СП2022: Моријасу останува јапонски селектор до 2024


Јапонија– Поразот на Јапонија од Хрватска во осминафиналето на Светското првенство во Катар нема да влијае врз судбината на Хајиме Моријасу на селекторската клупа и тој ќе продолжи да ја предводи јапонската репрезентација, јавија денеска локалните медиуми. Според истите извори, 54-годишниот Моријасу ќе ја продолжи соработката со Фудбалската федерација на Јапонија најмалку до 2024 година. Јапонското фудбалско раководство е […]

Северина : По што ќе ја памети 2022, а што очекува во 2023?


Таа влезе во нашите животи со песната „Твојата прва девојка“ и остана таму повеќе од 30 години, до денес. Со неа созреавме, се радувавме и плачевме затоа што моќта на нејзината музика се крие во искрените емоции и ги надминува генерациите. Како камелеон, Северина се адаптира, но и му пркоси на времето, но едно е […]

Виктор Фридман, лингвист и македонист од Универзитетот во Чикаго, добитник на Светската награда за хуманизам


Виктор Фридман, лингвист, славист и македонист, професор на Универзитетот од Чикаго е добитник на Светската награда за хуманизам за 2023 година што Охридската академија на хуманизмот ја доделува во чест на Свети Климент Охридски. Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август 2023 годнина, на празникот „Летен Свети Климент“, кога треба […]

Холивуд се простува од Кирсти Ели: „Светот е празен без тебе“


САД- Кирсти Ели, најпозната по улогата во хумористичната серија „Кафулето наздравје“ од 1980-тите и 90-тите години, почина од рак на 71-годишна возраст, соопшти семејството. Цел Холивуд се збогува со починатата актерка. Џон Траволта прв објави фотографија од нејзини помлади денови на Инстаграм. – Кирсти беше една од најпосебните врски што сум ги имала. Те сакам, […]

Мал процент на вакцинирани девојчиња против ХПВ, апел до родителите да ја донесат вистинската одлука


За ХПВ вакцината има релативно мал процент на вакцинирани девојчиња од различни причини. Оваа вакцина е една од најефикасните вакцини и има за цел да делува и да спречи развој на карцином на грло на матка, апелира проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација на денешниот брифинг поврзан со прашања околу набавка, чување и […]

Британски модни награди 2022: Тилда Свинтон во тоалета како уметничко дело (галерија)


Англија– Тилда Свинтон многу сериозно ја сфати поканата за доделувањето на British Style Awards, синоќа, во Лондон, еден од најочекуваните настани во глобалниот моден календар. Бројни славни дами овојпат играа на картата на сексипилноста и провокацијата на црвениот килим, но оскаровката реши да го привлече вниманието на малку поинаков начин. Актерката Џоди Тарнер-Смит ги објави […]

МЗ воведе модул за електронско пријавување на несаканите ефекти од вакцинацијата


Министерството за здравство воведе модул преку кој електронски ќе можат да се пријават несаканите ефекти од вакцинацијата, информираше денеска Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“. На денешниот брифинг поврзан со прашања за набавка, чување и пристап до информации за вакцините, во организација на Македонскиот институт за медиуми и УНИЦЕФ, Чаргоска истакна дека со помош […]

„Бела фигура“ – Турски театар со нова премиера на 10 декември


НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата BELLA FİGURA од Јасмина РЕЗА и во режија на Ирена Стеријовска на 10 декември (сабота) 2022 г. во 20.00 часот. Автор:  Јасмина Реза Режија: Ирена Стеријовска Асистент на режија: Инес Радончиќ Превод на турски: Билге Емин Сценографија: Стефан Спировски Костимографија: Ана Кркулевска Попоски Режија на видео: Трифун Ситниковски Продукција на […]

Избрани нови членови на ДПМ


Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија со тајно гласање избра нови членови на ДПМ. За нови членови избрани се Габриела Стојаноска – Станоеска, Сашо Огненовски, Славица Урумова – Марковска, Игор Ангелков, Ирена Јурчева, Сузана Мицева, Милена Ристова –Михајловска, Ахмет Селмани и Владо Јаневски, соопшти ДПМ.

