Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“


Центарот за истражување на предисторијата денеска ќе одржи седма конференција за предисториска археологија, година насловена  „Предисторија на Балканот“.

На конференцијата ќе бидат презентирани тековните истражувања и најновите резултати поврзани со животот на предисториските заедници, од палеолитот до железното време.

На настанот ќе учествуваат археолози, археоботаничари, археозоолози и антрополози од Англија, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и од Северна Македонија.

 Конференцијата е финансиски поддржана од Министерството за култура, а во нејзината реализација придонесува и Културниот центар „Јадро“.