„Три“ ги мотивира читателите да читаат уште повеќе- нова картица за лојалност


Клубот на читатели во ТРИ одамна ги доближува читателите до светот на книгите. Овој февруари ги носи уште поблизу со обновената програма за лојалност, понуда за членство, попусти и поволности.

Секој вљубеник во приказните заслужува да си обезбеди што е можно повеќе книги на полиците. Затоа, преку месечната клупска акција, ТРИ се погрижи да ги награди сите, со посебно внимание кон своите најлојални читатели.

Оние кои се зачленети треба да ја подигнат својата нова картичка, а оние кои не се можат да го направат тоа за помалку од минута во која било наша книжарница. Сите членови, веќе зачленети и оние кои допрва ќе се зачленат во текот на февруари, добиваат попуст од 30 % при првото купување, а за секое наредно во текот на годината добиваат попуст според категоријата во која припаѓаат, односно попустот расте како што се зголемува нивната лојалност.

Не постои подобра вест за еден страстен читател – погодности во Клубот на читатели. Книгите се добро познати носители на промени, па замислете како звучи членство во тимот на најмногу променети животи!