Кобајаши победи и на третата од четирите скокалници на „Новогодишната турнеја“


Германија- Јапонецот Рјоју Кобајаши ја забележа третата победа во третиот настап од „Новогодишната турнеја четири скокалници“.Тој попладнево победи на скокалницата во Бишесхофен.

Кобајаши до триумфот стигна со скокови од 137 и 137,5 метри и вкупно 291.3 поени.
Второто место го освои Норвежанецот Мариус Линдвик со скокови од 137,5 и 135,5 метри и вкупно 286,6 бода.. Трет беше Егнер Гранеруд исто така од Норвешка со два скока од по 135,5 метри и 282,4 метри.

Во пласманот на турнејата Кобајаши е прв со 593,2 бода, пред Линдвик со 580 и Гранеруд со 575,5 бодови.

Турнејата ќе заврши утре со уште еден натпревар во Бишофсхофен.