Здрави оброци со ликовите од цртаните филмови


САД– Лалех Мохмеди е 35-годишна мајка која за својот син подготвува вкусни оброци со ликови од цртаните филмови. Нејзиниот труд и креативноста привлекуваат сѐ повеќе следачи.

Сѐ почнало пред шест години, кога палачинките за синот ѝ, „ги претворила“ во лав, кои нему многу му се допаднале, па сакал уште слични порции со неговите јунаци. Така двајцата почнале да минуваат повеќе време во кујната, а и учат повеќе за здравата исхрана.

– Купувам свежи производи без рафиниран шеќер и конзерванси. Исто така користам активен јаглен во прав и природни бои добиени од зеленчук, за да ги подготвам сите оброци, изјави Лалех.

Нејзиниот Инстаграм-профил „Jacob’s Food Diaries“ за еден месец стана хит и го привлече вниманието на списанијата како „Тајм“ (Time) и „Хафингтон пост“ (Huffington Post). Следуваат  и соработки со „Дизни“, „Никелодеон“,„Јуниверзал пикчрс“, фудбалскиот клуб Барселона, Џејми Оливер и „20 сенчри фокс“.