Магдалена Филиповска-Грашкоска в.д. директор на ФЗО, Даниела Рендевска в.д. претседател на Инспекцискиот совет


Владата на денешната 40.седница го разреши Стево Крстевски од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска – Грашкоска, која е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет. Од владината служба за информирање соопштија дека за в.д. претседател на Инспекцискиот […]

Владата бара Надзорниот одбор да го разреши Макрадули од директорската функција на АД „Пошта“


Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“. -На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор […]

Законската одредба за недела неработен ден утре пред Уставниот суд


Законската одредба за недела неработен ден во државата, утре ќе биде разгледана од Уставниот суд на иницијатива на Стопанска комора на Северна Македонија, која се однесува на последните измени на Законот за работните односи. – Подносителот смета дека оспорениот закон кој се однесува на уредување на работата во недела е спротивен на слободата и пазарот […]

Данска привремено ќе го зголеми производството на гас од Северно Море


Данска– Данската Влада денеска соопшти дека значително ќе го зголеми домашното производство на гас во полињата во Северното Море за што поскоро да се ослободи од зависностите од снабдувањето од Русија. „Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море за ограничен временски период“, изјави пред медиумите данската премиерка Мете Фредериксен. „Убедени сме дека […]

Бајден на Обама му соопштил дека ќе се кандидира за втор мандат


САД – Американскиот претседател Џо Бајден му кажал на поранешниот претседател Барак Обама дека планира по вторпат да се кандидира за претседател на САД, на изборите во 2024, јави „Хил“, повикувајќи се на свои извори. „Тоа е последната индикација, дека Бајден планира да се кандидира за втор мандат“, пишува весникот. На прес-конференција во Брисел во март, […]

Претседателот на Финска позитивен на Ковид-19


Финска– Претседателот на Финска, Саули Нинисто е позитивен на Ковид-19 и е во изолација, соопшти неговиот Кабинет. Нинисто (73) и покрај заразата се чувствува добро и обврските ги извршува од далечина. Финскиот претседател ја одложи посетата на Норвешка, што требаше да биде реализирана на 21 и 22 април. 

Трамп рече дека „нема време за слабеење“ откако доктор Оз го советуваше дека има прекумерна тежина


САД– Поранешниот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема време за слабеење“ и покрај советите на д-р Мехмет Оз, кој неодамна го поддржа во трката за Сенатот на Пенсилванија. „Можете ли да верувате дека тежам 94 кг? Сега можеби малку повеќе“, им рекол Трамп на толпата во видеото објавено на социјалните мрежи. „Д-р Оз ми рече […]

Мукаетов останува на чело на РФМ


Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов ќе продолжи да ја извршува функцијата и покрај неодамнешните најави за негово повлекување. Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор на РФМ ги информира присутните дека последните случувањата во македонскиот ракомет го премислиле и дека останува со посветена работа да се постигнат нови успеси. – Пред […]

Веганската исхрана може да ја ублажи болката од ревматоиден артритис


САД- Веганската исхрана може да помогне во олеснување на симптомите на ревматоиден артритис, покажа новото истражување. Според истражувачите од Комитетот за лекари за одговорна медицина, јадењето растителна исхрана без ограничувања на калории може да биде клучот за подобрување на болката што ја чувствуваат околу 400.000 возрасни лица во Англија. Претходно, раната дијагноза и третман беа […]

Лекарите предлагаат нови имиња за рак на простата од низок степен


САД– Дијагнозата на рак е страшна. Некои лекари велат дека е време да се преименува рак на простата со низок степен за да се елиминира алармантниот збор. Клетките на ракот се развиваат во скоро сите простати како што стареат мажите, а повеќето видови на рак на простата се безопасни. Околу 34.000 Американци годишно умираат од […]

„Критичко движење“ во МКЦ


Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ е домаќин на резиденцијата „Критичко движење“, што почна на 16-ти месецов и ќе трае до крајот на неделава. На настанот учествуваат драматургот Нина Гојиќ и кореографите и изведувачи Дарио Барето Дамас, Викторија Илиоска и Александар Георгиев. Истражувачка резиденција се оддржува во просторот на Младинскиот културен центар, […]

