Велика Британија вети 142 милиони долари помош за ранливите земји за справување со Омикрон


Англија– Велика Британија вети 105 милиони фунти (141,7 милиони американски долари) итна помош за ранливите земји, особено во Африка, за да се справат со ширењето сојот Омикрон на коронавирусот. Владата во Лондон синоќа соопшти дека парите ќе бидат искористени за мерки за намалување на ширењето, зајакнување на тестови и зголемување на залихите на кислород. Министерството за надворешни …

Велика Британија вети 142 милиони долари помош за ранливите земји за справување со Омикрон Read More »

Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19


Мексико – Мексиканскиот регулатор за лекови ја одобри кубанската вакцина против КОВИД-19 „Абдала“ за итна употреба. Абдала е десетта вакцина против Ковид одобрена од Федералната комисија за заштита од здравствен ризик за употреба во Мексико. Кубанските вакцини се базираат на рекомбиниран протеин, технологија што ја користат и американската фармацевтска компанија Новавакс и француската Санофи. Според кубанските научници нивната ефикасност е над 90 …

Мексико одобри употреба на кубанската вакцина против Ковид-19 Read More »

САД и европските сојузници разговараа за Русија, Украина, Кина и Иран


Германија – Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Велика Британија и САД разговараа синоќа за ситуацијата на украинската граница и претстојните формати на дијалог со Русија, соопшти германското МНР. Четворицата министри за надворешни работи разговараа и за последната рунда меѓународни разговори во Виена за иранската нуклеарна програма и како да се покаже солидарност со Литванија поради неодамнешните дејствија на Кина, објави Министерството на Твитер. Американскиот претседател …

САД и европските сојузници разговараа за Русија, Украина, Кина и Иран Read More »

Хуманитарни пакети со облека и храна во Пунктот за бездомници во Момин Поток


Во пресрет на празниците, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на Град Скопје во Момин Поток денеска ќе биде организиран традиционалниот  предновогодишен ручек.  На 150 бездомни лица кои редовно го посетуваат Пунктот ќе им бидат поделени хуманитарни пакети со топла облека и храна. Пунктот за бездомници функционира 13 години и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом. Целта  …

Хуманитарни пакети со облека и храна во Пунктот за бездомници во Момин Поток Read More »

Престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје


Мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот, од денеска се укинува и престанува да важи, соопшти Град Скопје. Одлуката вчера беше донесенa поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено  известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на  податоци од Државниот автоматски мониторинг систем …

Престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје Read More »

РКЕ ќе решава за висината на цената на струјата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на главна седница треба да донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На вчерашната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаа и забелешките  во писмена …

РКЕ ќе решава за висината на цената на струјата Read More »

Завршува првото полугодие, учениците од утре на зимски распуст


Учениците во основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната 2021/2022 година и од утре, 31 декември, се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари 2022. Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега …

Завршува првото полугодие, учениците од утре на зимски распуст Read More »

Променливо облачно, за новогодишната ноќ ведро со услови за појава на магла


Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура …

Променливо облачно, за новогодишната ноќ ведро со услови за појава на магла Read More »

Екссопругата на д-р Дре побогата за 100 милиони долари по разводот


САД- Андре „Д-р Дре“ Јанг и Никол Јанг се договорија околу разводот.  56-годишниот продуцент се согласил да и плати на поранешната сопруга 100 милиони долари, објави TMZ. Д-р Дре кој „тежи“ 820 милиони долари ќе ѝ плати на Јанг (51) на две рати од 50 милиони долари како дел од договорот за порамнување имот. Првото …

Екссопругата на д-р Дре побогата за 100 милиони долари по разводот Read More »

Седуммина заразени со коронавирус во Барселона, четворица во Реал, тројца во Севиља …


Шпанија – Бројот на заразени со Ковид-19 во шпанските фудбалски клубови е сè поголем. Барселона објави денеска дека во нејзините редови има седум заразени фудбалери, во Реал Мадрид четворица, а во Севиља тројца. Позитивни на Ковид-19 во мадридски Реал се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус, објави актуелниот лидер во Ла Лига. Второпласираната …

Седуммина заразени со коронавирус во Барселона, четворица во Реал, тројца во Севиља … Read More »

