СДСМ денеска ќе го избере наследникот на Заев на лидерската позиција


Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ на кои ќе се избира нов претседател на партијата ќе се одржат денеска, а гласањето ќе се одвива по електронски пат. Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на овие втори внатрепартиски избори. За претседател на партијата се кандидираа …

СДСМ денеска ќе го избере наследникот на Заев на лидерската позиција Read More »

ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата


ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес, на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. Од партијата по Конгресот најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања. Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и …

ВМРО-ДПМНЕ на редовен конгрес ќе избира лидер на партијата Read More »

Бајден прогласи вонредна состојба во Кентаки


САД– Американскиот претседател Џо Бајден синоќа прогласи вонредна состојба во Кентаки, јавија американските медиуми. Според последните информации, најмалку 70 лица го загубија животот во серијата од над 30 торнада што ја погодија оваа и уште четири други сојузни држави. Бајден вчера нареди федералните ресурси да се насочат кон најпотребните локации, а претходно разговараше со гувернерите …

Бајден прогласи вонредна состојба во Кентаки Read More »

Работнички протест на Сојузот на синдикати на Македонија


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија во израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално …

Работнички протест на Сојузот на синдикати на Македонија Read More »

Променливо облачно со слаб локален дожд


Слаб локален дожд ќе има денеска особено претпладне, претежно на југоистокот и повремен снег во планинските региони, а понекаде на повисоките места повремениот дожд кој ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови …

Променливо облачно со слаб локален дожд Read More »

Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста


Мандатарот за новата бугарска влада, Кирил Петков, денеска го претстави идниот кабинет за кој треба да се гласа в понеделник во собранието. Одговарајќи на прашањето каква ќе биде политиката на новата влада кон Македонија Петков одговори дека бугарската позиција останува каква што е, но дека треба да се надогради со комуникација на тимовите од двете …

Петков најави дека бугарската позиција кон Македонија останува иста Read More »

Шефовите на дипломатиите на Г7 сакаат да покажат обединет фронт наспроти светските агресори


Англија– Министрите за надворешни работи на Групата седум  најиндустриски најразвиени земји во светот (Г7) се собраа денеска во Ливерпул, на северот на Англија, за да го покажат своето единство против „светските агресори“, осудувајќи ги руските акции на украинската граница. -Треба силно да се здружиме за да се спротивставиме на агресорите кои се обидуваат да го …

Шефовите на дипломатиите на Г7 сакаат да покажат обединет фронт наспроти светските агресори Read More »

Забрани за движење на тешки моторни возила на повеќе патни правци


Поради врнежи од снег, на повеќе места низ државата денеска е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. ОД АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки моторни возила има на патните правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово – Жировница, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и од Струга …

Забрани за движење на тешки моторни возила на повеќе патни правци Read More »

Париз тврди дека е  потпишан договор за продажба на фрегати на Грција


Франција- Помалку од три месеци откако го торпедираа мега-договорот за подморници меѓу Франција и Австралија, САД се понудија да и продаваат фрегати на Грција, откако претходно беше потпишан договор меѓу Париз и Атина, јави дописникот на МИА. Договорот за продажба на три француски фрегати на Грција „штотуку е потпишан“, објави денеска француското Министерство за вооружени …

Париз тврди дека е  потпишан договор за продажба на фрегати на Грција Read More »

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела


Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко …

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела Read More »

Шефот на кабинет на Трамп го имал планот за упад во Капитол, се тврди во таен документ


САД– Марк Медоуз, шефот на кабинет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на конгресната комисија која го истражува упадот во Капитол Хил, на 6  јануари годинава, и ги предаде доказите за планот на Трамп повторно да ја зграби власта. Лондонски „Гардијан“ пренесува дека оваа надлежна истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп …

Шефот на кабинет на Трамп го имал планот за упад во Капитол, се тврди во таен документ Read More »

