Си-Ен-Ен го отпушти Крис Куомо


САД– Си-Ен-Ен го отпушти водителот Крис Куомо поради поддршката за неговиот брат, поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, во борбата против обвинувањата за сексуално вознемирување на жени кои биле вработени кај него. Одлуката е донесена откако Си-Ен-Ен соопшти дека се појавиле дополнителни информации за степенот на вмешаност на Крис Куомо во одбраната на неговиот постар брат. Ендрју Куомо […]

Објавена автобиографијата на Мира Фурлан – приказна за успесите, поразите, љубовта и предавството


Во автобиографската книга „ Воли ме више од свега на свијету“ довршена пред прераната смрт на филмската дива, се раскажува за се што и се случувало, преводот на хрватски конечно е објавен  Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

МВР апелира да не се користат петарди, особено пред и за време на новогодишните и божиќните празници


Министерството за внатрешни работи информира дека и годинава се спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и […]

Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија против законските измени кои според демонстрантите власта ги прави по мерка на гигантот „Рио Тинто“ и проектот за отворање рудник за литиум во областа Јадар.   Ѓоковиќ на Инстаграм сподели фотографија од вчерашната блокада на мостот „Газела“ во Белград и напиша: „Чист воздух, вода и […]

Промоција на новата книга „Торонто експрес“ на Зоран Спасов-Ѕоф


Новата книга „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов Ѕоф ќе биде промовирана на седми декември (вторник), во 20 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“. Книгата, како и претходниот хит-роман, „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Торонто експрес“ е ново, дополнето издание […]

Русија избори финале против Хрватска во Дејвис купот


Шпанија – Тениската репрезентација на Русија се пласираше во финалето на Дејвис купот, откако вечерва во Мадрид ја совлада Германија со 2:0. Првиот бод на Русија и го донесе Андреј Рубљов, кој го совлада Доминик Кепфер со 6:4, 6:0, а победата ја обезбеди Дмитриј Медведев со триумфот над Јан Ленард Штруф со 6:4, 6:4. Противник на […]

Се забавував со Елвис Присли за да го направам Марлон Брандо љубоморен, се присеќава Рита Морено


САД– Рита Морено доби помош од Кралот за да му врати на Марлон Брандо за неговото изневерување. Во средата, оскаровката се појави во „The View“ каде што беше запрашана од ко-водителот Џој Бехар за тоа дали актерот „постојано“ ја изневерувал за време на нивната 8-годишна врска. Морено и Брандо првпат се запознале кога таа имала […]

Леди Гага е најдобра актерка за 2021 според Кругот на филмски критичари од Њујорк


САД– Започна сезоната на награди на Леди Гага! 35-годишната ѕвезда беше почестена од New York Film Critics Circle (NYFCC) како најдобра актерка за 2021 година за нејзината изведба во House of Gucci. Во нејзиното продолжение на „ A Star Is Born ( “ од 2018 година (која и донесе номинација за Оскар за најдобра женска […]

Папата Франциско пристигна во Атина


Грција– Папата Франциско денеска пристигна во Атина во рамки на турнејата по Медитеранот, при што сака да укаже на страдањата на мигрантите и бегалците. По дводневната посета на Кипар, папата пристигна во соседна Грција, една од главните влезни точки на ЕУ за барателите на азил кои бегаат од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток и […]

Луси Лиу во новата кампања на Александар Ванг-моќен дизајн за моќни жени


САД- Луси Лиу, наградуваната актерка, режисерка и уметница, се појавува во рекламната кампања за ресорт колекцијата на Александар Ванг фотографирана од Хеџи Шин. Според компанијата, рекламите го прикажуваат „екстравагантно секојдневниот“ ден во животот на главниот лик, предизвикувајќи ги стереотипните очекувања на Алфа жената која на приватно и професионално поле. Кампањата, која ги препознава идентитетот и […]

По „Тома“, ќе се снима филм и за Џеј


По големиот успех на „Тома“, најавено е снимањето на биографски филм за уште еден легендарен српски фолк пејач. Филмскиот центар на Србија објави дека финансиски ќе го поддржи филмскиот проект за Џеј Рамадановски. Филмот „Недела“, насловен според една од најпознатите песни на Рамадановски, ќе го снима младиот режисер Немања Ќераниќ. „Возбудливата приказна за животот на […]

