Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени


Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември и ако има зголемување на цените ние уште утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката […]

Поп ѕвездите во поддршка на кампањата за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња


Во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“, македонски поп ѕвезди лансираа песна за поддршка на ставањето крај на насилството. Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување, додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или […]

Бремената Џенифер Лоренс во „Диор“ на црвениот килим


САД- Бремената Џенифер Лоренс блесна на премиерата на новиот филм „Don’t Look Up“, во кој се собрани некои од најголемите холивудски ѕвезди. Научно-фантастичната драма на оскаровецот Адам Мекеј ќе игра во кината од 10 декември, а две недели подоцна ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“. Триесет и едногодишната Лоренс го истакна трудничкиот стомак во […]

Принцезата Беатрикс позитивна на Ковид


Холандија– Принцезата Беатрикс, 83-годишната поранешна холандска кралица, беше позитивна на тестот за коронавирус, објави во саботата кралската куќа. Во соопштението, кралската куќа соопшти дека Беатрикс била тестирана откако почувствувала „благи симптоми на настинка“. Се вели дека таа е во изолација дома и ги почитува правилата за луѓето кои биле позитивни на тестот. Принцезата живее во […]

Здрави оброци со ликовите од цртаните филмови


САД– Лалех Мохмеди е 35-годишна мајка која за својот син подготвува вкусни оброци со ликови од цртаните филмови. Нејзиниот труд и креативноста привлекуваат сѐ повеќе следачи. Сѐ почнало пред шест години, кога палачинките за синот ѝ, „ги претворила“ во лав, кои нему многу му се допаднале, па сакал уште слични порции со неговите јунаци. Така двајцата почнале […]

Први случаи на сојот Омикрон во Русија, во Аргентина и во Непал


Русија – Во Русија, во Аргентина и во Непал денеска се потврдени првите случаи на сојот Омикрон на коронавирусот, а за време на викендот во Индија регистрирани се 21 случај на зараза. Во Русија сојот Омикрон е потврден кај двајца патници кои се вратиле од Јужноафриканската Република. И во Аргентина е регистриран сојот Омикрон кај лице […]

Западен Балкан работи на намалување на бројот на жртви на патиштата, ЕУ со амбиција до 2050 година со нула жртви


Повеќе од илјада жртви има на патиштата во Западен Балкан, а за поголема безбедност и намалување на бројот на сообраќајни несреќи потребен е сеопфатен пристап во кој ќе биде вклучено целото општество – од политичарите до граѓаните. Во земјава, според Националната транспортна стратегија, се предвидува до 2030 година да се намали бројот на жртви на […]

Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа


Грција – Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа за време на говорот во Претседателската палата во Атина кога ја изрази неговата почит „за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан меѓу Грција и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас утрово […]

Ботокс како лек за хронична главоболка


САД– Мигрените се прилично непријатно невролошко нарушување кое најчесто се јавува периодично и епизодно. Неочекуванo, третмани кои можат да помогнат при оваа состојба се – оние со ботокс, кој инаку обично и првично се користи во естетската медицина, а дури потоа за главоболка. Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) во 2010 година го одобри […]

Претставување на новата развојна стратегија на Шведска за Македонија


Новата развојна стратегија на Шведска за Северна Македонија усвоена во октомври годинава под називот „Стратегија за реформска соработка на Шведска со Западен Балкан и Турција за 2021–2027 година“, ќе биде претставена денеска. Шведска е еден од најголемите билатерални донатори на земјите од регионот на Западен Балкан. Шведската поддршка ја надополнува работата на ЕУ во областите […]

Русија го освои Дејвис Купот 2021


Шпанија– Руските тенисери се победници во Дејвис Купот, откако во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1, со две победи во поединечните мечеви. Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6-4, 7-6(5) во првиот меч, и со тоа на Русите им го донесе првиот бод. Во вториот поединечен меч, Данил Медведев беше подобар од […]

Шеста сесија на Филмската училница: Трите раѓања на филмот


На 4 декември (сабота) во Кинотеката се одржа шестата сесија од втората сезона на проектот ФИЛМСКА УЧИЛНИЦА. Темата во фокусот на оваа сесија беше раѓањето на филмот во три фази: од сценарио, преку снимање, до неговата монтажа. Учесниците во работата на ФИЛМСКАТА УЧИЛНИЦА и нивната менторка, филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева, разговараа за трите […]

Парк со големина колку Плоштад Македонија ќе се гради спроти „Холидеј Ин“  


Со најавата за почеток на градбата на комплексот „Гранд“ на парцелата 1.1 на паркингот спроти „Холидеј Ин“, компанијата МГ Фешн најави и капитална инвестиција на јавен парк со фонтана на површина близу 7.500 м2 како донација за градот и сите граѓани. Оваа површина, велат од МГ Фешн, e колку површината на Плоштад Македонија, а предвидена […]

Бајден ја продолжи традицијата- славеше заедно со наградените од центарот „Кенеди“


САД- Претседателот Џо Бајден славеше заедно со уметниците како Бет Мидлер, Џони Мичел и Лорн Мајклс во неделата во Центарот Кенеди Хонорс, враќајќи го претседателското учество на престижната уметничка церемонија откако поранешниот претседател Трамп одби да присуствува на настанот откако неколку почестени го критикуваа. Пејачот Џастино Дијаз и основачот на Мотаун, Бери Горди, ја заокружија […]

Филмот „Исчезнатиот” на Арбен Тачи награден на фестивал во Швајцарија


Филмот „Исчезнатиот” на режисерот Арбен Тачи доби награда за најдобар странски филм на Интернационалниот фестивал во Швајцарија. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и со малцинско учество од Центарот за кинематографија на Косово и Националниот кинематографски центар на Албанија. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Благоја Неделковски и Шпетим […]

Шест седмици по ред паѓа цената на нафтата


САД – Цените на нафтата на светските берзи паднаа и минатата недела, шеста седмица по ред, бидејќи трговците стравуваат дека омикрон варијанта на коронавирусот може да предизвика повторно затворање на економиите, а со тоа и пад на побарувачката на нафта. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за речиси 4 отсто, на 69,88 долари, […]

Oмикрон е помалку опасен од делта сојот на коронавирусот


САД – Главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфекторлогот д-р Ентони Фаучи, изјави денеска дека иако има броз ширење на  омикрон сојот на коронавирусот, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта сојот. Фаучи за Си-Ен-Ен изјави дека на научниците им требаат повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на видот омикрон. […]

Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“


Мандолинскиот оркестар „Скопје“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет ќе го одржи традиционалниот годишен концерт, со кој ќе одбележи 20-годишен јубилеј. Концертот ќе се одржи под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри.   -Во своето 20-годишно опстојување, оркестарот е добитник на многубројни први, специјални и гран-при награди на фестивали и натпревари […]

Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник V


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе ја одобри вакцината против коронавирусот Спутник V, велејќи дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните резерви. Во разговор со претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Роко, Путин рече дека е неопходно одобрение од СЗО […]

Факултетот за музичка уметност со свечен концерт ќе одбележи 55 години постоење


Факултетот за музичка уметност (ФМУ) – Скопје вечер од 20 часот со свечен концерт  во фоајето на Националната опера и балет ќе одбележи 55 години од неговото основање. На концертот ќе настапат студенти од класите на професорите Марија Муратовска Наумовска,  Драган Даутовски, Зорица Каракутовска,  Нинослав Димов, Марија Ѓошевска,  Горан Начевски, Весна Ѓиновска-Илкова,  Фросина Балова, Соња […]