Целата држава под нулата, најстудено во Берово и Маврово со -13


Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 степени. На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4. Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 […]

Презентација на предлог годишните планови и програми за работа за 2022 година на Министерството за економија


Министерството за економија организира „Отворен ден “ на кој јавно ќе бидат презентирани Предлог-годишните планови и програми за работа за 2022 година. На настанот може да учествуваат граѓани, комори, бизнис здруженија, како и претставници на компании кои имаат предлози, сугестии и идеи за активностите и мерките кои ги спроведува Министерството за економија преку годишните програми.

Во јануари Франција воведува „вакцина пропусница“


Франција– Франција во првата половина на јануари ќе усвои закон, со кој се бара луѓето да мора да бидат вакцинирани за да вршат  одредени професии или да одат во кина и барови. Со предлог законот сегашната здравствена пропусница, ќе стане „вакцина пропусница“, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал. Според сегашните правила, неодамнешен негативен резултат од […]

Намалување на бројот на новозаразени и на хоспитализирани


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на новозаразени од КОВИД-19 е намален 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1922  лица. Тестирани се 19 943, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4, а просечно 9,6. Најмногу […]

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби


Националната галерија на Република Северна Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби преку проектот социјална инклузија „Сајберкултура“. Осум скопски гимназии ќе учествуваат со уметнички мозаик, а за учество во овој проект на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници и пригодни подароци. Појавата на Интернет и дигитализацијата во секојдневниот живот доведе […]

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“


Центарот за истражување на предисторијата денеска ќе одржи седма конференција за предисториска археологија, година насловена  „Предисторија на Балканот“. На конференцијата ќе бидат презентирани тековните истражувања и најновите резултати поврзани со животот на предисториските заедници, од палеолитот до железното време. На настанот ќе учествуваат археолози, археоботаничари, археозоолози и антрополози од Англија, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Романија, […]

Научна среда со етномузикологот Александар Димитријевски и „Musica Viva за деца“


Во рамките на одбележувањето на 55 години од основањето, Факултетот за музичка уметност продолжува со циклусот „научни среди“ со предавањето на професор Александар Димитријевски „Улогата на Факултетот за музичка уметност – Скопје во развојот на современата македонска етномузикологија“. На научната среда се предвидени дела на Властимир Николовски, Драгослав Ортаков и Благоја Ивановски. Факултетот за музичка […]

Прием на нови 100 професионални војници во Армијата


Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денеска ќе се одржи церемонија за прием на 100 професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. На церемонијата, како што е најавено, ќе се обрати министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. 

Работна средба на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали со министерот Бочварски


Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот на транспорт и врски Благој Бочварски. Целта на средбата е отворање дискусија за состојбите во областа на високоградбата и инфраструктурата, импликациите од ценовните поскапувања на градежните материјали и производи врз трошоците за изведба, […]

Сончево и студено


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Температура ќе биде во интервал од -4 до 8 степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 4 степени. До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време […]

Гаши: Исмаили е чист како солза, ако се утврди вина јас давам оставка


Ексминистерот за култура е чист како солза, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Дневникот на ТВ Сител, во однос на барањето од Антикорупциска да се покрене од страна на Обвинителството кривична постапка за поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, за кој постои сомневање дека ја злоупотребил службената положба и овластувања и го оштетил […]

Монако со илустриран семеен портрет за Божик


Монако- Кралското семејство од Монако имаше поинаков пристап кон годинешната божиќна честитка. Во вторникот, принцезата Шарлин го сподели божиќниот портрет на нејзиното семејство на нејзината лична страница на Инстаграм. На илустрацијата е прикажана Шарлин во жолта тоалета како позира со нејзиниот сопруг, принцот Алберт, пред новогодишна елка. Со нив стојат нивните 7-годишни близнаци, принцот Жак […]

Доџа Кет со провокативна фотосесија за „Ролингстоун“


САД- Трикратната номинирана за Греми, Доџа Кет (26) , ги покажа своите неверојатни облини за новогодишното издание на Ролингстоун. Пред да се отвори за своето уникатно детство и за замките на славата, поп-ѕвездата претрпе повеќекратни промени во облеката за фотосесијата. Покрај тоа што позираше во деколтираниот мрежествен зелен фустан, таа позираше целосно гола, освен пар […]

(Фото) Зошто Гема Чан е кралица на црвениот килим?


САД– Британско-кинеската актерка Гема Чан (39) е сакана поради нејзиниот сензационален стил, а нејзината доследност е особено исклучителна: враќајќи се на почетокот на нејзината кариера во 2006 година, Чан е полирана и беспрекорна од самиот почеток. Дипломирала на Оксфорд со диплома по право и славно го одбила адвокатскиот стажирање во адвокатска фирма за да се […]

„Сестри“ на Дума- прв македонски филм на Нетфликс


Филмот „Сестри“ на младата режисерка Дина Дума е првиот македонски филм што ќе се прикажува на „Нетфликс“ почнувајќи од овој петок.  „Сестри“ во август имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари каде што ја освои Специјалната награда на жирито во програмата Источно од Западот. Филмот е приказна за две тинејџерки чие пријателство е […]

Украден џипот на поранешниот бугарски претседател Плевнелиев, го возела неговата сопруга


Крадци му го украле џипот на Росен Плевнелиев. Автомобилот го управувала неговата сопруга Десислава Банова. Кражбата се случила во саботата, сред бел ден, на паркингот на трговскиот центар во Софија, кој се наоѓа на Обиколницата. Банова се посомневала дека нешто се случува кога маж со ранец почнал агресивно да удира во неа на влезот од […]

Публицистите Филиповски и Кежаровски и новинарите Марку и Николовски ја добија наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


На публицистите Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски и новинарите Аделина Марку и Марјанчо Николовски денеска им беше врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“. Претседателката на Одборот за доделување на наградата Катерина Блажеска на денешното доделување на наградата во Собранието,  посочи дека на конкурсот пристигнале голем број квалитетни публицистички и новинарски трудови, што нивната задача во […]

Белата куќа доби нов „заповедник“: Пристигна новиот германски овчар


САД– Белата куќа штотуку пречека нов жител! На 20 декември, претседателот Џо Бајден го запозна светот со новото куче-традиционално од расата германски овчар. „Добредојдовте во Белата куќа, Командер“, твитна 79-годишниот Бајден заедно со фотографија од преслаткото кученце кое трча низ тревата со тениско топче во устата. Претседателот сподели и видео со добредојде на новото милениче […]

Мицотакис најави бесплатни селф тестови за време на празниците


Грција– Препораката за воведување задолжителен рапид тест за влез во затворените простори за забава во Грција, кои работат само со вакцинирани, ја отфрлил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис  и најави по два бесплатни селф тестови, односно тестови за домашна употреба за време на празниците, за сите граѓани, без разлика дали се вакцинирани или не, јави дописничката […]

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД


Во Домот на Армијата во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде перформирана претставата „Импулс“ со студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип.   Од Денс фест Скопје информираат дека претстава е во два дела, првиот насловен „All good” во кореографија на Адријана Данчевска, музика на Sawf-Pleasure, […]