Големината XS повеќе не е идеален тип на тело во светот на модата, вели главниот уредник на британски „Вог“


Англија- Главниот уредник на британскиот Вог, Едвард Енинфул вели дека идејата дека луѓето од модната индустрија не јадат, не е точна. Говорејќи во епизодата на подкастот „River Cafe Table 4“, 49-годишниот моден магнат и кажа на готвачката и водителка Рути Роџерс дека индустријата станала поинклузивна. „Постои заблуда дека модните луѓе не јадат, но тоа не […]

Бебињата на мајките кои земале канабис може да бидат агресивни и хиперактивни


САД– Истражување што опфатило 322 бебиња и нивните мајки, објавено во „Зборникот“ на Националната академија на науките на САД, посочува дека сè поголем број бремени жени гледаат на канабисот како алтернатива за ублажување на гадењето и болките. Така, проучувањето на овој тренд е од витално значење, смета проф. Јасмин Л. Хард. Трудот е еден од […]

Град Скопје ќе додели парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа


Град Скопје ќе додели два милиона денари за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа пред два дена во Бугарија. На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите. – Градот Скопје уште […]

Black Deals во Фешн Груп: Купуваме повеќе парчиња, за многу помалку


Кој рече дека најдобрите попусти мора да се случат во петок? Fashion Group подготви супер понуди за своите клиенти, а во истите, можете да уживате веќе од овој четврток https://bit.ly/3r39JtE . Денот е како создаден за добар шопинг на сите оние парчиња во кои се вљубивте на прв поглед, но секогаш посакувавте истите да бидат […]

Во Фајзер украдени податоци за вакцината против Ковид-19


САД– Фајзер тужи долгогодишна вработена поради наводна кражба на „голем број“ доверливи документи, вклучувајќи и оние поврзани со вакцината против коронавирусот. Во тужбата поднесена во вторникот пред федералниот суд во Сан Диего, „Фајзер“ тврди дека станува збор за вработената Џун Ксијао Ли, која го прекршила нејзиниот договор за доверливост со префрлање на повеќе од 12.000 […]

Алтернатива утревечер ќе излезе со став дали ќе биде дел од владината коалиција


Алтернатива утревечер во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автбуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 патници. Членот на Алтернатива и пратеник Скендер Реџепи Зејд за МИА изјави дека утревечер членовите на Централното претседателсто треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на […]

Ограничувањето на одредени хранливи материи го продолжува животот


САД– Строгите диети кои го ограничуваат вносот на одредени хранливи материи го продолжуваат животот и ја намалуваат можноста за болести поврзани со возраста. Ова го посочува истражување спроведено на животни. Овој „ефект на подмладување“ може да се поттикне и со лекови, но сепак, досега нема клинички докажани диети или лекови против стареење, а научниците сè […]

Бекер: Не можам да замислам Ѓоковиќ да го пропушти Австралија опен


Австралија– Шесткратниот Грен слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ја коментираше можноста Србинот да не оди на Австралија опен поради неговиот став за вакцинацијата против коронавирус. – Не можам да замислам да го пропушти турнирот во Австралија. Премногу го сака спортот, премногу ја сака тениската историја. Тој сака да го освои својот […]

Оставката на Заев утре пред Централниот одбор на СДСМ


СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, кој поради тридневната жалост беше одложен, а на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев. Доколку се случи тоа, почнува постапката за избор на нов претседател на партијата.  Според статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори […]

Боно ја изненади ќерката на Џорџ Буш: Среќен роденден, Џена!


САД–  Џена Буш- Хајгер доби големо роденденско изненадувањеод фронтменот на U2, Боно, кој ја почести ко-водителката на Today со врвна прослава во Централ Парк пред денешниот 40-ти роденден . За време на едно интервју емитувано вчера, легендарниот музичар и активист ја изненади Хајгер кога ѝ предложи да одат на прошетка во Централ Парк. Кога двајцата […]

Хоспитализираните во „Пирогов“ се во стабилна состојба, еден денеска ќе биде опериран


Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот Струма се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска болницата „Пирогов“. Вчера беа оперирани двајца пациенти кои исто така се во добра општа состојба. Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. […]

Приватен истражувач му се извини на принцот Хари


САД – Гевин Бароуз, приватен истражувач задолжен за кралското семејство, му се извини на принцот Хари за неговото претходно однесување и нарушвањето на приватноста, во документарец на Би-би-си, наречен „Принцовите и печатот“. За да откријат приказни за Хари, тие ја следеле неговата тогашна девојка Челси Дејви, со која беа во врска шест години. – Бев дел од […]

Идентификацијата на жртвите ќе заврши за најмалку седум дена


Идентификацијата на 45-те загинати во завчерашната тешка сообраќајна несреќа ќе се прави откако ќе биде земен биолошки материјал од роднините на жртвите. Се очекува таа да трае најмалку седум дена и кога ќе заврши ќе биде организирано пренесување на нивните посмртни останки од Бугарија во земјава. На средба со надлежниот главен обвинител, министерот за надворешни […]

Германија надмина 100.000 смртни случаи од Ковид-19, регистриран нов дневен рекорд на новозаразени


Германија – Германија ја надмина бројката од 100.000 смртни случаи од Ковид-19 и објави рекордно високо ниво во бројот на новозаразени и бројки за инциденца од седум дена. Бројките од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ) објавени рано утрово покажуваат дека од почетокот на пандемијата во земјата починале 100.119 луѓе од или со Ковид-19. […]

САД со нетрпение очекува да соработува со новата германска влада


САД– САД соопштија дека со нетрпение очекуваат да соработуваат со претстојната германска влада откако коалицијата на левиот центар постигна договор. – Со нетрпение очекуваме да соработуваме со новата германска влада на нашите цели за ревитализација на трансатлантското партнерство, зголемување на соработката со нашите сојузници во НАТО и подигнување на нивото на амбиција на нашите односи со […]

Продолжува неизвесноста за невакцинираните, нови 442 случаи на Ковид-19


Продолжува неизвесноста за вработените кои се уште не се вакцинирани против Ковид-19. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е против барањето за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок, а за коморите е неприфатливо претпријатијата да плаќаат за тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат. Владата, пак, одлука за невакцинираните ќе донесе на […]

Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини


Времето денеска ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува […]

Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка по неколку часа на функцијата


Шведска– Првата шведска премиерка поднесе оставка само неколку часа откако дојде на функцијата.   Магдалена Андерсон денеска беше избрана за нова лидерка, но се повлече откако нејзин коалициски партнер излезе од владата и не помина буџетот што таа го предложи. Место тоа, парламентот го изгласа буџетот предложен од опозицијата, која вклучува и антиимигрантска крајнодесничарска партија. […]

Министерство за транспорт: Одземена лиценцата за работа на „Беса транс“


За автобусот на „Беса транс“ во кој загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту пак за друг вид јавен превоз на патници. Возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци поради […]

Легендарен сноубордер загина во Австрија снимајќи промотивна реклама


Австрија– Во Австрија загина легендарниот словенечки сноубордер Марко Грлиќ (38), поранешен младински светски првак, снимајќи една реклама во ски-центарот Селден. Како што објавија словенечките медиуми, Грлиќ снимал еден тежок спуст, по што пропаднал во длабок снег во еден момент и удрил во карпа, која не се гледала од големата снежна покривка. Бидејќи не носел заштитна […]