Бремената Џенифер Лоренс во „Диор“ на црвениот килим


САД- Бремената Џенифер Лоренс блесна на премиерата на новиот филм „Don’t Look Up“, во кој се собрани некои од најголемите холивудски ѕвезди. Научно-фантастичната драма на оскаровецот Адам Мекеј ќе игра во кината од 10 декември, а две недели подоцна ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“.

Триесет и едногодишната Лоренс го истакна трудничкиот стомак во златен фустан на „Диор“, а блескавиот изглед го дополни со накит на „Тифани“. Таа во септември потврди дека го чека првото дете со сопругот Куки Маруни.

Лоренс на црвениот килим во Њујорк позираше со Леонардо ди Каприо, а на премиерата се појавија и Мерил Стрип и Џона Хил. Во актерската екипа се и Тимоти Шаламе, Аријана Гранде, Кејт Бланшет, Рон Перлман, Тајлер Пери и Марк Рајленс.