Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 јануари 2022 година, 6-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 359 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 2 минути, а ќе зајде во 16 часот и 16 минути. Денов трае 9 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

Магла на повеќе патни правци, одрон на патот Свети Николе – Миладиновци


На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава …

Магла на повеќе патни правци, одрон на патот Свети Николе – Миладиновци Read More »

Србија и Македонија во 2021 преку „Отворен Балкан“ и вакцинација до најдобри можни односи


Србија во 2021 година покрај евроинтегративните процеси, дијалогот со Косово и реформите, на надворешно-политички план имаше напнати односи со Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, а единствен сосед со кој односите се развиваа кон градење на најдобри можни односи, беа односите со Северна Македонија. Три од повеќето дадени изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ во текот …

Србија и Македонија во 2021 преку „Отворен Балкан“ и вакцинација до најдобри можни односи Read More »

Пред Соборниот храм во Скопје 30-та традиционална прослава на Бадник


Во организација на Одборот за традиционална прослава на Бадник во Скопје денеска по 30-ти пат на платото пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе се одржи манифестацијата Бадник 2022 со почитување на сите протоколи и мерки за заштита на здравјето на граѓаните и на бадникарите. Според најавите од организаторите, како и минатата година делењето бадникови …

Пред Соборниот храм во Скопје 30-та традиционална прослава на Бадник Read More »

Православните христијани го слават Бадник


Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Од Одборот најавија дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, …

Православните христијани го слават Бадник Read More »

Сончево со мала облачност, од утре дожд и постудено


Претпладне ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде …

Сончево со мала облачност, од утре дожд и постудено Read More »

Кобајаши победи и на третата од четирите скокалници на „Новогодишната турнеја“


Германија- Јапонецот Рјоју Кобајаши ја забележа третата победа во третиот настап од „Новогодишната турнеја четири скокалници“.Тој попладнево победи на скокалницата во Бишесхофен. Кобајаши до триумфот стигна со скокови од 137 и 137,5 метри и вкупно 291.3 поени. Второто место го освои Норвежанецот Мариус Линдвик со скокови од 137,5 и 135,5 метри и вкупно 286,6 бода.. …

Кобајаши победи и на третата од четирите скокалници на „Новогодишната турнеја“ Read More »

МЗ: Омикрон детектиран кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флуронa


Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2. Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, како што се посочува, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59 отсто од позитивните примероци. Оваа варијанта …

МЗ: Омикрон детектиран кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флуронa Read More »

Д Викенд се враќа со нов албум Dawn FM и специјални гости


САД- По прилично напорна година во која тој настапуваше и објави неколку синглови, Д Викенд ја започнува 2022 година со стил. Во понеделник наутро, The Weeknd објави дека неговиот последен албум ќе биде објавен овој петок, 7 јануари. Насловен како Dawn FM, албумот ќе има голем број специјални гости, вклучувајќи ги честите соработници Oneohtrix Point …

Д Викенд се враќа со нов албум Dawn FM и специјални гости Read More »

САД официјално воведоа санкции против лидерот на босанските Срби Додик


САД ја проширија листата на санкции која е поврзана со корупцијата ширум светот, а од денеска на листата се поединци и компании кои работат во Босна и Херцеговина. Откако американското Министерство за финансии објави проширена листа на санкционирани лица и компании од Србија, Хрватска, Косово и Бугарија во декември поврзани со корупција и други незаконски активности, „црната …

САД официјално воведоа санкции против лидерот на босанските Срби Додик Read More »

Седница на ЦО на СДСМ за составот на новиот владин кабинет на 10 јануари


Разговорите и консултациите околу составот на новата влада и новата владина програма, се во финална фаза. Во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието, изјави заменик – …

Седница на ЦО на СДСМ за составот на новиот владин кабинет на 10 јануари Read More »

Германците имаат најмногу лично богатство во Европа


Германија – Германците имаат најмногу лично богатство во Европа, покажува швајцарска студија објавена денеска. Личното богатство на Германците се проценува на околу 16,4 трилиони евра, а втора на листата е Франција со 12,6 трилиони евра. Велика Британија и Италија имаат по 10 трилиони, според Redesigning Financial Services (RSH) од Цирих. Личното богатство се зголеми во …