Ѓоковиќ: Ролан Гарос ми е најголемата цел, со мислите сум во Париз


Србија– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера на прес-конференцијата изјави дека целта му е да ја освои титулата на турнирот Србија опен што започна вчера во Белград. Овој турнир ќе биде трет за Новак, по познатите проблеми со депортацијата од Австралија,  годинава, по Дубаи и Монте Карло. Ѓоковиќ се уште е на врвот на АТП […]

Пијанистката Мимоза Ќека дел од иницијативата „Европа за Украина“


Нашата пијанистка Мимоза Ќека ќе биде дел од групата музичари од 50 европски земји кои ќе учествуваат во снимањето на оригиналната композиција на Амелија Реј, „Раце во срца“. Песната е во рамка на иницијативата „Европа за Украина“, како гест на солидарност со оваа земја и ќе биде објавена на Денот на Уставот на Украина – […]

Офицерски дом со звуците на „Стабат Матер“ – Битола уживаше во Велигденски концерт


Синоќа во Битола, во изведба на Камерниот oркестар „IWConnect“ прозвучи извонредното дело „Стабат Матер” на Перголези, а повод беше Велигденскиот концерт кој овој оркестар за прв пат го направи во реновираното здание на Офицерскиот дом. Како солисти настапија сопранистката Билјана Јосифов, контратенорот, инаку гостин од Србија Бојан Булатовиќ, а оркестарот настапи под водство на уметничкиот […]

Принцезата Шарлин со прв велигденски семеен портрет по враќањето во Монако


Монако- Принцезата Шарлин се врати во Монако во март по подолг престој во швајцарска клиника каде што беше лекувана од „исцрпеност, и емоционална и физичка“, се вели во изјавата на нејзиниот сопруг, принцот Алберт, дадена за People . Сепак, нејзиното враќање во земјата не значеше враќање во јавниот живот, бидејќи палатата објави дека „Со цел […]

Запленет руски танкер во Грција


Грција – Поради санкциите воведени од ЕУ и НАТО, грчките власти, во близина на островот Евија, заплениле танкер што пловел под руско знаме, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според истите информации, Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со […]

Спомен-соба за уметникoт Омер Калеши во Центарот за култура во Кичево


Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево за да му се оддолжи на штотуку починатиот уметник Омер Калеши (1932-2022), роден во кичевското село Србица, планира да отвори галерија-музеј со дела создадени од големиот уметник, кој последните пет децении од својот живот ги помина во Париз. -Идејата стара повеќе од десетина години на познатиот уметник родум […]

На аукција уметничката колекција на Рут Гинсбург, легендарната судијка на Врховниот суд на САД


САД– Некои од најценетите работи на Рут Бејдер Гингсбург, вклучително и четири дела на Пабло Пикасо, наскоро би можеле да бидат ваши. Компанијата Потомак во моментов надгледува две аукции на предметите на починатата легендарна судијка од Врховниот суд на САД, јавува Си-Ен-Ен. Првиот содржи широк спектар на уметнички дела од нејзината лична колекција, додека вториот […]

Би-би-си: Ајвар – балканскиот вегетаријански кавијар


Англија – Слично на тоа како се гледа на хумусот во арапскиот свет, така секоја балканска земја и народ тврди дека ајварот потекнува од нив, оттаму. Како што објави Би-би-си, пред само едно десетлетие, Мелиса Хасанспахиќ од источнобосанскиот град Горажде не ни замислуваше дека денес ќе води бизнис со производство на храна врз основа на рецепт […]

Тесна е врската меѓу модата и уметноста- „Диор“ го поддржува Венециското биенале на кое доминираат жените уметнички


Франција – Додека Венециското биенале се подготвува да започне издание во кое ќе доминираат женски и родово неконформирани уметници, престижниот уметнички настан најде нов поддржувач во Диор. Француската модна куќа стана донатор на 59-та меѓународна уметничка изложба, планирана да трае од 23 април до 27 ноември. Ова издание е курирано од Сесилија Алемани, првата Италијанка […]