„Сите лица на слободата“ – збирка кратки стрипови од Предраг Ѓуриќ


Во издание на Студентскиот културен центар – Нови Сад, излезе од печат збирка кратки стрипови „Сите лица на слободата“ на сценаристот Предраг Ѓуриќ. Од вкупно 24 стрипови, десет се илустрирани од македонскиот уметник Владо Николовски.   Ѓуриќ и Николовски соработката ја започнале на почетокот од 2018 година со првиот краток стрип „Сите лица на слободата“, објавен во […]

Три претстави денеска на МОТ


Во рамки на вториот блок од фестивалот Млад отворен театар, што се одржува од 2 до 7 декември, на денешниот репертоар се три претстави во Младинскиот културен центар и Македонскиот народен театар. Со почеток во 18 часот во МКЦ ќе биде изведена претставата „Подготвено“ во режија на Дејан Спасовиќ. Тројца актери толкуваат една иста личност […]

„Пат покрај патот“ – нова книга на Славе Ѓорѓо Димоски


„Пат покрај патот“ е насловот на најновото остварување на авторот Славе Ѓорѓо Димоски, дело што деновиве беше објавено во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Станува збор за четврта книга есеи на охридскиот автор, а самото последно дело претставува пет циклуса со дваесет есеи на различни културолошки теми. Јадрото на книгата го сочинуваат патописни есеи […]

„Little Things“- „АББА“ со божикна песна и спот


Шведска-„Little Things“ е првата божиќна песна на шведската супергрупа – ваква песна веќе долго време беше желба на нивните обожаватели. „Јуниверзал мјузик“ соопшти дека целиот приход од продажбата на цедето ќе оди во Фондот на УНИЦЕФ за заштита на децата. Новата божикна песна на „AББА“, „Little Things“, сега е достапна како сингл на цеде. Шведскиот […]

„Големо повечерје“ за канцеларката Меркел: За збогум една роза


За неколку дена Ангела Меркел, по цели 16 години, ја напушта канцеларската функција. Сега таа и официјално се збогува со свечена воена церемонија. Во прошталниот говор таа повика на одбрана на демократијата Студена, сува декемвриска вечер во Берлин. Кога Ангела Меркел зема збор, може да се види здивот. 67-годишната канцеларка зборува за благодарност и за […]

Брат, јас сум филмски глумец – комеморација за Славиша Кајевски


„Млад и бескрајно талентиран глумец, кој студира на ФДУ и работи како шанкер во ‘Балет’. Дечко на кој паѓаа сите женски во град, а и на театарската сцена. Дечко кој со сите сетила го живееше театарот и со верба се бореше за неговите вредности. Од Факултет излезе со имиџ на предан и бескомпромисен актер кој […]

Прв женски рурален е-пазар „Наша тезга“


Околу 84 проценти од жените во руралните средини за време на пандемијата на коронавирусот се соочиле со намалување на нивните економски приходи од земјоделските активности, а нивните производи и понатаму остануваат непродадени. Речиси 54 отсто од жените во руралните средини немаат пристап до информации за можностите и финансиската поддршка што им се нуди, а работат […]

Натпреварот Баерн – Барселона без публика


Германија– Дуелот во рамки на Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Баерн Минхен и Барселона ќе се одигра идната недела без присуство на публика поради неповолната епидемиолошка состојба поврзана со Ковид – 19 во германската сојузна држава Баварија. Барселона, која е второпласирана во групата Е, ќе му гостува на лидерот Баерн на 8 декември на „Алиjанц Арена“. – Натпреварот од […]

Омикрон може да ја влоши ситуацијата во Европа


Швајцарија – Зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19 во Европа во изминатите два месеци се должи на сојот Делта, но Омикрон може да ја влоши ситуацијата, рече Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот тим во одделот за итни случаи на Светската здравствена организација. – Во последните два месеци, видовме раст во Европа. И ова се должи на варијантата Делта, […]