Петков се подготвува за посета на Скопје, Париз со порака Македонија и Албанија да продолжат заедно


Во очекување на формирањето на новиот владин кабинет и на интензивирање на комуникацијата со Бугарија со цел деблокирање на европскиот пат на земјава, Париз упати порака дека Скопје и Тирана не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ, додека од Софија, каде не стивнуваат реакциите по „предлогот“ на лидерот на партијата […]

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ


Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Од Одборот најавија дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 5 јануари 2022 година, 5-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 360 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 15 минути. Денов трае 9 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Сончево со мала локална облачност


Сончево време со мала локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне,  според УХМР,  по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во […]

Холивуд нападнат од Омикрон-заразена Вупи Голдберг


САД– Славната актерка Вупи Голдберг е позитивна на Ковид-19. Дијагнозата на Голдберг ја откри Џој Бехар, една од нејзините ко-водителки на „The View“, за време на емитувањето во понеделникот. „Вупи за жал беше позитивна пред паузата, но веројатно ќе се врати следната недела“, сподели Бехар. Бехар, исто така, потврди дека здравствената состојба на Голдберг во […]

Славниот водител Џими Фелон позитивен на Ковид-19


САД– Џими Фелон испорача некои не толку смешни вести во понеделникот. Водителот на The Tonight Show рече дека бил позитивен на тестот за Ковид, но имал благи симптоми, бидејќи бил целосно вакциниран. „Еј момци, на првиот ден од нашата празнична пауза бев позитивен на тестот за Ковид. Бев вакциниран и примив бустер доза, што ме […]

Омикрон зема замав во Шведска- заразени и кралот и кралицата


Шведска– Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф (75) и кралицата Силвија (78) се позитивни на Ковид-19, се вели во соопштението на палатата во вторникот, во услови на зголемени инфекции во нордиската нација поттикнати од новата варијанта на вирусот Омикрон. Шведска постави нов дневен рекорд за случаи на Ковид-19, покажаа најновите податоци на здравствената агенција во вторникот, […]

Белата шапка на Меланија Трамп во чест на Макрон на аукција


САД- Поранешната прва дама Меланија Трамп продава на аукција колекција на сувенири од Белата куќа, вклучувајќи и шапка на нејзиниот личен стилист, францускиот дизајнер Ерве Пјер, слика со акварел и незаменлив токен (NFT) во знак на сеќавање на државната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Соединетите држави во 2018 година. Понудите за збирката „Шеф […]

Ѓоковиќ доби медицинска потврда за ослободување од вакцина и полета кон Австралија


Србија– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен. Србинот на Инстаграм објави дека лета за Мелбурн. Според него, тој добил медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус. Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари и ќе трае до 30 јануари. Ѓоковиќ е актуелен и деветкратен шампион на Грен слем турнирот кој традиционално се […]

Природата во градот ја намалува осаменоста


Англија– Ново истражување покажа дека контактот со природата во градовите значително ја намалува осаменоста кај луѓето. Овој здравствен проблем може да ја зголеми опасноста од смрт за 45 отсто, што е повеќе од загадувањето на воздухот, дебелината или прекумерното консумирање алкохол, пренесува „Гардијан“. – Истражувањето го оспорува традиционалниот поглед на градовите како места кои секогаш се […]

Меѓународен ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид


По повод Меѓународниот ден на Брајово писмо и образование на лицата со оштетен вид, Коалицијата „Менуваме“ соопшти дека илјадници лица во земјава не го знаат Брајовото писмо и дека тоа е, како што велат, невидливо во институциите на државата, како и во образовниот систем, освен во училиштето за слепи „Димитар Влахов“ во Скопје.   -Никаде […]

Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички, зголемен раст во третиот квартал од 2021


Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички во трговијата во земјава. Податоците на Народната банка за третиот квартал од изминатата година покажуваат висок годишен раст и кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции и тоа за 16 и за 14,9 проценти. – Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, што произлегува пред сѐ […]

Милијардерката Елизабет Холмс обвинета за измама на инвеститори


САД– Основачот на корпорацијата Теранос, Елизабет Холмс е обвинета за измама на инвеститори, по повеќемесечно судење во Калифорнија. Обвинителството ја обвини Холмс дека свесно лажела за технологија која наводно може да открие болести врз основа на анализа на неколку капки крв, пренесува Би-Би-Си. Поротата ја прогласи Холмс за виновна по четири точки од обвинението, вклучително […]

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Од МТСП им го честитаат Бадник на граѓаните од православната вероисповед. 

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите


Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи тие се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат пет специфични намирници за да се одржи нормалната работа на бубрезите. Премногу сол е штетна за срцето. Иако солта, за разлика од додадениот шеќер, е неопходна за здраво функционирање на организмот бидејќи учествува […]

Џоан Колинс вели дека првиот сопруг Максвел Рид ја дрогирал и силувал на првиот состанок


САД- Ѕвездата на „Династија“ Џоан Колинс (88)  тврди дека нејзиниот прв сопруг, Максвел Рид, ја дрогирал и ја силувал. Во документарниот филм на Би-Би-Си „Ова е Џоан Колинс“, чија премиера беше во саботата во Велика Британија, Колинс рече дека ирскиот актер ја силувал, откако и’ насипал рум и кока кола со дрога Рохипнол, на нивниот […]

Во пад на израелски воен хеликоптер загинаа двајца пилоти


Израел– Израелски воен хеликоптер вчера се урна во морето кај северниот брег на Израел, при што загинаа двајца пилоти, соопшти израелската војска. Третиот член на екипажот е повреден во несреќата и итно е пренесен во болница, соопшти војската   Хеликоптерот се урнал за време на тренажен лет, а командата на израелските воздухопловни сили отворила истрага […]

„Ворнер мјузик“ ги откупи правата за сите песни на Дејвид Боуви за 250 милиони долари


САД – Американската дискографска куќа „Ворнер мјузик груп“ ги откупи правата на целиот список песни на британскиот рок пејач Дејвид Боуви (1947 – 2016), за 250 милиони долари. Договорот ги опфаќа издавачките права за сите 26 студиски албуми на музичарот, објави „Фајненшл тајмс“. – Среќни сме што музиката на Дејвид Боуви сега ќе биде во сигурни раце […]

Богатството на Илон Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари


САД– Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла. Податоците се од рангирањето на милијардерите според списанието Форбс. На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември […]

Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл биле свршени повеќе од една година


САД– Двојката која сака да демонстрира политичка моќ, Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл, наводно, се свршени повеќе од една година, потврди извор близок на двајцата за The New York Post. Некогашната водителка на „Фокс њуз“, Гилфојл, носеше голем дијамантски прстен во објава на Инстаграм во саботата позирајќи со  него додека го прославуваа неговиот 44-ти […]