Влез на Косово само со две дози од вакцина


Косово– Од денеска за влез во Косово е потребна потврда за вакцинација со две дози од вакцината против коронавирус. Луѓето кои не се вакцинирани со двете дози од вакцината нема да смеат да влезат, пишува Коха. Одлуката беше донесена од владата на привремените институции во Приштина на почетокот на декември 2021 година, кога беа донесени […]

Грчкиот митрополит кој кажа дека господ го штити од зараза почина од Ковид-19


Грција- Митрополитот на грчкиот округ Етолија-Акарнанија, Космас, кој отворено се противеше на вакцинирањето, почина на 76 години по едномесечна борба со ковид-19. Космас, кој одбивал да се вакцинира, бил примен во болница на 1 декември, по што завршил на интензивна нега. Космас беше жесток критичар на владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучувајќи […]

Царината лани наплатила 103,47 милијарди денари


Царинската управа ја завршила 2021 година со вкупно наплатени приходи во износ од 103,47 милијарди денари или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет. Наплатените приходи во 2021 година, како што информираат од Царинската управа, се поголеми за 24,7 отсто во однос на 2020 […]

Болсонаро хоспитализиран поради болки во стомакот


Бразил – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, откако беше хоспитализиран поради болки во стомакот, се огласи на својот профил на Твитер и информира дека можеби ќе треба да оди на операција. – Ќе бидат направени повеќе прегледи за да се утврди дали ќе биде неопходна операција во абдоменот, објави Болсонаро на Твитер, заедно со фотографија на која го крева палецот во […]

Јајце: Шест изненадувачки здравствени бенефити


САД– Едно јајце е преполно со хранливи материи. „Јајцата се висококвалитетни протеини и содржат широк спектар на витамини и минерали, како што се витамин А, витамин Д, витамини од групата Б и фолна киселина“, изјави претходно за Инсајдер Натали Ризо, регистрирана диететичарка во Њујорк. Едно големо јајце содржи и витамин Е, витамин Б12, калциум, ниацин, […]

Омикрон го избегнува имунитетот подобро од Делта, открива данска студија


Данска – Варијантата на коронавирус Омикрон е подобра во заобиколувањето на имунитетот на вакцинираните луѓе отколку варијантата Делта, според данската студија објавена минатата недела, помагајќи да се објасни зошто Омикрон се шири побрзо. Од откривањето на силно мутираната варијанта Омикрон во ноември, научниците се тркаат за да откријат дали таа предизвикува помалку сериозна болест и […]

Израел планира да ги отвори границите за некои вакцинирани туристи


Израел– Израелското Министерство за здравство денеска соопшти дека од 9 јануари ќе им дозволи на целосно вакцинирани туристи од одредени земји да влезат во Израел, со што ќе се стави крај на речиси општата забрана за пристигнување на лица кои не се државјани. На странските туристи кои не биле вакцинирани или не прележале Ковид-19 и понатаму им е забранет […]

Дали Хали Бери се омажи за Ван Хант?


САД– Оскаровката Хали Бери е опсипана со честитки. Причина: актерката објави фотографии на која таа и нејзиниот партнер – пејач и текстописец Ван Хант, се на некое егзотично место, се бакнуваат, а на главата има венец од цвеќе. До фотографијата пишува: „Па, официјално е!“   Честитките почнаа да пристигнуваат веднаш по објавата на Инстаграм, веста […]

По тепачката на ски терени во Маврово приведени осум лица


Осум лица, четворица државјани на Косово и четворица од Гостивар се лишени од слобода откако меѓусебно се степале на терени на ски центарот Маврово. Во тепачката во која биле користени и спортски реквизити, две лица се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. За дел од учесниците може да бидат поднесени и кривични пријави за […]

Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица 


Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле пријава (повик за помош) од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење […]

Опозицијата со 180 амандмани ги блокира измените за избор на дипломати за претседавањето со ОБСЕ


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека опозицијата со 180 амандмани го блокира предлогот кој се однесува на еден член од Законот за надворешни работи, кој претставува ограничување при селекцијата на дипломати за претседавањето со ОБСЕ. Односно, според тој член, за еден дипломат да замине на мисија треба од завршувањето […]

„VIVA L’OPERA!“- традиционален гала оперски концерт во НОБ


„Viva L’opera!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари 2022, во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ). – Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во […]

Во следните два дена релативно топло, од четврток облачно со дожд, на планините снег


Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини, соопшти Управата за хидрометеролошки работи. Утринските температури утре ќе се движат од минус 3 до 3 степени, а дневните од 8 до 17 степени. Во Скопје утре утринската температура ќе биде […]

Османи ги најави контактите со Париз по формирањето на новата влада


  Во втората половина на јануари, по формирањето на Владата во Македонија, ќе биде воспоставена комуникацијата со Франција, како актуелен претседавач на Европската унија во насока на можностите кои земјава би ги имала за време на француското претседателство за одблокирање на процесот на евроинтеграциите. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за надворешни работи Бујар […]

Македонија во 2023 претседавач на ОБСЕ, почнуваат подготовките


  Северна Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска. Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, […]

Една година по нападот врз Конгресот, Американците и понатаму се загрижени за нивната демократија


САД– Една година по упадот во зградата на Капитол Хил, Американците и понатаму се загрижени за својата демократија, а речиси една третина од нив веруваат дека употребата на сила понекогаш може да се оправда за одбрана на демократските идеи. Ова го покажуваат две истражувања на јавното мислење, цитирани од светските агенции. Нападот на 6 јануари […]

ОЈО Скопје постапува по кривичните пријави на Боки -13, вели Јовески 


На Бојан Јовановски (Боки 13) во неколку наврати му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи обвинувањата за повеќе лица, да поднесе кривични пријави, вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА, во однос на писмото од Боки -13 во кое има серија обвинувања и напади за криење докази. […]

Највозрасната жена на светот наполни 119 години


Јапонија– Јапонката Кане Танака – највозрасната личност на светот, го прослави својот 119. роденден, објавувајќи дека е решена да го продолжи рекордот за уште една година. Танака, која, според наводите, ужива во газирани пијалаци и чоколадо, вчера го одбележала својот голем ден со вработените во домот за стари лица каде што живее – во префектурата Фукуока […]

Девет деца хоспитализирани поради труење со хлор во Сибир


Сибир– Обвинителството во Омск истражува инцидент поради девет малолетни деца кои беа хоспитализирани поради сомневање за труење со хлор по посетата на фитнес центар во градот Омск во Западен Сибир, соопшти денеска Канцеларијата на Обвинителството во Омск. „Обвинителството на областа Киров во Омск започна истрага за информациите за девет малолетници кои беа хоспитализирани поради сомневање […]

Приходите од Суецкиот канал во 2021 година рекордни 6,3 милијарди долари


Египет– Приходите на египетскиот Суецки канал во 2021 година изнесуваат рекордни 6,3 милијарди американски долари, изјави претседателот на Управата на Суецкиот Канал (СКА) Осама Рабие. Минатогодишните приходи се за 12,8 отсто повисоки од 2020 година. Водениот пат, исто така, постигна најголема годишна нето-тонажа од 1,27 милијарди тони, што е за 8,5 отсто повеќе од 1,17 […]