В недела на Водно традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022


Фото: Б. Грданоски

В недела во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинешната прослава на Бадник, традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 што по 30-ти пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.

Одборот за традиционална прослава на Бадник соопшти дека неделната средба е точно напладне, кога ќе започне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат кумовите и здравичарот Драган Спасов Дац и Александар Митевски и Живко Поповски Цветин, минатогодишниот кум и здравичарот д-р. Никола Пановски и д-р. Миодраг Врчаковски, потоа градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и членови на естрадата.

– Потоа ќе следат изјави за медиумите, по што ќе се одржи дружба со песна и игра во прекрасниот амбиент и на чист воздух, на само 20-на километри од загаденото и зачадено Скопје, со пржена риба, со чаша пиво, вино и сок, соопшти Одборот.