Состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан


Во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница, денеска во Скопје ќе биде одржан вториот состанок на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан.

На состанокот, покрај министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, предвидено е да се обратат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Секретеријатот на Транспортната заедница, Матеј Законшјек, како и други претставници на домашни и меѓународни организации.