СЗО стравува од избивање колера во Украина, се подготвуваат вакцини


Украина – Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа го изјави синоќа менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан. – Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење, појасни Никан. Како што таа […]

Српската премиерка Ана Брнабиќ во посета на Македонија


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. За време на посетата, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025“. Поради посетата на премиерката Брнабиќ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на […]

Слободен влез во Музејот на македонската борба по повод Меѓународниот ден на музеите


Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители денеска во редовното работно време од 10 до 18 часот. Како дел од постојаната музејска поставка посетителите, меѓу другото, ќе можат да ги погледнат и ексклузивните амбиентални претстави на етно куќа и берберницата на Гемиџиите, […]

Синодот на МПЦ-ОА денеска на координативна седница за одлуката на СПЦ


Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи координативна седница, на која ќе биде разгледана одлуката на Српската православна црква, која завчера прогласи канонско единство со МПЦ-ОА, што подразбира најширока можна автономија, но не и автокефалност. На седницата, како што потврдија вчера за МИА извори од МПЦ-ОА ќе бидат разгледани и сите […]

Самит на Македонија2025 во Скопје


Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“. Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде кон се она […]

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд претпладне. Во јужните делови претпладне врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер кој повремено ќе достигне брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне […]

„Диктаторот ќе изгуби“: Зеленски со емотивен говор на отворањето на Канскиот филмски фестивал


Франција– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги надмина сите ѕвезди на 75. Кански филмски фестивал, откако се обрати на  актери и режисери на отворањето вечерва упатувајќи емотивна молба во име на неговата земја разурната од војна. Појавувајќи се преку видео-врска, Зеленски ги натера посетителите на фестивалот да го слушаат внимателно. „Продолжуваме да се бориме“, рече Зеленски. […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Брнабиќ


За утре, среда (18 мај), најавена е официјална посета на српската премиерка Ана Брнабиќ на Република Северна Македонија. Од тие причини од МВР информираат дека сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат […]

Рускиот Врховен суд ќе одлучи дали Азовскиот полк е терористичка организација


Русија– Русија побара од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација. Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (други употребени имиња: баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација […]

Овации за Мицотакис во американскиот Конгрес


САД – Грчкиот премиер Киријакос Мицоткаис денеска се обрати пред американските конгресмени, што беше првпат во историјата еден грчки лидер да одржи говор во Конгресот на САД, Во своето обраќање пред заедничка сесија на Конгресот, Мицотакис предупреди дека за демократијата да преживее Западот треба најпрвин да си го среди сопствениот двор.  -Повеќе сум загрижен од внатрешните фрагментации […]

Продолжува изградбата на останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце


Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот за автопат од Скопје до границата со Косово кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта. – Целта на овој Предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската […]

Владата одлучи – почнуваме стратешки дијалог со САД


Владата на Република Северна Македонија на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за почеток на Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Како што соопшти владината прес-служба, за координатор на процесот за Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД го определи министерот за надворешни работи Бујар Османи кој на 2 јуни ќе ја […]

Анонимна дојава за бомба во Ректоратот на Приштинскиот универзитет


Косово– Косовската полиција го опколи попладнево ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ (УП) во центарот на косовската престолнина, откако беше добиена дојава за наводно подметната бомба во објектот, јави дописникот на МИА од Приштина. Ректорот на УП, Насер Саити изјави за медиумите дека станува збор за имејл кој стасал на адресата на УП со закана […]

„5ре“ – театарски фестивал во Велес посветен на Петре Прличко


Велес, родниот град на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко, во негова чест почнува да организира  нов фестивал – „5ре“. Фестивалот ќе има ревијален карактер и годинава ќе претстави седум хит комедии од македонските театари и две  претстави за деца. Ќе биде отворен в четврток во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ кога ќе биде врачена и […]

Објавена стихозбирката „Чинук“ на Ристо Лазаров 


Стихозбирката „Чинук“ на Ристо Лазаров ја објави издаваштвото „Дијалог“. „Чинук“ е 35-та стихозбирка на Лазаров. Книгата ја одбележува 50-годишнината од објавувањето на неговата прва стихозбирка „Ноќна птица во паркот“. Поетесата Лидија Димковска во поговорот кон ,Чинук“ оценува дека во оваа книга јасно се оцртува поетолошката струѕктура на поезијата од „Чинук“: дека сѐ е во сѐ, […]

Најскапата уметничка збирка на Меклоу продадена на аукција, чини вкупно 922,2 милиони долари


САД– Познатата уметничка збирка, којашто беше предмет на жолчната бркоразводна парница меѓу њујоршкиот магнат Хари Меклоу и неговата поранешна сопруга Линда Бург, стана најскапата уметничка колекција продадена на наддавање. Аукцијата во „Сотби“ достигна сума од 246,1 милиони долари во вториот круг од наддвањето за колекцијата на парот, со што вкупната вредност на збирката достигна 922,2 милиони […]

Попладне нестабилно со услови за дожд, утре намалување на температурите за неколку степени


Попладне и кон крајот на денот времето во земјава ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Слично ќе биде и во Скопје, каде попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека утре времето […]

Вечер на танцови филмови во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје ќе бидат претставени тројца млади автори во серијата „Современи кореографски идентитети“, и тоа Дора Кокољ, Филип Петковски и Адријана Данчевска. Најпрвин премиерно ќе биде прикажан филмот во режија на Дора Кокољ, а во кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк, насловен „2 0 […]

Бајден со вратоврска со грчкото знаме на средбата со Мицотакис


Со сино бела вратоврска со грчкото знаме, претседателот на САД Џо Бајден го пречека премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на нивната вчерашна средба во Белата куќа, јави дописничката на МИА од Атина. Вратоврската не остана незабележана од Мицотакис, кој ја коментираше при пристигнувањето и му се заблагодари на Бајден, а ракувањето пред средбата беше проследено […]

Ѕвезди, филмови и гламур – почнува 75. Кански фимски фестивал


Франција- Светла, камери, гламур. Канскиот филмски фестивал (17-28 мај) е подготвен за ѕвезденото враќање во формата со филмови со Тилда Свинтон, Кристен Стјуарт и Ен Хатавеј во поставата. Фестивалот лоциран во Јужна Франција веќе ја засили ѕвездената моќ со долгоочекуваниот „Top Gun: Maverick“, кој ќе ги донесе Том Круз и лицето на Луј Витон Џенифер […]