Германците имаат најмногу лично богатство во Европа Read More »

Сенаторот Тим Кејн заглави 27 часови во сообраќаен метеж  


САД– На сенаторот Тим Кејн кој живее во Ричмонд, му требале 27 часови да стигне на работа во Конгресот во Вашингтон, откако ноќеска заглави во повеќекилометарска колона на автопат во Вирџинија, предизвикана од судир на камиони, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Сенаторот – демократ растојанието од Ричмонд до Вашингтон обично го поминувал за два …

Сенаторот Тим Кејн заглави 27 часови во сообраќаен метеж   Read More »

Во спомен на Карлос Марин-Ил Диво продолжува со американската турнеја


САД- Мултинационалниот вокален квартет Ил Диво објави дека неговата турнеја во САД ќе продолжи според планираното, почнувајќи од 2 февруари, и покрај смртта на членот Карлос Марин на 19 декември. Мексиканскиот американски баритон Стивен ЛаБри е подготвен да им се придружи на членовите на турнејата, која е прекрстена во  „Најголеми хитови“ и сега ќе биде …

Во спомен на Карлос Марин-Ил Диво продолжува со американската турнеја Read More »

Оскаровката Лупита Нионго позитивна на Ковид-19


САД– Оскаровката Лупита Нионг’о е најновата славна личност која е позитивна на Ковид-19, дијагноза која ја принуди ѕвездата да ги откаже виртуелните интервјуа за нејзиниот нов филм „The 355“. Нионг’о ги сподели вестите за резултатите од нејзиниот тест на социјалните мрежи, твитувајќи: „И јас сум позитивно тестирана за Ковид-19. Целосно сум вакцинирана и се грижам …

Оскаровката Лупита Нионго позитивна на Ковид-19 Read More »

„Златен глобус“  без црвен килим, публика и номинирани


САД – В недела на 9 јануари ќе се одржи 79. издание на „Златен глобус“. Свеченоста ќе се одржи во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес. Поради пандемијата на коронавирус, нема да има публика, ниту пак номинирани на доделувањето, пишува „Пипл“. Во мигот на прогласување на победникот во секоја категорија во собата ќе биде само – избраниот. …

„Златен глобус“  без црвен килим, публика и номинирани Read More »

Пендаровски на средба со Гир: Македонија е подготвена за дијалог со Бугарија


Политичките случувања во земјава во пресрет на формирањето на новата влада, како и очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи, беа темите за кои денеска разговараа претседателот Стево Пендаровски и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како што истакна претседателот Пендаровски на средбата во неговиот Кабинет, Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена …

Пендаровски на средба со Гир: Македонија е подготвена за дијалог со Бугарија Read More »

„Кршлива, скршена и други начини како да се стане цела“, англиско-хрватска збирка на стружанката Бистра Кумбароска


Во хрватскиот град Ѓаково излезе од печат двојачичната збирка поезија „Кршлива, скршена и други начини како да се остане цела“ на стружанката Бистра Кумбароска. Збирката, поетесата му ја посвети на својот, неодамна починат татко, поетот Разме Кумбароски. – „Кршлива, скршена и други начини како да се стане цела” е посветена на мојот татко Разме, кој …

„Кршлива, скршена и други начини како да се стане цела“, англиско-хрватска збирка на стружанката Бистра Кумбароска Read More »

Трајанов бара поништување на одредби од Изборниот законик во корист на помалите партии


Претседателот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов денеска до Уставниот суд достави иницијатива со која бара укинување на одредби од Изборниот законик со кои, како што рече тој, им се овозможува системска или монополска положба на четири партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците, при изборни процеси. – Во Законот 90 отсто …

Трајанов бара поништување на одредби од Изборниот законик во корист на помалите партии Read More »

Средба Гаши – Ковачевски: Алтернатива ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство


Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и потпретседателката на партија Сафије Садики-Шаини денеска имаа средба со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата е разговарано за владиниот план за држава со европска и прогресивна ориентација. – Честитајќи му за новата задача на новоизбраниот претседател на Социјалдемократите, Ковачевски, меѓу другото, …

Средба Гаши – Ковачевски: Алтернатива ќе се заложи за унапредување на државата кон европското семејство Read More »