Богатството на Илон Маск за еден ден се зголеми за 32 милијарди долари


САД– Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла. Податоците се од рангирањето на милијардерите според списанието Форбс. На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември […]

Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл биле свршени повеќе од една година


САД– Двојката која сака да демонстрира политичка моќ, Доналд Трамп Помладиот и Кимберли Гилфојл, наводно, се свршени повеќе од една година, потврди извор близок на двајцата за The New York Post. Некогашната водителка на „Фокс њуз“, Гилфојл, носеше голем дијамантски прстен во објава на Инстаграм во саботата позирајќи со  него додека го прославуваа неговиот 44-ти […]

Обрадор лани од Трамп побарал помилување за Асанж, но не добил одговор


Мексико  – Мексиканскиот претседател, Андрес Мануел Лопез Обрадор, изјави дека минатата година побарал од Доналд Трамп помилување за основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, а тоа се случило пред Трамп да ја напушти Белата куќа. Лопез Обрадор изјави дека побарал помилување за Асанж во писмото што му го испратил на Трамп додека бил претседател на САД, […]

Рустеми : Очекуваме градежни работи со „Бехтел и Енка“ на крајот на првата половина од годинава


Објавен е огласот за избор на надзор и правен трансакциски советник за делниците на коридорите 8 и 10д што ќе ги реализира американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со што е овозможен почеток на подготвителните работи за конкретна реализација на активностите. Почетокот на градежните работи се очекува кон крајот на првата половина од годинава, информира во […]

Најстудено во Тетово, Берово и Петровец, Скопско, најмногу снег на Попова Шапка


Утрово во 7:00 часот најниски температури од -3 степени се измерени во скопски Петровец, Тетово и во Берово. Следат, Битола, Струмица и Демир Капија со -2, -1 во Штип и Попова Шапка, 0 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, Крива Паланка, Лазарополе, 1 Претор, Куманово, 2 Виница, Маврови Анови, Крушево, 3 Охрид, 5 Гевгелија, Дојран, Дебар. Како […]

Министерството за одбрана ги унапредува квалитетот и безбедносните стандарди за безбедносните служби


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска, ќе изврши увид во градежните работи кои се извршуваат на објектот каде е сместен Секторот за воена безбедност и разузнавање. Како што соопшти Министерството за одбрана, објектот се наоѓа во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. По направениот увид, министерката Шекеринска ќе даде изјава за медиумите. 

Мексико прими рекордни над 130.000 барања за азил во 2021 година


Мексико – Мексико минатата година прими рекордни 131.448 барања за азил, соопшти вчера мексиканската Национална агенција за заштита на бегалци. – Бројот на апликации речиси двојно го зголеми рекордот поставен во 2019 година, објави на Твитер генералниот координатор на Мексиканската комисија за помош на бегалците (Комар) Андрес Рамирез Силва. Во 2019 година Мексико прими 70.341 […]

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри, преживеа обид за атентат


Хаити– Вооружени лица во саботата се обиделе да го убијат премиерот на Хаити, Ариел Хенри, за време на прославите на Денот на независноста на земјата, соопштија официјални лица. Инцидентот се случил кога Хенри присуствувал на церемонија во црква во градот Гонаивес, 150 километри од главниот град Порт-о-Пренс. На видеата објавени на интернет се гледа како […]

На патот Свети Николе – Миладиновци сообраќајот по една лента поради свлечиште


На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, […]

Репрезентативецот Ѓуроски бил повреден во тепачката во Маврово


Членот на кошаркарската репрезентација на Македонија и на Пелистер, Стојан Ѓуровски е еден од повредените во тепачката која вчера се случи на ски терените во Маврово.  Во тепачката учествувале две групи, едната од Гостивар во која бил и Стојан Ѓуроски и неговиот брат заедно со уште две лица и другата група од Косово. На тепачката и […]

Се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите


За прилепските археолози 2021 година донесе големо откривање на тајните на минатото, а најмногу од сѐ, им даде можност оваа и наредните години прецизно да ги изнесат фактите како се живеело на овие простори. Таа прецизност им ја донесе новата лабораторија во Институтот за старословенска култура. Античкиот локалитет Стибера, најпознат по совршенството на пронајдените мермерни статуи, […]

Министерот Бесими на средба со директорката на УЈП


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе ја посети Управата за јавни приходи каде ќе одржи работен состанок со директорката Сања Лукаревска и со раководството на УЈП. На состанокот ќе се разговара за реализираните проекти и реформи на Управата за јавни приходи во изминатиот период и за проектите и активностите на кои ќе се работи во […]

Бројот на новозаболени во првите три дена од годинава во постојан пад


Бројот на новозаболени од Ковид-19 од почетокот на годината е во постојан пад и во првите три дена од годинава регистрирани се вкупно 923 нови случаи, додека оздравени се 1.328 и починати 15 лица, со што бројот на активни случаи постојано се намалува и изнесува 4.817 лица. Според податоците од Институтот за јавно здравје на […]

Сончево и топло, од четврток промена на времето


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 4 јануари 2022 година, 4-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 361 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 14 минути. Денов трае 9 часа и 12 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Синот и ќерката на Трамп повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк


САД– Јавната обвинителка на Њујорк повика на испитување уште две од децата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот и Иванка Трамп, како дел од граѓанската истрага за измама поврзана со бизнисот на Трамп, јави денеска весникот „Њујорк Тајмс“. Поканите, издадени од канцеларијата на јавната обвинителка Летиција Џејмс, им биле предадени уште на […]

Адел ја купи куќата на Силвестер Сталоне, четврта во Беверли Хилс


САД- Адел ја започнува новата година токму со купувањето на вилата на Силвестер Сталоне во Беверли Хилс, според Дејли Меил. Сталоне првпат ја наведе куќата за продажба со осум спални и 12 бањи во јануари 2021 година за 110 милиони долари, пред да ја спушти цената на 85 милиони долари во мај, но Адел, наводно, […]

ФДА одобри бустер доза на Фајзер/Бионтек за деца од 12 и повеќе години


САД– Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на засилувачка доза на вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години. Бустер дозата е со иста јачина на дозата (30-микрограми) како и дозата одобрена во примарната серија, се вели во соопштението. ФДА претходно одобри засилена доза на […]

Три млади момчиња загинаa во сообраќајка на Корчула


Хрватска- Синоќа во тешка сообраќајна несреќа на островот Корчула загинале три млади момчиња, сите тројца од Смоквица, пренесува порталот Индекс.хр. Според информациите од Хрватска, несреќата се случила вчеравечер околу 12.45 по полноќ. Сообраќајната незгода се случила кога 19-годишник, управувајќи со сопствено возило со дубровничка регистерска табличка, движејќи се од Блато во правец на Вела Лука, изгубил […]

Влез на Косово само со две дози од вакцина


Косово– Од денеска за влез во Косово е потребна потврда за вакцинација со две дози од вакцината против коронавирус. Луѓето кои не се вакцинирани со двете дози од вакцината нема да смеат да влезат, пишува Коха. Одлуката беше донесена од владата на привремените институции во Приштина на почетокот на декември 2021 година, кога беа донесени […]