Изложба за Гоце Делчев во Нови Сад – Европската престолнина на културата


Државниот архив на Македонија и Државниот архив на Војводина вчера во Нови Сад – Европска престолнина на културата во 2022,  ја отворија изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“,  јави дописникот на МИА од Белград.
-Нови Сад и Архивот на Војводина е прва станица на изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ бидејќи овој град е Европска престолнина на културата за 2022 година. Сметам дека изложбата ќе биде добра промоција на нашата историја, култура и традиција, и тоа е најнова изложба на Архивот чиј покровител е претседателот Стево Пендаровски, што ја организиравме на 4 февруари во Скопје, изјави Емил Крстевски, директор на Државниот архив на Македонија.