Ковачевски планира да ја предложи Владата околу 10-11 јануари


Претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски планира Владата да ја предложи околу 10-11 јануари идната година, односно во пократок рок од уставно предвидениот. Во интервју за Канал 5 вечерва Ковачевски додаде дека принципот на одговорност ќе биде одлика на управувањето. – Технократскиот начин на управување обично се поврзува со цврста рака на владеење, меѓутоа …

Ковачевски планира да ја предложи Владата околу 10-11 јануари Read More »

Бела куќа: Бајден и Путин утре ќе разговараат телефонски


САД –  Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат телефонски утре на „различни теми“, соопшти денеска Белата куќа. Соопштението е во момент на подготовки за американско-руски безбедносни разговори следниот месец. -Лидерите на САД и Русија ќе разговараат за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија, изјави Емили Хорн, портпаролка …

Бела куќа: Бајден и Путин утре ќе разговараат телефонски Read More »

Елејн Томсон и Левандовски најдобри во 2021 во избор на спортските новинари


Швајцарија– Јамајканската атлетичарка Елејн Томсон – Херах и полскиот фудбалер Роберт Левандовски се прогласени за најдобри спортисти во 2021 година во избор на Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Ова е прва награда во изборот на AIPS за Томсон, која на Летните олимписки игри во Токио освои три златни медали, на 100 и 200 метри, како и во штафетната трка …

Елејн Томсон и Левандовски најдобри во 2021 во избор на спортските новинари Read More »

Починати сопружници извадени од реката Радика


Две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа. Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во …

Починати сопружници извадени од реката Радика Read More »

Продолжува процесот на опремување на полицијата, досега реновирани 69 објекти, се работи на уште осум


Во рамки на стратешките активности за континуирано материјално-техничко подобрување и инвестиции во инфраструктурните капацитети на македонската полиција, кои ги зацрта актуелното раководство на МВР на чело со министерот Оливер Спасовски, во моментот забрзано се работи на осум полициски објекти, 69 се досега целосно реконструирани, а планот е овој тренд забрзано да продолжи и во следната …

Продолжува процесот на опремување на полицијата, досега реновирани 69 објекти, се работи на уште осум Read More »

Студија сугерира дека коронавирусот се задржува во органите со месеци


САД- Податоците од новата студија сугерираат дека коронавирусот што предизвикува Ковид-19 може да опстојува на различни делови од телото со месеци по инфекцијата, вклучително и срцето и мозокот. Научниците од Националниот институт за здравје (NIH) открија дека вирусот може да се шири нашироко од респираторниот тракт до речиси секој друг орган во телото и да …

Студија сугерира дека коронавирусот се задржува во органите со месеци Read More »

СОКОМ и НУБ ќе соработуваат за заштита и промоција на македонското музичко творештво


Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ потпишаа Меморандум за соработка кој предвидува ативности за заштита и промоција на македонското музичко творештво оставено како наследство од генерации композитори и творци.   Како што соопшти СОКОМ, Меморандумот за соработка, потпишан од претседателката на СОКОМ, проф. д-р Валентина Велковска …

СОКОМ и НУБ ќе соработуваат за заштита и промоција на македонското музичко творештво Read More »

Поп и фолк за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година, објави Град Скопје.  Програма на 31.12.2021 година:   21:00-22:00 – Пука Козметика 22:10-23:10 – ДНК 23:20-00:20 …

Поп и фолк за дочекот на Новата 2022 во Скопје Read More »

СЗО: Омикрон и Делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени


Швајцарија –  Истовременото ширење на сојот Делта и на сојот Омикрон на коронавирусот создава „цунами од случаи“, нагласи на прес-конференција денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. – Многу сум загрижен што Омикрон, што лесно се пренесува и се шири во исто време со Делта, води до цунами од случаи, изјави …

СЗО: Омикрон и Делта создаваат „цунами од случаи“ на новозаразени Read More »

„Чудна случка со кучето во ноќта“- Драмски театар со премиера против предрасудите кон лицата со аутизам


Драмскиот театар вечерва во 20 часот ќе ја изведе премиерата на претставата „ Чудна случка со кучето во ноќта“. Урбаната драма која режисерката Зоја Бузалковска ја постави по текстот на Сајмон Стивенс, базиран на романот на Марк Хадон, е театар во театар против предрасудите кон лицата со аутизам. -Тоа е претстава за различноста, за перцепцијата …

„Чудна случка со кучето во ноќта“- Драмски театар со премиера против предрасудите кон лицата со аутизам Read More »