Ровињ избран за најубав крајбрежен град во Европа


На листата се најдоа најубавите крајбрежни локации во Европа, а по Истра се и плажата Салеќа на Корзика, островот Фавињана во Италија, Ваденското Море во Данска, Поркерол во Франција, Антиб во Франција, Фуертевентура на Канарските острови во Шпанија. Исто така тука се и Компорта во Португалија, Посилипо во Италија, Коста да Морте во Шпанија и …

Ровињ избран за најубав крајбрежен град во Европа Read More »

Кевин Спејси пред британски суд


Англија– Актерот Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад и треба да се појави на суд в четврток, соопшти британската полиција во понеделникот. Тој треба да дојде во Вестминстерскиот суд в четврток во 10 часот. Минатиот месец обвинителите дадоа зелено светло за покренување обвинение за 62-годишниот Спејси по четири точки од обвинението за сексуален напад …

Кевин Спејси пред британски суд Read More »

Дарја Ризова најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц


Македонската актерка Дарја Ризова е добитничка на наградата за најдобра актерка во улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ на деветтото издание на Фестивал на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина, информира Македонски народен театар. Директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ истакна дека радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува …

Дарја Ризова најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц Read More »

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата и сојузничка солидарност


Грција– Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека …

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата и сојузничка солидарност Read More »

Пожар на грчкиот остров Парос


Грција- Подобрена е ситуацијата со пожарот што синоќа избувна во источниот дел на грчкиот остров Парос, а продолжуваат напорите на пожарникарите, како од копно, така и од воздух, за огнените јазици да бидат ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за пожарот е непозната, доцна синоќа започна да гори ниска вегетација во …

Пожар на грчкиот остров Парос Read More »

Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција


Литванија– Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција, информираа министерствата за одбрана на двете земји. Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, ќе инвестира дополнителни 300 милиони евра во својот воен буџет за годинава, поради тоа што војната во Украина ја зголеми безбедносната грижа во земјата, јави Гардијан. „Литванија ќе купи 18 хаубици од типот …

Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција Read More »

Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии


Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Северна Македонија, му подари Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан. По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат после повеќе од два века вселенски патријарх …

Вселенскиот патријарх му подари на архиепископот Стефан комплет архиепископски панагии Read More »

Завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“


Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вечер во 20 часот ќе отвори завршна изложба на која ќе бидат претставени трудови на учениците од прва до четврта година. Ќе бидат изложени слики, скулптури, графики, ентериерни решенија, цртежи, керамики, како и видеа, фотографии и дигитални принтови. На изложбата ќе бидат доделени и наградите за првенци на …

Завршна изложба на учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ Read More »

Тешка кражба во Мексико, украдени контејнери со скапоцености


Мексико– Дваесетина контејнери, дел од нив со злато и со сребро, се украдени од пристаништето на градот Манзанило во западно Мексико. Надлежните органи во текот на вчерашниот ден ја опишаа операцијата како „невообичаена“ и „многу сериозна“. Криминалната операција, што некои медиуми ја нарекоа и „кражба на векот“, е извршена на 5 јуни на приватна парцела во …

Тешка кражба во Мексико, украдени контејнери со скапоцености Read More »

Дешам по поразот од Хрватска: Статусот на светски шампиони нема да ни помогне да победуваме


Франција– Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам изјави дека статусот светски првак не е доволен да се победува. Французите синоќа загубија од Хрватска на домашен терен со 1:0 и останаа без шанса да ја одбранат титулата во Лигата на нации. Во случај на пораз од Австрија наесен, тие ќе испаднат во Б-лигата. – Ни се …

Дешам по поразот од Хрватска: Статусот на светски шампиони нема да ни помогне да победуваме Read More »

Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот“ за убиство на нејзиниот сопатник


САД– Ненси Кремптон – Брофи, авторка на есејот „Како да го убиеш сопругот“, е осудена на доживотен затвор поради убиство на нејзиниот сопатник, јави Си-Ен-Ен. Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година. Според судски документи, обвинители изјавија …

Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот“ за убиство на нејзиниот сопатник Read More »

Сто години стар „Лajка“ фотоапарат продаден за 14,4 милиони евра


Германија – Еден од првите некогаш произведени фотоапарати на „Лajка“, беше продаден на аукција во Германија за 14,4 милиони евра. Прототипот на „Лajка 0 серија“ (сериски број 105) е стар речиси 100 години и е многу редок. Таа е една од првите камери со 35 мм калибар. Уредот му припаѓал на германскиот фотограф и пронаоѓач на …

Сто години стар „Лajка“ фотоапарат продаден за 14,4 милиони евра Read More »

Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо по вторпат е позитивен на Ковид-19, неколку дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави бриселскиот портал „Политико“. „Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините“, напиша Трудо преку Твитер. Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во …

Канадскиот премиер Трудо вторпат позитивен на Ковид-19 Read More »

Балетските претстави „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ вечер во НОБ


Во Националната опера и балет вечер ќе бидат изведени балетските претстави „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“. -Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н.Р. Корсаков, под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата ја пренесе познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин, велат од НОБ. Сценографијата е на …

Балетските претстави „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“ вечер во НОБ Read More »

Министерот Чупи побара авиолинија Тревизо – Охрид на иницијатива на иселениците во Италија


Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.   -Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во …

Министерот Чупи побара авиолинија Тревизо – Охрид на иницијатива на иселениците во Италија Read More »

Фестивал за класичен балет и модерен танц во организација на Детскиот културен центар „Карпош“


Од денеска до 16 јуни Детскиот културен центар „Карпош“ го организира второто издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Според директорката на установата, Билјана Лалчевска-Серафимовска, овој фестивал е единствен од ваков вид кај нас и е референтна точка за сите вљубеници во балтеската уметност и модерниот танц. -Фестивалската програма опфаќа класичен балет и …

Фестивал за класичен балет и модерен танц во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ Read More »

ЕУ: Дигиталните сертификати за Ковид-19 остануваат на сила уште една година


Белгија – Правилата на Европската унија за дигиталните сертификати за коронавирусот ќе останат во сила уште една година поради се уште актуелната пандемија на болеста. Претставниците на Европскиот парламент и на владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека прописите …

ЕУ: Дигиталните сертификати за Ковид-19 остануваат на сила уште една година Read More »

Во студија се нагласува за широко распространето сексуално злоставување во бискупија во западниот дел од Германија


Германија–   Бројот на свештеници обвинети за злоупотреба, како и бројот на нивните малолетни жртви во бискупијата Мунстер во Западна Германија е значително поголем отколку што се мислеше, покажува студија. Истражувањето траеше две години и го спроведе петчлен тим од Универзитетот во Мунстер. Резултатите покажуваат дека во периодот од 1945 до 2020 година речиси 200 припадници …

Во студија се нагласува за широко распространето сексуално злоставување во бискупија во западниот дел од Германија Read More »

Сообраќаен режим на патот Маврови Анови – Жировница во наредните 45 дена


Од денеска од 10 до 16 часот и во наредните 45 дена се воведува привремен сообраќаен режим заради активности за асфалтирање на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница. -Во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до ресторан „Трница“. Градежните активности ги …

Сообраќаен режим на патот Маврови Анови – Жировница во наредните 45 дена Read More »