Најстудено во Берово, снег само на Попова Шапка


Фото: Б. Грданоски

Најниска температура од -4 степени утрово во осум часот е измерена во Берово, а -2 степени во Битола, Струмица и Маврови Анови.

Нула степени беше во Скопје Петровец, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Попова Шапка, 1 во Тетово, Штип и Гевгелија, 2 во Охрид, Претор, Куманово, Kрушево, Дебар, 3 во Скопје Зајчев Рид и 4 степени во Виница и Дојран. Снег само на Попова Шапка (4 см).

Утрово е претежно сончево, само во Преспанскиот регион и во делови од Пелагонија има значителна ниска облачност или појава на магла.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и потопло преку денот. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 20 степени.