Награди „Кенеди“: Џоан Баез и Дик Ван Дајк меѓу лауреатите


САД- Центарот „Кенеди“ на свечена церемонија во Вашингтон на 6 јуни ќе им оддаде чест на кореографот и актерка Деби Ален, кантавторката и активист Џоан Баез, кантри ѕвездата Гарт Брукс, виолинистката Мидори и актерот Дик Ван Дајк.

Достигнувањата на Центарот Кенеди се престижни награди за „животно уметничко достигнување“ кои обично се објавуваат во текот на летото, а потоа се слават на раскошниот гала перформанс во декември, што подоцна се емитува на ТВ. Пандемијата ги укина овие планови за 2020 година и ќе влијае на свеченостите и оваа година. Центарот Кенеди вели дека 43-тата гала на почести ќе биде изменета за да се исполнат безбедносните протоколи со низа помали настани за намалена публика што ќе се одржат во текот на една недела, почнувајќи од 17 мај.

Повеќето американски претседатели присуствуваа на оваа церемонија и во минатото, но не е преседан и да не се појави претседателот. Така претседателот Трамп со сопругата Меланија ги пропуштиле церемониите за време на нивните мандати. Тоа им се случи и на Џими Картер и Бил Клинтон , но во нивните случаи присуствувале првите дами.

Деби Ален, била десет пати кореограф на Оскарите, а работела и на кореографиите на  уметници како Мајкл Џексон и Мараја Кери.

Во 60-тите години на минатиот век,Џоан Баез маршираше со д-р Мартин Лутер Кинг, помладиот за време на движењето за граѓански права и организиран отпор кон војната во Виетнам. Позната по тоа што вдахна нов живот во традиционалните народни балади со нејзиниот кристално чист вокал и што го претстави Боб Дилан на светот. 

Кантри-ѕвездата Гарт Брукс кој во март 2020 година, ја доби наградата Гершвин на Библиотеката на Конгресот за популарна песна во изјавата меѓу другото истакна  дека претседателот Кенеди е негов „херој од детството“. 

Виолинистката Мидори родена во Осака, Јапонија, имаше само 11 години кога диригентот Зубин Мехта ја покани да настапи со Њујоршката филхармонија на годишниот концерт на новогодишната ноќ на оркестарот. Оттогаш таа настапуваше со големи оркестри и водечки диригенти ширум светот.

95-годишниот Дик Ван Дајк  со завидна кариера во Холивуд вели, да се ​​приклучи  славната група  од нешто повеќе од 200 уметници кои добиле почести од Центарот  „е возбудата на неговиот живот“.

Гала-настанот на Центарот Кенеди ќе се емитуваат на 6 јуни, на ЦБС.