Германија ќе биде главниот столб во новите Сили за брза реакција на ЕУ


Белгија– Европската унија од 2025 година треба да ги добие силите за брза воена реакција, а германските војници треба да го сочинуваат столбот на оваа единица, е договорено на состанокот на министрите за одбрана и за надворешни работи на Европската унија. -Сега е важно да испратиме сигнал дека сме тука еден за друг доколку е […]

Театар Комедија одбележува десет години постоење


Националната установа Театар Комедија по повод одбележувањето десет години постоење, објави дека досега на нивната сцена се поставени 33 премиери, а претставите имаа 922 изведби. Оваа културна установа, како што информираше во соопштение, е една од најпосетувана, со вкупна бројка од 258.292 гледачи. На Светскиот ден на театарот – 27 Март, Театар Комедија влегува во […]

Грција: Нема да има промени во однос на европскиот сертификат


Грција – Европскиот сертификат останува регуларен документ, не се поставува прашање за негово укинување, прашањето е дали ќе го задржиме во целосната форма во врска со пристапот до одредени простори, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Истакна дека целта на Владата […]

Сопругата на поранешен украински пратеник фатена на граница со 30 милиони долари


Украина – Сопругата на поранешниот пратеник на Народен фронт, Ихор Котвицки, Анастасија Котвицка се обидела да пренесе 28 милиони долари и 1,3 милиони евра или речиси 30 милиони долари во торби од Украина. Таа била запрена на границата во Унгарија и приведена, пишува Интерфакс. „Според оперативните информации, цариниците ја фатиле како шверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра преку […]

На Борис Бекер му се заканува затворска казна до седум години


Англија– На легендарниот германски тенисер Борис Бекер (54) денеска во Лондон му почна судскиот процес за измама при личен банкрот, за што му се заканува казна затвор до седум години.   Во повеќе од 20 точки од обвинението, британското правосудство го обвинува Бекер дека во стечајна постапка се обидел да прикрие пари и други вредни […]

Бензините поевтини за половина, а дизелот поскап за еден денар за литар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 […]

Берлускони симболично се ожени по трет пат со 54 години помлада политичарка


Италија- Свадбената забава на лидерот на партијата Форца Италија, долгогодишниот поранешен премиер на Италија, бизнисмен и политичар Силвио Берлускони кој во септември ќе полни 86 години и неговата избраничка на срцето 32-годишната Марта Фашина  се случи викендов како  „трезвена и непомпезна церемонија во американски стил“. Свадба имаше, ама таа не беше официјализирана со потпис, односно […]

НБ: Во февруари годишен раст од 6,1 процент на вкупните депозити и од 8,9 проценти на вкупната кредитна поддршка


Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 процент на годишна основа што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата. На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на […]

Шунтаро Таникава добитник на „Златен венец“, Џерардо Мазучо на наградата „Мостови на Струга“


Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо. -Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна прпеобразба во […]

Сончево и потопло време следните денови


Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време со мала доумерена облачност. До среда ќе дува умерен дозасилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури утре ќе се движат од минус 7 до 2 степени, а дневните од 8 до 16 степени. Во Скопје утринската температура утре ќе достигне до минус 3 […]

Ед Ширан и Камила Кабело ќе пеат на добротворниот концерт за Украина


Англија – Групата „Сноу патрол“, Ед Ширан, Камила Кабело, Емели Санде и Грегори Портер се првите уметници најавени за Концертот за Украина – двочасовен настан за собирање пари и средства за добротворни цели во Украина, закажан за наредниот вторник – 29 март. Како што беше најавено минатата недела, „ИТВ“, „СТВ“ и „Лајввајер пикчрс“ се здружија […]

Повторно пропаднаа напорите за евакуација и хуманитарна помош на жителите на Мариупол


Украина – Украинските власти денеска ја опишаа ситуацијата во Мариупол како исклучително тешка, наведувајќи дека не успеале да воспостават нов безбеден коридор за евакуација на цивилите од опколениот град. Украина претходно го отфрли повикот на Русија да се предаде Мариупол, откако руската армија им нареди на Украинците во градот да се предадат до 5 часот наутро […]

Односите со Бугарија се смирени, провокациите се минимални, вели Бојан Маричиќ


  Вицепремиерот за европски прашања вели дека треба да бидеме задоволни од посетата на шефот на европската дипломатија на Скопје, иако тој вети само волја, но не и датум за преговори за Македонија. „Треба да сме задоволни од посетата на Борел, бидејќи таа посета дојде во еден тежок момент и целта така, како што нам […]

Од Венко Андоновски до Ана Трпеноска- три македонски драми избрани меѓу најдобрите во Европа


 „Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски. Од […]

„Собраа 35 милиони за бегалците“: Зеленски им се заблагодари на Ештон Качер и Мила Кунис


Украина– Украинскиот претседател во својата вообичаена ноќна видео-порака емитувана преку социјалните мрежи им се заблагодари на холивудските актери Мила Кунис и Ештон Качер: „Собраа 35 милиони за бегалците“. Мила Кунис, инаку, е родена во Черновци, Украина, 1983 година, но нејзиното семејство се преселило во САД во 1991 година. Двојката претходно рече дека самите тие ќе […]

Птичји грип во Албанија, во Драч угинати најмалку 100.000 кокошки


Албанија– Најмалку сто илјади кокошки се угинати во живинарски фарми во подрачјето на албанскиот пристаништен град Драч, како последица на птичји грип, јави дописничката на МИА од Тирана. Угинување на живината се појавило пред две недели, но Министерството за земјоделство постоењето на птичјиот грип – H5N8 го потврди вчера доцна попладне, по обвинувањата на Здруженето […]

„Бојата на басот“ – концерт во Филхармонија


Oвој четврток, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Бојата на басот“ на кој како солист на контрабас ќе настапи Ѓорѓи Цинциевски, а диригент е Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Стравински, Рота и од македонската композиторка Дарија Андовска. Композицијата „FairVent“ – за гудачки оркестар, перкусии и фиксен медиум, од македонската […]

Авион со 133 патници се урна во јужна Кина 


Кина–Патнички авион на компанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“ со 132 лица се урна денеска во јужна Кина, соопштија кинеските воздухопловни власти. Државните медиуми јавуваат дека падината каде паднал авионот е во пламен, бројот на жртвите засега не е познат. Авион од типот „Боинг 737“ што летал од Кунминг за Гуангжу „го загубил воздушниот контакт над градот […]

Над 10.000 Украинци влегле во Франција од почетокот на руската инвазија


Франција– Над 10.000 Украинци влегоа во Франција од почетокот на руската инвазија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен за францускиот медиум РТЛ. Министерот појасни дека украински државјани може да влезат во Франција без виза. Голем дел од оние кои влегле во државата, продолжиле кон Шпанија. – Сигурно десетици илјади Украинци ќе пристигнат во […]

Концерт на американскиот бенд „A Place To Bury Strangers“ вечер во МКЦ


Вечерва, во МКЦ ќе одржи концерт американскиот бенд „A Place To Bury Strangers“! Како што се најавува, ова е трето гостување на „A Place To Bury Strangers“ во МКЦ во последниве 10 години. Овој пат, концертот е во рамки на нивната европска турнеја по повод промоцијата на нивниот нов албум „See Through You“.   Пред […]