Скопје очекува брзо решение и старт на преговорите со ЕУ, од Софија најави за нов пристап, но без конкретни рокови


Скопје смета дека сега е најпозитивниот момент да се најде решение со Софија и затоа не треба да се пропушти, бидејќи секое пролонгирање ги намалува шансите за договор и носи неизвесност. Поконструктивен пристап најавуваат и победниците на парламентраните избори во Бугарија, но без конкретни рокови за решение. Засега останува отворено прашањето дали е можен брз […]

Ескобар во Скопје на средби со Пендаровски, Заев и Османи


Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Ескобар во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со шефот на дипломатијата Бујар Османи. Предвидено е Ескобар и […]

Јајцата, оризот и тестенините може да се најдат на листата производи со „замрзнати“ цени


Јајцата, оризот, макароните и другите тестенини, би можеле да бидат ставени на проширената листа производи чии цени ќе бидат замрзнати до 31 јануари 2022 година. Дали Владата ќе ги додаде овие производи на лебот, шеќерот, брашното, млекото, сончогледово масло, месото и сувомесни производи кои веќе се „под мраз“, ќе зависи од податоците на Заводот за […]

Состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан


Во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница, денеска во Скопје ќе биде одржан вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан. На состанокот, покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, предвидено е да се обратат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Секретеријатот на Транспортната заедница, Матеј Законшјек, како […]

Дискусија: „Превенција или реакција: улогата на општините при намалување на ризици од несреќи и катастрофи“


Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје денеска организира дискусија на тема „Превенција или реакција: улогата на општините при намалување на ризици од несреќи и катастрофи“ посветена на локалните капацитети за управување со кризи во Република Северна Македонија. Конференцијата ќе се одржи онлајн на платформата ЗУМ. -Целта на овој настан е да се отвори дискусија […]

Облачно со дожд, а на планините снег


Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта […]

Турскиот Театар со „Рапунзел“ го отвори првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево


Со претставата „Рапунзел“ на Турскиот Театар од Скопје, денес беше отворен првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево. Иако беше најавено отворање на фестивалот со претстава на Тетовскиот Театар, сепак поради презафатеност на еден од главните актери во претставата нивниот настап за вечерва е откажан. -На сите им е потребна бајка која и најмрачната ноќ […]

Распуштен португалскиот Парламент, предвремени избори на 30 јануари 2022 година


Португалија– Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза денеска потпиша декрет со кој се распушта Парламентот поради престојните предвремени избори. Декретот е потпишан последниот ден од рокот за распуштање на Парламентот, што мора да биде 55 дена пред избори Предвремените парламентарни избори во Португалија се закажани на 30 јануари 2022 година откако беше поразена малцинската […]

Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени, вели Бектеши


Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што граѓаните ги имаат, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата, било […]

„Три“ во режија на Јован Ристовски и „Шапка, анус, чоколадо и уште нешто“ на Ана Батева на МОТ


На програмата на 46. МОТ денеска (5.12.) се претставите: Три / АТО, Битола режија: Јован Ристовски време: 13:00 / локација: МКЦ, сала Фросина Прва професионална детска претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица. Во претставата актерите зборуваат говорно и паралелно на знаковен јазик. Наменета е за широката детска публика. Претставата е со дидактички […]

Нови 276 случаи на Ковид-19 , вкупно 10 починати


Во последните 24 часа, регистрирани се 276 нови  позитивни случаи на САРС КоВ-2од направени 2.720 тестирања, пријавени се вкупно 10 починати лица, пет во изминатото деноноќие и пет преку системот „Миј Термин“ и 249 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Од 276 нови случаи на КОВИД-19, од Скопје […]

Словенија ќе и помага на Македонија во развојот на бањски туризам


Република Словенија ќе и помага на Република Северна Македонија во развојот на бањски туризам. Ова било договорено на денешната средба меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и словенечкиот вицепремиер и министер за економски развој и технологија Здравко Почивалшек. На средбата, меѓу другото, било истакнато дека Република Словенија безрезервно ја поддржува Република Северна Македонија за добивање […]

Во лавина во Австрија загинаа тројца скијачи


Австрија – Тројца скијачи загинаа, а двајца се повредени во лавина во централна Австрија, соопштија денеска локалните власти. Жртвите биле дел од група од 11 скијачи, од кои осум биле погодени од лавина широка околу 200 метри додека се движеле по патека за време на скијачката тура вчера во областа Твенг, во провинцијата Салцбург. Тројца скијачи биле затрупани од лавината, […]

Британците ја споредија новогодишната елка во Лондон со фризурата на Борис Џонсон


Англија – Жителите на Велика Британија ја критикуваа главната новогодишна елка во земјата, која традиционално ја подарува Норвешка и се поставува на плоштадот Трафалгар во главниот град. Оваа година дрвото со ретка крошна беше споредено со фризурата на британскиот премиер Борис Џонсон, пренесе Би-Би-Си. Секоја година Норвешка им испраќа на Британците елка во знак на благодарност за поддршката на […]

(Видео) Изјава на премиерот Заев и претседателот на „Алтернатива“, Гаши


Во Клубот на пратеници со почеток во 13 часот претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, денеска ќе дадат изјави за медиумите.

Дете и уште 4 лица повредени во тешка сообраќајка кај Битола


Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(57) од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Г.П.(45) од с.Подмочани, ресенско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен […]

Инцидент над Црното море – руски авион морал да го промени курсот за да избегне судир со авион на НАТО


„Росавијација“ потврди дека нејзиниот персонал за контрола на летање морал да го скршне курсот на авионот за да спречи судир со авион на НАТО во регионот на Црното Море. Се наведува дека извидувачкиот авион на НАТО летал во близина на цивилниот авион на авиокомпанијата „Аерофлот“ со повеќе од 140 патници во Москва и дека постојано […]

Неколку улици во Чаир без вода


Прекинато водоснабдување денеска од 11:30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Белградска“, „Самарџиска“ и „Алберт Станиќ“ во населбата Чаир. Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираа дека  прекинот е поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Никола Мартиновски“ бр.21 во населбата Чаир, и ќе трае се до санирање на дефектот. 

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта


Хрватска- Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни врнежи од дожд. Поплавени се многу улици во центарот на Сплит. Како што може да се види на снимката која ја испратија читателите, во центарот на градот имало помал порој. Поплавени се и градските […]

Ковид-лабораториите во Здравствениот дом во Ниш престануваат со работа поради недостиг на реагенси


Србија – Од утре, 6 декември, лабораториите за ковид во Ниш ќе престанат со работа поради недостиг на реагенси и медицински материјали, изјави за „Политика“ директорот на таа здравствена установа Милорад Јеркан. Според него, во петокот лабораториите вршеле анализи само за најитните, најтешките и најкритичните пациенти користејќи ги последните резерви бидејќи со месеци немало нови испораки. […]