Свадба во Белата куќа: Внуката на Бајден ќе се мажи оваа есен


САД – Ќе има редок свадбен прием во Белата куќа оваа есен кога Наоми Бајден, внуката на претседателот Џо Бајден, ќе го прослави бракот со Питер Нил.

Настанот е закажан за 19 ноември. Наоми Бајден (28) е адвокат, а нејзиниот вереник Нил (24) е на правен факултет.

„Питер и јас сме бескрајно благодарни на моите Нана и Поп за можноста да ја прославиме нашата венчавка во Белата куќа“, напиша таа на Твитер. „Едвај чекаме да ја официјализираме нашата посветеност еден кон друг и за она што ни претстои“.

Наоми е ќерка на Хантер Бајден и Кетлин Буле.

Мајкл ЛаРоса, прес-секретар на првата дама Џил Бајден, рече дека семејството „се уште е во фаза на планирање на сите свадбени веселби“, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат објавени во наредните месеци.

„Во согласност со другите приватни настани организирани од Првото семејство и следејќи ги традициите на претходните свадбени веселби во Белата куќа во претходните администрации, семејството Бајден ќе плаќа за свадбените активности што се случуваат во Белата куќа“, рече Лароса.

Последната венчавка во Белата куќа беше онаа на Пит Соуза, официјалниот фотограф на претседателот Барак Обама, со Пети Лиз во градината на розите во 2013 година.

Во 2008 година, Џена Буш и Хенри Хејгер имаа свадбен прием во Белата куќа, според Историското здружение на Белата куќа. (АП)