Турскиот Театар со „Рапунзел“ го отвори првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево


Со претставата „Рапунзел“ на Турскиот Театар од Скопје, денес беше отворен првиот театарски фестивал „Ускана фест“ во Кичево. Иако беше најавено отворање на фестивалот со претстава на Тетовскиот Театар, сепак поради презафатеност на еден од главните актери во претставата нивниот настап за вечерва е откажан.

-На сите им е потребна бајка која и најмрачната ноќ ќе ја претвори во пролетно утро. „Рапунзел“ е неверојатна приказна за девојката со златно жолта коса која е широко распространета низ повеќе светски култури,од Иран па се до Германија, вели Рахим Рамадани од Домот за култура – Кичево.

Режисер на претставата е Џабир Доко.