Луси Лиу во новата кампања на Александар Ванг-моќен дизајн за моќни жени


САД- Луси Лиу, наградуваната актерка, режисерка и уметница, се појавува во рекламната кампања за ресорт колекцијата на Александар Ванг фотографирана од Хеџи Шин.

Според компанијата, рекламите го прикажуваат „екстравагантно секојдневниот“ ден во животот на главниот лик, предизвикувајќи ги стереотипните очекувања на Алфа жената која на приватно и професионално поле. Кампањата, која ги препознава идентитетот и различноста, ја раскажува приказната за жената од Азија која е пример за моќ и извонредност.

Ванг го потенцира раскошниот тон на обичната облека, преработувајќи ги класичните ткаенини во модерни моќни силуети. 

Ресорт колекцијата на Ванг, еден од најпочитуваните во модната фела, моментално е достапна во Њујорк, Лондон, Пекинг и Шангај, alexanderwang.com