Принцезата Беатрикс позитивна на Ковид


Холандија– Принцезата Беатрикс, 83-годишната поранешна холандска кралица, беше позитивна на тестот за коронавирус, објави во саботата кралската куќа.

Во соопштението, кралската куќа соопшти дека Беатрикс била тестирана откако почувствувала „благи симптоми на настинка“. Се вели дека таа е во изолација дома и ги почитува правилата за луѓето кои биле позитивни на тестот. Принцезата живее во замок во централна Холандија.

Беатрикс беше холандска кралица 33 години до абдицирањето во 2013 година, кога нејзиниот најстар син Вилем-Александер стана крал.

Минатата недела таа го посети карипскиот остров Курасао, кој е дел од Кралството Холандија. Во тоа време, таа им кажа на новинарите дека го примила бустерот против Коид-19.