кој беше домаќин на церемониите на отворање и затворање на првите современи Олимписки игри во 1896 година, изјавија од куќата …

Диор ја носи крузерската колекција на стадионот „Панетинаикон“ во Атина: Модните олимписки игри може да почнат Read More »

Immersium.eu – нова платформа за промоција на културното наследство со користење на нови технологии


Од 31 мај до 3 јуни претставници на седум партнери од пет држави, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Северна Македонија, учествуваат на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби со цел мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологии во промоција и дисеминација на богатото културно наследство. Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 од …

Immersium.eu – нова платформа за промоција на културното наследство со користење на нови технологии Read More »

Схинас: Бугарија, Романија и Хрватска се подготвени да влезат во Шенген зоната


Белгија – Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, јасно порача попладнево дека Европската Комисија смета дека Бугарија, Романија и Хрватска треба да станат членки на Шенген зоната, јави дописничката на МИА од Брисел. Одговарајќи на новинарско прашање, Схинас нагласи меѓутоа исто така дека крајната одлука им припаѓа на земјите членки на ЕУ. -Проширувањето на Шенген кон …

Схинас: Бугарија, Романија и Хрватска се подготвени да влезат во Шенген зоната Read More »