СП 2022: Холанѓаните се релаксираа на јахта по пласманот во четвртфиналето


ОАЕ – Холандскиот национален тим изнајми јахта изминатиот викенд во Катар откако се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство. Холандската репрезентација вчерас изнајми јахта и имаше патување за време на паузата помеѓу натпреварите на Светското првенство 2022 година во Катар. Стручниот штаб и фудбалерите на националниот тим минаа заеднички одмор на палубата, каде играа карти, јадеа […]

ЕУ со 18 милиони евра ќе ја развива Преспа


Преспа како уникатен екосистем со подеднакво уникатна геополитичка позиција која обединува три држави на југот на Балканот добива европски фонд тежок 18 милини евра. Програмата ЕУ за Преспа е наменета за развој на инфраструктурата, заштита на човековата околина и богатиот биодиверзитет, земјоделието, туризмот и соработката на населението од трите држави кои ги делат водите на […]

„Лагуна“ ги објави српските верзии од книгите на „Светот на Биби“


Издавачката куќа во Србија „Лагуна“ ги објави изданијата од „Светот на Биби“ на српски јазик. За читателите во Србија достапни се книгите „Бонтон за деца“, „Светот на Биби од А до Ш“, „Рудникот на Џемаил“ и „Мајстор за снежни лудории“ преведени на српски јазик. Бонтон за деца“ и „Светот на Биби од А до Ш“ се […]

На Самуиловата тврдина откриева архитектура од поголем комплекс градби од доцниот османлиски период


Архитектура која е дел од поголем комплекс на градби од доцниот османлиски период, фрагменти од керамички садови, делови од глеѓосани зргафито чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети биле откриени при археолошките истражувања на локалитетот Самуиловата тврдина во Охрид. Директорката на Завод и музеј Охрид, Катерина Велкоска информира дека од последните истражувања на Самуиловата тврдина […]

СП2022: Мароко-Шпанија, Португалија-Швајцарија


ОАЕ- На Светското првенство во Катар, во текот на денот ќе бидат формирани сите четвртфинални двојки. За место меѓу најдобрите осум ќе се борат Мароко и Шпанија, односно Португалија и Швајцарија. Мароко се пласираше во нокаут фазата, откако на општо изненадување го освои првото место во Ф-групата. Мароканците одиграа 0:0 против Хрватска, а потоа ги […]

Вавринка ќе игра на Австралија опен со заштитен рејтинг, Тим побара вајлд-карта, Монфис се повлече


Австралија – Објавена е апликацијата за Австралија Опен-2023, што ќе се одржи од 16 до 29 јануари. Машката листа ја предводи светскиот рекет број еден Карлос Алкараз. Според заштитениот рејтинг своето учество го обебзедија: Хуго Делиен; Стен Вавринка; Лојд Харис; Кајл Едмунд; Гвидо Пела; Џереми Чарди. Последен во главната ждрепка влезе Нуно Борхес со број 99, […]

Дани Алвеш: Хрватската фудбалска школа е слична на српската, нема да ни биде лесно


ОАЕ – Бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвеш денеска изјави дека Хрватска ќе биде тежок противник за неговата репрезентација во четврт-финалето на Светското првенство во Катар, пренесува веб-страницата Гол, пренесува Танјуг. „Хрватска е тежок противник со добри фудбалери кои играат во европските клубови. Нивната фудбалска школа е слична на српската. Мора да се прилагодиме на нивниот […]

РФМ подготвува спектакл: 30 години машка репрезентација, испраќање на Лазаров, Стоилов…


Ракометната федерација на Македонија по повод 30-годишнината од македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција, подготвува голем ракоменетн спектакл. РФМ на 3 јануари во СЦ „Борис ТрајковскИ“ ќе организира ревијален натпревар меѓу сениорската репрезентација и тим составен од поранешните македонски ракометни репрезентативци. Овој натпревар воедно ќе биде проштален на доскорешните репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче […]

Битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ добитник на признанието „Библиотека на годината“


Библиотекарското здружение на Македонија додели признание „Библиотека на годината“ за библиотеката во средното училиште на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола и библиотекарот м-р Драган Ристевски. Според библиотекарот Ристевски, гимназијалците се сé повеќе и поблиску до библиотеката, а признанието се должи и на креативната програма, десетици изложби на различни теми поврзани со книгата и други креативни активности […]

„Љубов голема колку Скопје“ – промоција на книга на Александра Тодоровиќ


Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Љубов голема колку Скопје“ од Александра Тодоровиќ.   Издавачкиот центар ТРИ соопшти дека се работи за едукативна и интерактивна книга која ќе го поттикне љубопитството на децата. -Во ова книжевно наоѓалиште ќе го истражуваме Скопје и една градска љубов за […]

Променливо облачно до петок, за викендот дожд


Продолжува периодот на променливо облачно време, наутро на места со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат пообилни, особено во недела.