Почина Бранко Кацарски, поранешен кошаркар на Работнички


Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје, објави КФСМ на својата веб-страница. Популарниот „Кацар“ ќе остане запаметен како дел од славниот тим на популарните „железничари“ од „Градски парк“ во кој беа уште други големи имиња […]

Ноември 2021 година потопол и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности


Месец ноември 2021 година се карактеризира како потопол и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава. – Вредностите на средната месечна температура изнесувале 5,4°С во Лазарополе до 11,1°С во Гевгелија и споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури за триестгодишен период (1981-2010), овогодинешните биле повисоки за […]

В недела на Водно традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022


В недела во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинешната прослава на Бадник, традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 што по 30-ти пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје. Одборот за традиционална прослава на Бадник соопшти […]

Дубаи станува центар за тргување со криптовалути


ОАЕ– Најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс“ (Binance) денеска соопшти дека потпишала договор за соработка со Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC). Властите во Дубаи објавија еден ден претходно дека имаат намера да го претворат DWTC во криптозона и регулатор на криптовалути и други виртуелни средства, како дел од напорите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) […]

Стефоска на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески: Немаме потреба од одбрана туку од мудрост


– Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука – рече министерката за култура Ирена Стефоска синоќа во Филхармонијата на завршната манифестација со која се заокружи чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“. Стефоска во своето обраќање, […]

ВФВ клиник-во Скопје отворена нова болница


Вчеравечер беше свечено отворена новата приватна клиника –ВФВ клиник, под слоганот „Верни на вашето здравје“ која има за главна цел да донесе поефикасно и поконцизно здраство кое на најдобар начин ќе му служи на општеството. На вчерашното отварање присуствуваа претставници на државниот врв, претседателот на ДУИ г-дин Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби, ресорниот министер за здравство Венко […]

Лондон ја откажа прославата на Нова година на Трафалгар сквер поради омикрон


Англија – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан објави дека ја откажува планираната новогодишна прослава во британската престолнина поради драстичното зголемување на бројот на заразени со новиот, омикрон сој на коронавирусот. – Поради рекордното ниво на инфекции со Ковид-19 во нашиот град и во Велика Британија, решен сум да направам се што е можно за да го […]

Ги поддржуваме жените- актерките од „Сексот и градот“ одговорија на обвинувањата за сексуален напад против Крис Нот


САД- Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис одговорија на обвинувањата за сексуален напад против Крис Нот, неколку часа откако 67-годишниот актер беше отпуштен од The ​​Equalizer. Во заедничките пораки објавени на социјалните мрежи во понеделникот вечерта, актерките велат дека се „длабоко тажни што ги слушаат обвинувањата против“ нивниот долгогодишен актер на Сексот и […]

Архитектот Ранчо Христов добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело


На архитектот Ранчо Христов вечер на свеченост во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе му биде врачена наградата за животно дело „Андреја Дамјанов” за 2021 година, што ја доделува Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. -Со својата работа и […]

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“


Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ вечер во Македонскиот народен театар традиционално, со новогодишен концерт и нова кореографија ќе ја заокружи 2021 година. На новогодишниот концерт ќе настапи целиот ансамбл и ќе бидат исполнети познатите сценски постановки и кореографски творби како орото „Копачка“, „Шопска петорка“, потоа „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, како и […]

Аналитика: За извозно ориентираните компании, „Отворен Балкан“ нуди нови можности за економијата


Извозно ориентираните компании сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компаниите, покажува истражувањето што го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“. Високи 96,4 проценти од анкетираните одговориле дека иницијативата би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти 3,6 проценти кои […]

Руската морнарица лансираше крстосувачка ракета од Јапонското Море и погоди цел оддалечена над 1.000 километри


Русија– Руска подморница успешно ја лансираше крстосувачка ракета „Калибар“ од Јапонското Море кон цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, која се наоѓа на руско полигон на копно. Дизел-електричната подморница на Пацифичката флота Петропавловск-Камчатски погоди крајбрежна цел на дострел од 1.000 километри со крстосувачката ракета Калибр од Јапонското Море, објави денеска прес-службата на флотата, пренесува ТАСС. […]

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката


Францускиот институт во Скопје заедно со Кинотека на Северна Македонија организира вечер посветена на младите и оние што се чувствуваат така, со интересен анимиран филм на Реми Шаје и одлична комедија претставена на официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година. Во терминот од 18 часот вечер ќе може да се погледне анимираниот филм […]

Бибер за Отворен Балкан: Соработката е добра, но мора сите да бидат вклучени


Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, по повод иницијативата Отворен Балкан изјави дека идејата за регионална соработка не е лоша, но дека има проблеми бидејќи не се вклучени сите земји од Западен Балкан. – Идејата за регионална соработка не е лоша, секаков вид соработка е добредојдена, но има проблеми, бидејќи не се сите вклучени, […]

Фудбалерите на ПСЖ за роденденот му подарија на Мбапе дрес со бројот 2050


Франција) – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе вчера го прослави својот 23. роденден. Францускиот играч од соиграчите во парискиот клуб, на гала вечерта доби подарок дрес со бројот 2050. На тој начин тие го навестија продолжувањето на договорот на Мбапе. Претходно спортскиот директор на ПСЖ Леонардо изјави дека би сакал Мбапе целиот свој живот да […]

Јапонија ќе плати 13,6 милијарди долари за американските војници на нејзина територија


Јапонија – Јапонија и САД постигнаа договор дека Токио ќе плати  13,64 милијарди долари во текот на следните пет години за американските војници стационирани на јапонска територија. Како што јави денеска јапонската телевизиска мрежа НХК дека Договорот ќе важи од април следната година и ќе трае пет години. Во просек, Јапонија ќе плаќа 211 милијарди јени […]

Претседателот на турскиот Парламент Мустафа Шентоп во посета на Македонија


Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија. По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести пред законодавниот дом Шентоп ќе има средба со неговиот домаќин Талат Џафери и ќе се потпише во Книгата на впечатоци. Предвидено е и обраќање на Шентоп […]

Скопје го чека ставот на новата политичка Влада во Софија на одговорите од пакетот 5+1


Реафирмирана поддршката од Унгарија и од Грција за што поскоро отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската унија. Скопје одговори на пакетот 5+1 испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција и го чека ставот на новата Влада во Бугарија. Првата средба со новиот премиер Кирил Петков […]

По контакт со заразено лице Бајден е негативен на Ковид-19


САД– Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на коронавирусот откако еден од неговите соработници, со кои поминале околу половина час во авион, бил позитивен на Ковид-19, соопшти Белата куќа. – Бајден вчера имаше негативен ПЦР тестот, а во неделата имаше негативен антиген тест, како дел од редовните контроли. Бидејќи упатствата на Центриот за контрола и […]

Од денеска повторно задолжителни маските во затворен простор во Вашингтон


САД– Градоначалничката на Вашингтон, демократката Мјуриел Баузер, најави дека носењето маска во затворен простор од денеска повторно ќе стане задолжително во главниот град на САД. Мерката ќе остане во сила до крајот на јануари, кога ќе биде преразгледана. Баузер ги отфрли критиките дека избрзува и ги повика жителите на Вашингтон да се вакцинираат и да ги […]