Дубаи станува центар за тргување со криптовалути


ОАЕ– Најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс“ (Binance) денеска соопшти дека потпишала договор за соработка со Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC).

Властите во Дубаи објавија еден ден претходно дека имаат намера да го претворат DWTC во криптозона и регулатор на криптовалути и други виртуелни средства, како дел од напорите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да привлечат нови бизниси.