Временските услови погодни за подготовка на тутунот за откуп


Повремениот дожд, врнежите снег на планините и пониските температури па и негативните утрински, во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови се вообичаени за почетокот на декември, период кога земјоделците имаат и најмалку ангажмани. -Единствената работа која се препорачува и за овој период е примарната манипулација …

Временските услови погодни за подготовка на тутунот за откуп Read More »

ЕУ и САД го осудија негирањето на масакрот во Рачак


Србија– Европската унија и САД го осудија негирањето на масакрот на албанските цивили во селото Рачак, на Косово во 1999 година, посочувајќи дека ова злосторство е „добро документирано“, пишува Радио Слободна Европа. Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, одговори дека нивна желба е тој да не биде во Владата на Србија, јави дописникот на МИА од …

ЕУ и САД го осудија негирањето на масакрот во Рачак Read More »

Празнична магија во Ист Гејт Мол- календар на настани во декември


Ист Гејт Мол ја претставува новогодишната магија со богат календар на активности во текот на месец декември. Како центар на шопинг и забава, Ист Гејт Мол ќе овозможи секојдневни оригинални активности, наменети за сите возрасти.    

Протести и блокади на 50 локации низ Србија поради рудникот Рио Тинто


Србија– Иницијативата „Еколошко востание“ денеска ги повика граѓаните да ги блокираат патиштата низ Србија на еден час, додека иницијативата „Движи-Промени“ се откажа од организирање прослава на Плоштадот на Републиката во Белград бидејќи беа исполнети двете првични барања за протести – Законот за експропријација е повлечен, а законот за референдум и народната иницијатива е изменет, јави …

Протести и блокади на 50 локации низ Србија поради рудникот Рио Тинто Read More »

Петков: Прва задача ќе ни биде контрола на цената на струјата


Бугарија – Откако го доби мандатот за формирање нова бугарска Влада од претседателот Румен Радев, копретседателот на „Промените продолжуваат“ и мандатар,  Кирил Петков, изјави дека прв чекор ќе им биде контрола на цената на струјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, втората задача на новиот бугарски премиер ќе биде да ја контролира кризата со …

Петков: Прва задача ќе ни биде контрола на цената на струјата Read More »

Двајца мртви во серија торнада што го зафатија централниот дел на САД (видео)


САД – Силно невреме, проследено од најмалку 19 торнада, доцна синоќа погоди пет држави во централниот дел на САД, предизвикувајќи големи штети. Откако едно од торнадата погоди старечки дом во местото Моне, во сојузната држава Арканзас, судијата на округот Крегхед, Марвин Деј,изјави дека едно лице загинало. -Сите беа извадени од домот за стари лица и …

Двајца мртви во серија торнада што го зафатија централниот дел на САД (видео) Read More »

Моравјецки: Русија да избере дали е со или против Европа


Полска– Русија мора да одлучи дали ќе биде со Европа или против неа, а засега таа го избира конфликтот, смета полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервјуто за италијанскиот весник „Ла република“. -Русија мора да избере дали сака да биде со Европа или против неа. Владимир Путин денеска го избира конфликтот. И ова и штети не …

Моравјецки: Русија да избере дали е со или против Европа Read More »

Изречени 135 санкции во Аеродром, Карпош и Центар


Во текот на вчерашниот ден во период од 20:00 до 04:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на град Скопје, во општините Аеродром, Карпош и Центар при што санкционирани се 135 возачи.  Во Општина Аеродром санкционирани се вкупно 60 возачи, меѓу кои седум за возење без …

Изречени 135 санкции во Аеродром, Карпош и Центар Read More »

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП


Шпанија – Со победата од 27:23 над Хрватска во второто коло од главната рунда, Ракометната репрезентација на Шпанија обезбеди пласман во четвртфиналето на женскиот ракометен Мундијал. Покрај домаќинот Шпанија, пласман во четвртфиналето од групите 3 и 4 обезбедија и Германија, Данска и Бразил. Германија извојува убедлива победа од 37:28 против Јужна Кореа, додека, селекцијата на Данска …

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП Read More »