Ентони Дод Ментл влегува во Клубот на великаните на фестивалот „Браќа Манаки“


Четириесет и третото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ го наградува со Златна камера 300 за животен опус, истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл. Со изборот да му ја додели оваа престижна награда на Дод Ментл, фестивалот доследно продолжува да гради традиција – на предходни лауреати на Специјалната Златна Камера 300, кои ја освоиле во својата […]

Паѓа бројот на новозаразени од Ковид-19


  Минатата недела се регистрирани сe 3.477 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е намалување за 8,7 отсто во споредба со претходната седмица. Направени биле 7.682 тестови, а процентот на позитивност се движел од 33,4 до 49,4, просечно 43,6 отсто. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 8 до 14 август, […]

Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА


САД–   Американските адвокати на основачот на Викиликс Џулијан Асанж објавија дека поднеле тужба против ЦИА и нејзиниот поранешен директор Мајк Помпео, обвинувајќи ги дека ги снимале нивните разговори и копирале содржина од нивните телефони и компјутери. Адвокатите и двајцата новинари кои се приклучија на тужбата се Американци и тврдат дека ЦИА им го прекршила уставното […]

Американското Министерство за правда се спротивстави на објавување документ со причините за претресот на имот на Трамп


  САД –    Американското Министерство за правда се спротивстави на објавувањето на судски документ со кој на јавноста би и биле презентирани причините за претресот на имотот на Доналд Трамп на Флорида. Операцијата на федералната полиција во Мар а Лаго создаде политичка бура во САД. Тоа е првпат да се случи вакво нешто со […]

Скандинавските земји ќе ја продлабочуваат соработката на полето на безбедноста мотивирани од руската агресија


  Норвешка– Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да градат уште поблиска соработка на полето на безбедноста и одбраната во иднина, а на тоа ги поттикна руската инвазија на Украина, јави ДПА. – Веруваме дека нордиската интеракција е поважна од кога било во овие времиња, изјави  норвешкиот премиер Јонас Гаре Сторе по состанокот со неговите […]

На ГП Богородица и на Табановце се чека до 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути. На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. […]

Турската централна банка повторно ќе одлучува за каматните стапки в четврток


Турција –  Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер. Банката од почетокот на годината ја задржа основната каматна стапка непроменета на ниво од 14 отсто. Финансиската институција минатиот месец повторно одлучи да не ја менува основната […]

Нов закон за помилување за да нема политички злоупотреби


  Во Министерството за правда во завршна фаза е текстот на новиот закон за помилување, за којшто, како што се најавува, во најскоро време ќе биде подготвена драфт – верзија. Најзначајната измена што се предвидува е дека Претседателот ќе може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени […]

Сончево, попладне можност за пороен дожд


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево […]

Астрономски календар


  Денеска е вторник, 16 август 2022 година, 223-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 142 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 41 минута, а ќе зајде во 19 часот и 34 минути. Денов трае 13 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе […]

Во Велика Британија е одобрена првата бивалентна вакцина против коронавирус


  Англија– Првата бивалентна засилувачка вакцина на Модерна против коронавирусот е одобрена за употреба во Велика Британија, соопшти денеска Британската Регулаторна агенција за лекови и здравствени производи (MHRA). Таа прилагодена вакцина, „таргетира“ две различни варијанти на коронавирусот – оригиналниот вирус од 2020 година и варијантата омикрон. Бивалентната вакцина на Модерна е одобрена за бустер дози за […]

Поплави во Анкара


  Турција– Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара. Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја. Поради надојдената вода сообраќајот во Анкара е блокиран. Поплавена е една од големите автобуски станици во градот. Според метеоролозите обилните дождови во Анкара ќе продолжат и во наредните […]

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, се разведува по 25 години брак


  Украина- Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се раздели од сопругата Наталија по 25 години брак. Тој зборуваше за тоа во интервју за Бабел. Според него, тие веќе подолго време живеат во различни земји. „Многу години – различни интереси, различни животи. И решивме да го официјализираме. Ова е желба на двете страни. Сè уште имаме […]

( Видео) Луксуз во бело: Како изгледа канцеларијата за убавина на Ким Кардашијан?


  САД– Американската ѕвезда КИм Кардашијан го создаде просторот во соработка со декораторите Томи Клементс и Валдо Фернандез, а за изработката на мебелот е задолжена жена. Канцеларијата на Ким  за новиот бренд SKKN BY KIM изгледа како спејс шатл, и  е уреден минималистички како нејзиниот дом во Лос Анџелес во футуристички дух, уреден од белгиски […]

На 78 години почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, поранешен министер за образование и наука


  На 78 години вчера почина проф. д-р Димитар Бајалџиев, долгогодишен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје,  на Катедрата за воведни и теоретски правни науки. – Со неговата смрт загубивме драг и почитуван колега, доајен од областа на вовед во правото и автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач, одличен педагог, […]

Германија воведува данок на гас за потрошувачите


  Германија – Германија најави воведување данок од 2,4 центи по киловат час гас од октомври, со цел да им помогне на увозниците што се погодени со дополнителни трошоци, поради сè помалите резерви руски гас. Високите цени на енергијата станаа доминантна политичка тема во најголемата европска економија, затоа што трошоците за живот вртоглаво растат, а една […]

Сакам да се мажам и да имам уште деца, вели Адел


  Англија– Адел се чувствува среќна во љубов со момчето Рич Пол. Додека позираше за  насловната страница на изданието на ELLE од октомври 2022 година, 34-годишната поп-ѕвезда се отвори за вљубувањето во Пол (40) и нивната врска денес. “Никогаш не сум била вака заљубена. Опседната сум со него”, изјавила Адел за списанието во интервју објавено […]

НЛБ Банка Скопје шести пат прогласена за најдобра банка во државава


  На годинешните 14-ти „Европски банкарски награди“ (Europe Banking Awards), што ги доделува реномираниот магазин EMEA Finance, НЛБ Банка Скопје ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија за 2021 година“. Ова е шеста година по ред во која НЛБ Банка, од страна на магазинот ЕМЕА Finance, е прогласена за најдобра банка во земјата. Главните критериуми […]

Ал Пачино и Џони Деп снимаат филм за Модиљани


  САД- Џони Деп ја прави својата прва филмска режисерска свирка по 25 години, открива Холивуд Репортер. Четврт век откако се режираше себеси и Марлон Брандо во филмот „The Brave“, од 1997 година, неговото долгометражно режисерско деби, Деп треба да застане зад камерата за  италијанскиот уметник Амедео Модиљани, и ќе биде копродуцент заедно со Ал […]

Принцот Хари ја истражува смртта на мама Дајана за неговите мемоари


  Англија– Принцот Хари наводно ги истражува последните часови од животот на неговата мајка, принцезата Дајана за неговите претстојни мемоари. „Сан“ објави дека „официјални судски извори во Париз“ откриле дека истражувачите на Хари биле во контакт, барајќи информации за сообраќајната несреќа во Понт д’Алма, Париз, во која загина Дајана на 31 август 1997 година. Еден […]